30 Day Book Challenge

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
c511976a3ddf9fac1becb477b4b6e9f979edc536_00.jpg

Ваков предизвик има и во Музика и во Филм, па зошто и да не си поиграме малку и во Литература!

Правилото е едноставно, секој ден редоследно, се исполнува предизвикот кој се бара за тој ден.

Да почнеме!

Ден #1...the last book you finished

"Дамски гамбит" од Волтер Тевис во издание на Арс Ламина, по која има истоимена серија на Нетфликс во главна улога со Ања Тејлор Џој. :love:


Како што ме освои серијата, така ме освои и оваа книга. Со напомена дека оние кои не се љубители на шах можеби нема да им се допадне затоа што има многу референци за оваа игра.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.442
Поени од реакции
9.828
aj da probam, posto site prethodni predizvici gi propustiv :D

Day #1- the last book you finished
The Psychology of Money - Morgan Housel

Interesni razmisluvanja za parite i psihologijata povrzana so niv, generalno lesna za citanje
sporedeno so drugi knigi na ovaa tematika.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.656
Поени од реакции
35.280
Day #1- the last book you finished

Писмата до Милена - Франц Кафка

Главниот лик е Милена Јесенска, еден портрет на жена која му го окупира целото негово внимание. И покрај неговиот став кон жените :icon_mrgr: Книга која прикажува една исклучителна, самостојна интелектуалка, која го фасцинира Кафка.
Прекрасна книга, која прави да се чувствувате како воајер, затоа што ѕиркате лично во нивните животи, преку овие писма.

Во издание на Артконект
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
Day #1- the last book you finished

Бронзениот коњаник - книга 1
Паулина Сајмонс


Хм, книгава случајно заврши во моите раце а ја ко луда сакам да читам книги со содржина од периодот на втората светска војна. Армијата на Хитлер ја напаѓа Русија. Дејствието е во Ленинград и се вртка околу едно петчлено семејство, со посебен акцент на забранетата љубов меѓу Татјана (помалата од двете сестри) и Александар (млад офицер во Црвената армија). Забранета љубов, зошто тој истовремено е и избраникот на нејзинара постара сестра Даша.

Лесна книга, брзо се чита. Ми се допаѓа, ќе идам и на втор дел.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
Day 01 - The last book you finished

1650738826087.png

Шепнувачот - Донато Каризи

Не сакам и не читам трилери. Ме убедуваа дека божем ова ќе ми го сменело мислењето. Јок! Не ми се допадна. Инаку, веќе не ни памтам кога беше ова, во 2022 се уште немам прочитано книга. :(:sramezliv:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Day #1 Last book I finished.... hmmm let me check...
Одамна не сум завршил една книга поради хаотичниот период во кој се наоѓам. Почнувам навистина солидни парчиња литература но по одреден краток период губам секаков интерес да ги продолжам и така се губам во шумата на начнати книги. Како и да е...
24553083.jpg

Ишигуро ми е еден од најомилените современици што сум наишол во последно време. Но, книгава не ми легна баш. Прв пат би рекол дека сум по малку и разочаран од начинот на кој што е пренесена мислата. Претенциозноста да се направи роман во некаков „средновековен“ стил (кој ми е еден од поомилените историски периоди) ја утепува длабоката едноставност која е препознатлива кај Ишигуро. Па уште и вметнувањето на магичниот реализам... Не ми легна ама ич. Ако би препорачал дело кое би можеле да го прескокнете како љубители на неговиот пишан збор, ова би било сигурно. 2/5
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
169
Поени од реакции
776
Day 01 / The last book you finished: „Траума и закрепнување“ - Џудит Луис Херман
IMG_20220423_210130.jpg
Темелна споредбена студија за траумата на жените - жртви на сексуално насилство и трауматското искуство на воените ветерани. Преку нив, Херман која е клинички психолог, ги дефинира основните стадиуми на лекување.
Долго време ми стоеше на полица зашто ретко се фаќам за нефикција, но и покрај непријатноста на темата, ја исчитав релативно брзо. Немав чувство дека читам строг, научен труд - авторката има приемчив израз и теоретскиот дел постојано е надополнет од практичното искуство на многубројните извори. Одлична!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ден #2...the book that you're reading right now

Конечно се подослободив од психолошкиот хорор и си решив да си земам некое полесно трилерче, кое сега за сега ветува и ми го држи вниманието.

IMG_20220424_094529.jpg

Алтернативата (спојлер) е малку потешка книга која 5-6 години ми стои на полица, еднаш доби шанса и ми беше тешка за читање, но после "Џокер" ја гледам со поинакви очи. Крајно мрачна и депресивна, ремек дело, ќе почнам од почеток, а не од таму каде што застава пред 5-6 години. Ќе се обидам двете да ги прочитам до Саемот. Така после Гарднер следува Бел. :love:

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.824
Поени од реакции
36.832
Day 02 - The book you are reading right now

Уфф, многу. Имам почнато минимум 5 книги. Ај од со оваа ќе идеме.

1650787132184.png

Село зад седумте јасени - Славко Јаневски

Првиот македонски роман, инаку, за тие што не знаат.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Ден #2. Книга која моментално ја читам...

20220423_100730.jpg

Секогаш се има време, место и воља за Кристи и Дојл. Иклучок на гореспоменатиот читачки блок.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
169
Поени од реакции
776
Day 02 / The book you're reading right now: „Раковиот напоредник“ - Хенри Милер
DSC_2273.jpg
Првиот неуспешен обид го имав пред шест години - секоја реченица по воведната ја доживував сѐ позаморно и позаморно. Ја затворив по триесет страници очај, a помислата на неа и понатаму продолжи да ми создава нервоза. Изминатата година неколку пати сакав да ја почнам одново за да го поправам впечатокот и кооонечно се убедив минатиот месец. Следи кратка пресметка: месец дена откако тегнам книга од 275 страници што значи дека кога секој ден би читала по десет страници, би ја завршила минатиот петок. Сега сум заглавена на 53та и веќе не полагам високи надежи дека и овој пат крајот ќе е поразличен. :oops:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom