FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
The Painted Bird

Го гледавме по дома заедно денеска, ама не пишав одма.
Значи, за овој филм чув пред некоја година, веднаш откако бил снимен и објавен, токму поради јазикот што се користи во најголем дел: интерславик (има ФБ група за јазиков, па таму дознав за филмот). И ете дојде ред да го гледам. Режисерот сакал да не се знае низ кои словенски земји минува детето, односно кои се тие луѓе што му го прават она што му се случува, па најбзболен бил интерславик за употреба. Сепак, кога се спомнаа Козаци, одма знаев: ова е за Украина.

Сцените сите само нафрлени една по друга, со континуитет ама без никакво објаснување кога има смена на приказната, иако се оди до детали во некои делови. Пример: кој го откопа од дупката? Како се најде крај реката веднаш после тоа? Зошто реши да си замине од кај човекот што со лажица му извади очи на швалерот на жена му, пошто со детето се однесуваше ОК? итн.

Крајното чувство за филмот е ОК, ама среде филм малку здосадува: 90% од луѓето со кои се сретна детето беа лоши со него, и тоа се повторува и се повторува, и секој пат на некој друг начин. Ме држеше да го догледам за да видам дали ќе го дочека крајот на војната жив, и ако ДА, како ќе се случи тоа.

Да кажам дека сите дома сметаме оти го разбираме интерславик прилично, ама после втората реченица од филмот, моравме да пуштиме англиски превод, и среќа што го сторивме тоа: пред крај има и германски и руски и чешки, па превод секако ќе ни требаше.

7/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
The Painted Bird

Уште кога прочитав овде дека се работи за тежок филм почнав да се припремам за негово гледање. Подоцна кога сфатив кој е предложувачот, знаев дека џабе се психички припреми затоа што тешко ќе можам да го сварам. На тој со месата се сеќавам како вчера да беше. :D

Му дадов неколку шанси на Painted Bird да го догледам, но тежок ми беше за завршување, посебно со цела оваа ситуација што се одвива во Украина, предлогов беше "шлаг на торта" за зголемување на анксиозност и навраќање на сцените од 2001. Го решив тоа на таков начин што додека го гледав имав некоја дистракција за да не навлезам толку подлабоко во него и грозоморијата која ја имаше. Дури, некако ми се виде и премногу грозоморен и нападен, како сцените да ги имаше во филмот само и само за да ти остават еден горчлив вкус, а не да извлечат некоја подлабока емоција од тебе.

Сцената со силувањето и козата ми беше "јаготката на шлагот" и моментот каде решив да го исклучам филмот и да не го продолжам. Сепак, ме копкаше како ќе заврши па решив вечерва да го изгледам до крај. Знам дека има некоја симболика позади сцените, местата и дека се е тоа поврзано со пансловенизмот, историјата, религијата, јазикот и сите страдања кои сме ги поминале како словени низ вековите, но ниту сакав подлабоко да навлезам и да истражувам за тоа, ниту пак филмот успеа да ми го долови истото или поттикне за да се заинтересирам на таков начин.

Јазикот за мене беше разбирлив скоро 90%. Дури и таму каде што не разбирав, ја сфаќав поентата на реченицата, а за секој случај имав пуштено и превод. Интересна е идејата да се користи еден оваков јазик кој во иднина можеби еден ден и би станал универзален за сите словенски држави (не верувам во оваква утопија).
Боите, камерата и кинематографијата воглавно беше врв, но покрај содржината не успеа да се наметне онака како што би се наметнала ако филмот имаше повисок квалитет. За мене општо и не беше некое посебно изненадување. Имав гледано слични црно-бели филмови од Централна Европа, како Ида и Cold War.

Не знам каква оценка да му ставам. Се размислив добро, и, одлучив ова да биде првиот филм кој нема да го оценам. Нека стои празно место.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Пример: кој го откопа од дупката?
Со гавраните? Бабата, дојде на крај и го спаси.
Како се најде крај реката веднаш после тоа?
Избега од бабата пошто го користеше како еден вид роб односно со него изиграваше надрилекар или као и да се вика тоа што го праеше, не ми текнува моментално. Плус, мислеше дека е вампир и го третираше како таков. Тој што го избрка во реката на крајот од тој сегмент ваљда го направи тоа пошто стварно мислеше дека е вампир. А и детето поради бојата на кожата беше одбиено уште на самиот старт од тетка му која не ни сакаше да го погледне у очи, да не носи некоја магија.
Зошто реши да си замине од кај човекот што со лажица му извади очи на швалерот на жена му, пошто со детето се однесуваше ОК?
Затоа што беше пијаница, насилник и ментално недобар човек. Се прашувам дали воопшто жена му имаше афера со тој (кој и да беше ликот не сфатив) или Рундек си фантазираше. Удо Кер, оригинал Дарко Рундек. :D

А и не се однесуваше баш ок со детето. Малиот работеше све и свашта низ двор и за вечерата седеше на земја у ќош.

За сите приказни има одговори, не се некои нелогични настани, детето кај сите луѓе живееше извесен период од недели-месеци па можеби и година, иако беше претставено ко да е таму ден-два.

Јас се согласувам со сите што пишаа дека приказните беа репетитивни и детето со неговото понашање како да створи некој вид одбивност да сочувствуваме со него. Не одбивност, туку рамнодушност. Држи вода. Едно време и јас помислив на истото доека одма веќе следната приказна ме врати назад во шок и анксиозност.

Абе збориме дека малиот не покажувал емоции и се однесувал многу рамнодушно према сите луѓе што ги сретна и при се што му се случи. Па можеби тоа е затоа што малиот беше емотивно осакатен уште на самиот старт, нешто што ние не го видовме а тоа е дека родителите негови го оставија. Дете од колкуидаимаше години не може тоа баш да го свари туку така, дека родителите го оставаат со друг човек за негово добро.
Он можеби си рекол, ах родителите ме оставија, не може да ми се деси нешто пострашно од тоа.

Што знам, ја вака глеам на тоа. Мада, се согласувам, за појак дојам требаше да има емоции и ко што кажав у првиот мој пост, требаше да има физички последици и измени.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Со гавраните? Бабата, дојде на крај и го спаси.
Ја видовме бабата дека ги избрка гавраните, и следна сцена детето е крај реката со некои луѓе.
Од приказна во приказна само нагаѓаме што се случи, односно што е веројатно да се случило. Тоа на моменти ме нервираше :)
Абе збориме дека малиот не покажувал емоции и се однесувал многу рамнодушно према сите луѓе
Детето стана толку рамнодушно кон сите, и веројатно затоа преживеа. Да беше емотивно, немаше да преживее, ќе заглавеше во некоја од приказните.
Малиот работеше све и свашта низ двор
Работеше кај сите све и свашта, затоа и го земаа да го чуваат: работна рака екстра.

Најарно според мене, му беше кај човекот со птиците (каде видовме зошто филмот се вика „Обоената птица“), ама ете, тој беше емотивен, па се обеси од жал по девојката.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ја видовме бабата дека ги избрка гавраните, и следна сцена детето е крај реката со некои луѓе.
Од приказна во приказна само нагаѓаме што се случи, односно што е веројатно да се случило. Тоа на моменти ме нервираше :)
Зарем сакаше да гледаш уште 5-10 минути како бабата го откопува и го враќа дома па овој си иде од таму. Кај е спор филмов па уште ваков небитен детал ни фалеше.

Јасно беше дека ќе го откопа и спаси откако ги избрка гавраните. Она го закопа првично за да го излечи од треска или каква и да имаше болест малиот. Го остаи да преноќи и сабајлето дојде да го откопа.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Зарем сакаше да гледаш уште 5-10 минути како бабата го откопува и го враќа дома па овој си иде од таму. Кај е спор филмов па уште ваков небитен детал ни фалеше.

Јасно беше дека ќе го откопа и спаси откако ги избрка гавраните. Она го закопа првично за да го излечи од треска или каква и да имаше болест малиот. Го остаи да преноќи и сабајлето дојде да го откопа.
Во право си, не дека сакам да гледам дополнителни минути, туку муабетот ми е дека оставени беа некои делови да си ги претпоставиме како се одвивале. :D

п.с. Од друга страна, сè детално видовме кога Русинот на дрвото го спремаше снајперот, може човек да научи како се прави тоа :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
The Painted Bird

Океј, сега малку ми е криво што излегов од кино уште во првиот саат, сум пропуштил добар филм. Првите 40-60 минути веќе ми беа гледани па ги знаев сцените, но и покрај тоа пак бев згрозен од суровоста. Она што ми пречи во филмов е што ако ги тргнам кинематографијата, преубавата црно-бела слика со нереални сенки, и музиката... па и нема да остави некој позитивен впечаток кај мене. Да, филмов ќе го памтам ради камерата и некои сцени, но не ме допре ако бидам искрен. Се сложувам со мислењето на Џонтра дека малиов уствари можеби и беше емотивно осакатен, но сметам дека требаше на поубав начин да се долови тоа.

Првите 3-4 поглавја ме држеа во неизвесност, после тоа само чекав да видам што следно ќе доживее детево. Си викам, во филмов некои поглавја ми фалат повеќе детали и време, а други па се непотребни. Ми пречи што беше 3 саата, а од друга страна па ќе бев сосема океј ако ова беше некоја мини серија од сите поглавја. Не знам, нешто не ми штимаше ова како е изведено. Кога некој може да направи таква поезија од камера требаше и тука да се смисли нешто поинаку.

Филмот дефинитивно не би го сместил во воена категорија, ама си ја исполни задачата. Ни го претстави ужасот одлично. Цело време си мислев дека детево ќе се рокне во некој момент, не знам колкава волја за живот треба да имаш за се она да го преживееш. Ама тогаш па и ми текна дека детево беше многу рамнодушно (или лошо беше прикажано тоа).

Нејсе, заклучокот ми е дека ако се тргне кинематографијата, ова е само еден обичен просек од филм.

7/10

пс. Дефинитивно највеќе ме згрозија сцените со стариот кога излезе од соба и си ги закопчуваше панталоните, и коњот.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.278
Јас навистина не знам што да кажам за филмов. Ме изненади фактот што горе-долу одлично поминува кај вас. Јас не го можев и мислев дека и вам ќе ви бидат слични впечатоците. Мојата оценка останува иста - 5/10. Тие 5 му ги дадов само заради техничката совршеност, особено заради одличната црно-бела кинематографија. Од остатокот бев далеку од импресиониран. Сцените на сите ужаси кои ги видовме низ филмот мислам дека беа претерани и претенциозни, и како филм со првенствена цел да згрози, го ставам во онаа категорија (најчесто хорор) филмови од кои ти се превртуваат цревата, а не нудат никаква забава, ни порака, ни уживање.

Интересно е само како се поклопи филмов со војната во Украина. Толку долго го одолговлекував, за на крај да го пуштам во иста недела со војната заради која секој треба да се запраша: во кој век живееме? Зарем треба да има уште деца кои ќе ги поминуваат сите овие ужаси, или макар и еден од сите овие ужаси? Се надевам само дека што побрзо ќе сопре се, и што побезболно за сите, иако од ден на ден сум се позагрижен дека човештвото го има изгубено здравиот разум и дека се движиме кон бездната. :(

За поведри денови! :(

BTW, простете за сите ненамерни грешки.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
го ставам во онаа категорија (најчесто хорор) филмови од кои ти се превртуваат цревата, а не нудат никаква забава, ни порака, ни уживање.
Не секој филм треба да има некаква си порака, а за забава и уживање знаевме сите дека ќе немаме, така ти ни го приложи :D .
Не се сеќавам баш дали некој го спомна ова, ме мрзи да читам сега баш сите рецензии наново. Али во филмов доста добро е прикажано суеверието што владее во руралните делови од тој период, не само од тој, верувам дека и сега во селата уште има луѓе што мислат дека ако немаш предни два заба, вампир си и си пратен од ѓаволот. Ма какви села, на комшија мој кучето му се окучило и овој оставил едно само, другите ги убил за да биде побројно следниот пат или што знам како беше, така се правело на првото окучување.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не секој филм треба да има некаква си порака, а за забава и уживање знаевме сите дека ќе немаме, така ти ни го приложи :D .
Не се сеќавам баш дали некој го спомна ова, ме мрзи да читам сега баш сите рецензии наново. Али во филмов доста добро е прикажано суеверието што владее во руралните делови од тој период, не само од тој, верувам дека и сега во селата уште има луѓе што мислат дека ако немаш предни два заба, вампир си и си пратен од ѓаволот. Ма какви села, на комшија мој кучето му се окучило и овој оставил едно само, другите ги убил за да биде побројно следниот пат или што знам како беше, така се правело на првото окучување.
Јас го спомнав тоа.
Само да се надоврзам на две работи. Прво, не мора секој филм да ни нуди позитивно искуство за да биде квалитетен и да добие висока оценка.
Како што не секој може да напраи добра комедија, драма, романса.... истотака не секој може да напраи и квалитетен хорор.

Другото, иам една комшика има церебрална парализа од раѓање, нејзин роднина, моментално во некои рани 40ти години или доцни 30ти, верува дека девојчето е такво поради тоа што кога се родила пред да напуни 40 дена мајка и и татко и ја носеле по гости и давале да ја гледаат други луѓе.

Уште носат деца по бајачки не ме јеби, веруваат у уроци и слично. Бебе мало, го носат на бајачки против некакви си шилци, што и да значи тоа. Шилци јеботе, тоа претпоставувам се грчеви во мускулите и некој верува дека истите ќе ги снема откако рандом баба ќе мумла над бебето и ќе го пипка со ножеви, ладна вода и рандом тревки.

Уште постојат луѓе што попреку гледаат ако бебето не е крстено. Требало да прими вера, откако попот ќе спечали 50+ евра и ќе го брцне у вода и ќе му чита нешто на старословенски јазик.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.278
Не секој филм треба да има некаква си порака, а за забава и уживање знаевме сите дека ќе немаме, така ти ни го приложи :D .
Не реков дека сите филмови треба да имаат порака. Ама за јас да оценам високо филм, ми треба или да уживам во него, т.е. да има многу емоции, или да ми биде забавен, или да има некаква порака од која ќе се наежам цел. Ако нема ништо од ова, како во случајов, т.е. ако ми се згрози животот од него, колку сака и да е објективно добар, нема да добие висока оценка од мене. Така и тука.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Претпоставувам сите што дадоа повисоки оценки за филмов е само ради одличната кинематографија. Се сомневам дека има некој таков што уживал во овој ужас, или пак му било забавно. Ако треба да се оцени филмот според тоа дали ни бил забавен тогаш ќе треба да ја сменам оценката веројатно на 5/6, меѓутоа многу сум слаб на добра камера, а во филмов конкретно не можам да опишам колку мерак ми правеше црно-белата слика.
Порано дискутиравме на работа за вакви филмови, и секогаш викам дека црно бел филм е многу потешко да се направи отколку во боја. Бара уметност ова, такви сенки, контраст, не секој знае да ги долови. Многу работа со светло, и само ради тоа од мене доби троа повисока оценка.

Иначе на тема суеверие. Имав познаник што пред 2 години му се роди дете. Човек од угледна фамилија, родители хирурзи, он програмер со 150 миљони дипломи, факс скоро со 10ка просек поминува, живее Германија. Бевме у контакт скоро секој ден. Од нигде никаде ми вика еј утре ќе го крстиме бебето. Кое бебе бе човек? А, па ми се роди пред 40 дена, ама не кажував на никој само јас и жената знаевме, знаеш од уроци... а, да и први 40 дена од дома не го вадел исто ради уроци. А, може и не беа 40 дена не знам. У секој случај мрднати работи има, без разлика од каква околина доаѓаат луѓето.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Претпоставувам сите што дадоа повисоки оценки за филмов е само ради одличната кинематографија. Се сомневам дека има некој таков што уживал во овој ужас, или пак му било забавно. Ако треба да се оцени филмот според тоа дали ни бил забавен тогаш ќе треба да ја сменам оценката веројатно на 5/6, меѓутоа многу сум слаб на добра камера, а во филмов конкретно не можам да опишам колку мерак ми правеше црно-белата слика.
И Ревенант има одлична кинематографија па е мртов и досаден филм. И Брдман исто one shot техника бла бла па е мртов и досадно глуп филм.
Бар за мене коментирам. Ми е гајле за кинематографија и камера ако приказната е за нигде и не ми буди апсолутно никаква емоција ниту пак ме поттикнува на размислување.

Пак ќе се повторам, не мора да е забавен филмот за да добие високи оценки, не мора да нуди ништо позитивно за да добива високи оценки.

Иди и смотри не нуди ништо забавно ниту позитивно па има јак рејтинт. Шиндлеровата листа, Пијанист итн.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.278
Шиндлеровата листа, Пијанист итн.
На Шиндлеровата листа плачев ко мало дете, на Пијанист не се сеќавам, одамна беше, ама веројатно слично. Тука ништо од тоа, само ми се повраќаше.

Иди и смотри не сум го гледал уште.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom