30 Day Book Challenge

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ден #10...an acclaimed book I dislikе

Прв кој ми паѓа на ум е Херман Хесе. 3 пати ја почнав "Демијан" 3 пати ја оставив. Два пати ја почнав "Сидарта", два пати ја оставив. Два пати ја почнав "Бањски гостин", два пати ја оставив и дигнав раце од Хесе, иако "Степскиот волк" и "Играта со стаклени мониста", не ми се чепнати. Не сакам да ѝ судам на книгата по корицата, но мене ми е ужасно ужасно досаден, ништо не ме тера да завртам нова страница.

Но, тоа е досада, а не критика. Ако одам со книга која ми е апсолутно глупава, а воедно и шаблон за сите останати негови понатамошни дела ми е "Пошта" од Буковски. Ги имам читано и "Фактотум" и "Холивуд". Живи глупости. Концептот се врти околу спиењето со жени, дневните рутини, пропалици кои денгубат. Утнати животи. Стилот на пишување не му е поетичен. Сега не би го читал, го читав кога бев тинејџер.

IMG_20220502_005411.jpg
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Day 10 - An acclaimed book I dislikе

Ќе се самоцитирам тука од темата за непопуларни мислења.

„Оркански височини“ е досадна книга со многу слаба приказна. Не знам зошто воопшто се смета за класик.

Буковски не го можам, два-три романи прочитав, сите исти. Поезијата му е далеку подобра.

„Големиот Гетсби“ е далеку од 100-те најдобри романи на 20-тиот век.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
Ден #10...an acclaimed book I dislikе

Обично ако книгата не ми се допаѓа, а веќе сум почнала да ја читам се трудам да ја прочитам до крај. По две, по три странички дневно, али сакам да ми биде прочитана. И отпосле подобро се чувствувам, и си го менуван впечатокот за книгата откако ќе ја дознаам целата приказна.

Така беше и со книгава. Два три пати ја почнував, многу досадна, развлечена приказна, едноставно немало потреба се да трае толку долго....иако самата приказна е убава.

download.jpeg
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.854
Поени од реакции
36.888
Day 09 - A book you've been meaning to read

Кога ќе видам колку книги ми стојат непрочитани, срам ме фаќа. Ако морам да издвојам една би била, Битлси од Ларс Соби Кристенсен. Лани ја купив на саем и уште зрее на полица дома.

Day 10 - An acclaimed book I dislikе

Името на розата - Умберто Еко

Пробав и со уште една негова книга, Магичниот пламен на принцезата Лоана и не ми иде. Досадно баботење.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Ден #9 книга што би требало да ја прочитам...
Од мојот stack of doom што метастазира од година во година, посебно во саемските периоди имам една троцифрена бројка што чека...како и да е, би ја ставил тука Византија од Острогорски. Имено иако купена како подарок за стариот, треба(ше) и јас стручно да ја пројдам од корица до кориџа, а не кампањски да ја расцепкувам на периоди кои за мене се интересни.

Ден #10 популарна книга која не ми легнала (со тоа имам непопуларно мислење).
У принцип 85% што сум налетал на Гарсија Маркес ме оставило со meh чувството. Но врвот го постигнува со "На полковникот нема кој да му пише". Подосадно книжуле амин!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ден #11...a book that makes you happy

"Среќниот принц и други раскази" од Оскард Вајлд.

Малечно книжуле, од 50-тина страни, составено од неколку раскази на Вајлд како за деца, така и за возрасни, во издание на Магор.

Убаво е како позрасен кога можеш одново и одново, со повторно и повторно читање на ова дело, да се патува во светот на децата, но и да се вадат убави поуки за животот. Иако приказните се напишани на тој начин, ова не е детска книга, далеку од тоа, нешто налик "Малиот принц".

Првата приказна можете да ја најдете тука. :noze:

0_34_2_14__20__5_2013srekniot.jpg
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Day #11 - A book that makes you happy
Не знам која да ја кажам, има книги кои ми било жал дека завршиле, односно ми фалело уште откако сум ги прочитала, ако е тоа дека ме оставиле со пријатно чувство.
Еве нека биде Лустбадер: „Мико“, ја читав на српски одамна, а ја имаше истава корица. Книга за животот на женска што станала нинџа. Посакав и јас да учам за нинџа тогаш :D
1651584783675.png
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.063
Ден #9...A book you've been meaning to read

The Magus, Volsebnikot - Fowles. Mnogu me privlekuva i se mislam dali da ja pocnam na angliski. Mislam deka ke mi bide letnata avantura.

Ден #10...an acclaimed book I dislikе

Se soglasuvam so @Dumbledore, lani ili nesto poveke ja citav Post Office i si projdov prilicno loso.

Tuka jas bi ja stavil Fahrenheit 451. Izbrzana, ne ubavo raskazana, ne znam... Osven idejata koja spored mene osakatena od finalniot proizvod - nisto drugo vredno ne osetiv. Acclaimed yes - ali spored mene ne treba da bide.

Ден #11...a book that makes you happy

Hmm, ne znam koja me napravila happy, obicno so tragicno cuvstvo finishiram, kako da se zboguvam so toj svet pa realno ne znam nekoja kniga sto me napravila happy...

Da se osvrnam i jas na stripovi aspektot kako deckite ponazad, togas bi izbral The Mighty Thor, prikaznata za Jane Foster kako zenski Thor preku den, bolna od rak preku nokj. Marvel imaat nekogas najocajni zgrapcuvanje slamki so ideite, no koga ke zafanat nekoja ja izrabotuvaat so prilicno kvalitetno.

Mislam deka samo posle stripovi sum se osekal happy a ovoj e eden od moite omileni. Moram da se navratam nekogas i tamu pak.

Taka.

IMG_20220503_185728.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom