30 Day Book Challenge

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Ден #14... a book that makes you cry
Јас ги измешав со број 12, таму наместо книга што ме прави тажна, ставив книга за плачење, па сега еве тажна книга ќе ставам:
Петре М. Андреевски: „Пиреј“
1651829245744.png
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.294
Ден #14... a book that makes you cry

И јас како @Violetova ги измешав со број 12, таму наместо книга што ме прави тажна, ставив книга за плачење, па овој пат тажна книга ќе ставам.

1651850335440.png
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
169
Поени од реакции
776
Day 13 / A book that makes you laugh: Хмм... Има книги кои сум ги читала со блажена насмевка поради убаво чувство, има и такви што ми „изнудиле“ горка смеа со интелигентниот цинизам и остроумните забелешки ама навистина не можам да се сетам дали некогаш сум читала книга полна хумор од почеток до крај. Мислам дека не.

Day 14 / A book that makes you cry: „Како да ме нема“ - Славенка Дракулиќ
815i7DQ-AwL.jpg
За ваква плачка :), изборот за денешниот ден е прилично обемен, ем лесен: „Браќата Карамазови“, „Жените Гаврилови“, „Глувци и луѓе“, „Вечна куќа“ од Андреевски, you name it. Книгава на Дракулиќ ми го направи истото што и филмот на Бенињи - додека читав тагата доживуваше некаква градација, но не доволно голема за да ме фрли во жалост. Ја завршив последната реченица, две минути гледав во празно и доживеав таков целосен распад на граница на хистерија, со ugly crying, со сѐ комплет. Не знам зошто толку длабоко и лично ја доживувам темата за војната при распадот на Југославија ама во моето срце има посебно место за делата на Дракулиќ и Угрешиќ, Јерговиќ, Беким Сејрановиќ и Горан Војновиќ.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Подзаборавив на темава тука.
#12 Книга која ме растажила... Па... Пошо глеам дека има и „ден за плачење“, тука би ја ставил The traveling cat chronicles од Arikawa Hiro. „Hachi - a dog tale“ - за оние кои обожаваат мачки.
#13 Книга која ме има насмеано, без многу двоумење - Улавите години на Бранко Ќопиќ. Одвреме, навреме си правам ретроспектива на овaа coming of age лектира. Задолжително за секој 10-13 годишник.
#14. -Книга која ме има нацмиздрено. Дефинитивно Никогаш не оставај ме од Казуо Ишигуро. @Setsuko е крива за филмот уште пред икс години што ме навлече.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ден #15...one of the first books you remember really liking

Бев дете, знам дека тогаш сеуште бев во една заедничка соба со сестра ми и ја читам под ќебе со батерија! После оваа, одма ја земав втората.

9780064471046_p0_v3_s1200x630.jpg
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Day 15 - One of the first books you remember really liking

Во најраната возраст омилени ми беа романи чие дејство се случува во зима. Чистата белина и натрупувањето на снегулките набљудувани од прозорецот со книга во рака ми беа омилена активност уште кога научив да ги распознавам буквите. Овој роман секогаш носталгично ме навраќа на тие безгрижни денови.

660_0_9_14__3__5_20196.jpg
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Ден #15 една меѓу првите книги која ми се има допаднато... и тука, без многу двоумење би ја ставил Доктор Оф-Боли од Корнеј Чуковски. Беше лектира за 2ро се сеќавам, еден вид на авантуристичко патување низ светот на животните. Симпатично книгиче, како и да е. На второ дааааааалечно место - Пајажината на Клементина. 2 години подоцна.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Ден 1. Последна прочитана книга
Црвено и Црно - Стендал

Ден 2. Книга што моментално ја читам
Неподнослива леснотија на постоењето - Милан Кундера

Ден 3. Најдобрата прочитана книга од минатата година
Дервишот и смртта - Меша Селимовиќ, без конкуренција.

Ден 4. Книга што најчесто ја препрочитувам

Клише малку ама тоа е "Малиот принц".

Ретко препрочитувам книги, од причина што немам време. Оваа е мала книга затоа и не ми е проблем, инаку би ги препрочитал сите книги што многу ми се допаднале. Само што никогаш нема да ги доживеам чувствата како првиот пат кога сум ги читал. :place:

Ден 5. Омилен серијал што сум го прочитал.

Можеби и единствениот што сум го прочитал ама многу ми се допадна.
Триологијата од Перл Бак: Добра земја, Синови, Растурен дом.

Ден 6. Книга што би сакал повеќе луѓе да ја прочитаат.

Библијата. За да почнат да се однесуваат како верници или барем да престанат да глумат верници. Општеството ќе има корист од и од двете ситуации.

Ден 7. Омилен наслов
Сто години самотија

Ден 8. Омилена корица
Немам една омилена зошто има илјадници убави корици на книги кои ми се убави. Решив да одбирам од тие што ги имам дома и што не биле постирани до сега.
Screenshot_20220508-021010_Gallery.jpg
Ден 9. Книга што сакам да ја прочитам
Куцкамен - Хулио Кортасар
Ја имам дома, мислам дека е многу добра книга ама цело време чекам некоја посебна прилика и расположение да ја почнам.

Ден 10. Призната книга што не ми се допаднала.

Генералот на мртвата војска - Исмаил Кадаре.

11. Книга што ме прави среќен.
Сите детски и авантуристички книги кои немаат филозофии и мисловни процеси.
Пошто мора една нека биде Пипи долгиот чорап.

12. Книга што ме растажила
Последната прочитана, Црвено и црно.
Жилиен заслужуваше убав и среќен живот.

13. Книга што ме насмеала
Улавите години и тоа без конкуренција.
Кога ја читав како мал се смеев на глас, ниту една друга книга не го направила тоа кај мене.

14. Книга што ме расплакала.
Нема таква, немам заплачено на книга.

15. Прва книга што паметам дека ми се допаднала.

Мислам дека тоа е Доктор Офболи.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.294
Day 16 - A favorite book romance

Ана Каренина - Толстој :love:

Приказната за Ана и грофот Вронски, едно прекрасно и маестрално дело. Едно вистинско ремек дело во руската и светската книжевност. Една приказна кого никого не може да остави рамнодушен. Книга за еден доволно комплицирана жена, која е растргната помеѓу моралните и општествените норми и својата голема љубов. Која завршува онака како што и започнува „Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom