FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Каде е Боби ПП сеа да глеа филм, за мојот се ни даде по капата, не искуди сите. Баш ме интересира за овој што ќе не направеше :D

Едвај чекам да го гледам
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Во домашна атмосфера ќе му дадам шанса уште еднаш ионака го има на Нетфликс.
Кај мене го нема на Нетфликс
Автоматски споено мислење:

хахахах истовремено
Автоматски споено мислење:

Али го имам на ХБО
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.275
Не знам зошто, ама многу би сакал да видам какво мислење би имал @wot за филмов. :love:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Читајќи ги овие неколку мислења пред мене, плус 3 саати чешка црно-бела драма, плус у најавите претходната недела имаше коментари за споро дејство и пцовки, си викам ај ќе го гледам на 2-3 пати и затоа го пуштив ноќеска у 12 саат. Ај ќе ми се приспие за саат време, утре цел ден на рати и ќе го изгледам некако. Ќе попцујам класика, 1 и зз.

Не трепнав!

Се разбудив сеа у 10 ипол и викам ај уште малце да подремам ама ми текна на филмов и ме разбуди.

Многу добар филм.
Т.е ова не е добар филм. Ова е многу вознемирувачки, многу тежок, многу болен, многу брутален, многу гнасен, многу Иди и смотри филм.

Филмов бара добра атмосфера за гледање, ти треба темница и тишина за ти само да тонеш у агонија и анксиозност.
Точно дека е спор, ама тоа само му додава на тежина на самиот момент и некако потсвесно почнува да ти гори анксиозноста и да те фаќа паника при првиот човек што ќе го сретнеш заедно со детето.
Некоја вознемирувачка линија ти движи низ телото цели 3 саати.

Јас знаев дека ќе бидам шокиран уште на првата сцена коа го запалија зајчето. Во продолжение искрено не очекував такви настани и таква гнасотија и све тоа што се деси. Не е ова вистинска приказна, иако првично се мислело дека се автобиографски сеќавања на Јержи Косински кој е автор на новелата Обоената птица по која е праен филмов.
Без разлика дали конкретно оваа приказна е вистинита, сепак постоеле вакви случувања, верувања и се ова што го помина детето. Можеби не у серија ко тука, ама сигурно многу изгубени сирачиња поминале низ ваков или сличен пекол.

Има прекрасна кинематографија филмов и баш би сакал да видам како ова изгледа у боја. Ама само да видам. Црно белиов тон му даде автентична атмосфера да се соживееме со моментот. Ко Шиндлеровата листа.

Не можам а да не го споредам со Иди и смотри. Тој е гнасен филм што остава последици.
Јас одговорно, во името на сите, Обоената птица ја ставам на исто рамниште со белорускиот.
Можеби таму повеќе преовладуваат пукотници и акција а со тоа добива на динамика и може да те размрда малце. Овој е поспор ама пострашен. Перфидно ти влага у психа и те тепа од внатре. Озбилно ви кажувам. Ова е страшен филм.

Мала замерка е што детево немаше некои видливи физички промени покрај сите патешествија што ги помина. Можеби требаше малце да го пропаднат у изгледот.

Харви Кајтел повели на ракија, салата, турско кафе, сарма, слатко од смокви и ајвар, пријателе мој славорумски.
Секако и Бери Пепер - око за око, зуб за зуб.
Стелан Скарсгард ќутеше, а Дарко Рундек ја тепаше жена му, курвата.

Алексеј Кравченко од Иди и смотри е советскиот војник што го спаси малиот, во сегментот Митка, заедно со Бери Пепер. Одма го познав тој поглед.

На тој му имам дадено 8ца, сеа ќе ја сменам во 9ка.
Иста оценка и за The Painted Bird, 9/10.

Да ти ебам мајката.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760

Знаев, едноставно знаев дека ќе ти се свиѓа. Знаев дека ќе му даеш голема оцена! Настрадин оџа!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Знаев, едноставно знаев дека ќе ти се свиѓа. Знаев дека ќе му даеш голема оцена! Настрадин оџа!
Јас самиот не бев свесен за ова, жими се. И глеј сеа, сите ќе го нападнат со кецови, двојки само јас најголема оценка.
Ко увек, само ја двојам. Ко намерно да се понашам така ебаве. Ко ко ко.
:D
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Па уште во 10 сабајле го гледал :facepalm: :pos: Јас сериозно не преовеличувам, вчера пред за заспијам ми се појавуваа сцените шо ги гледав и тешко заспав. :icon_lol:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Nabarvené ptáče / The Painted Bird

Одамна не сум гледал филм со ваква камера, со ваква перфекција, поезија од камера. Поезија од слика. Секоја сцена буквално ме оставаше вџашен од тоа колку е перфекетно наместена камерата, од тоа како ја доловува мизерната, грозоморната и сурова атмосфера. Визуелното претставување на агонијата низ која минеше детево, низ која минеа луѓето, е една од подобрите и една од најреалните. И тој едвај дијалог што го имаше во филмов и тој не беше потребен, извонредно беа доловени сите изрази на лицата на луѓево. Звукот е исто добар, комбинацијата на звук и камера правеа да занемариш гадните, нечовечки делови во филмот.

Кога сме веќе кај тоа, искрено, не знам дали е до мене, дали сум ја психопат или садист ама сцените во кои се случуваа гадостите сите беа скриени, тивки, не беа до толку визуелно доловени. Да, имаше сцени ко почетната со зајчето, ко онаа со птицата, ко сексов со козата ( тука бев доста wtf ), впрочем и тој чаптер најмалце и ми се свиѓаше. Али после тој чаптер конечно и видовме некаква промена во емоциите на детево, после се тоа што му се случи се знаеше дека љубовта ќе го смени. Да се вратам на вознемирувачките моменти, доста покомерцијални филмови имаат поексплицитни сцени од овој. Некако ми дава доем дека ради јазичната бариера и дека не е Холивуд луѓето врискаат, али океј, па и од својот народ е хејтан, така да ми се побива таа теорија. Не знам, јас го изгледав во еден здив, иако тој здив беше преполн со анксиозност и вознемирување али не ми сметаше, ќе се каев да не го догледав, ќе сум изгубел многу ако не сум ни го почнал.

Глумата. Ко што кажа ЏхонтраВхохохолта или како и да е веќе, секој ден мењава имиња, едина замерка и мене ми е што детево изгледаше ко да не е допрено физички. Гледајки ментално, ко што кажав, конечно почна да покажува емоции после зоофилството. Се освен тоа, сите други во филмов беа неверојатни. Глумава беше чиста ко солза 10-ка. Од кај испадна Харви Кеител, само што го видов го познав ама по некое време бев, чекај бе , стварно ли е он. Коа он да ти бил. Иако Скарсгард збор не кажа, сцената со него по пругата ми беше една од подобрите. Исто и Бери, камерата кажуваше се, не требаше он да зборува.

Иако филмов се карактеризира како воен, поголемиот дел не е поврзан со војната.

Oд мене има 9/10.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
сцените во кои се случуваа гадостите сите беа скриени, тивки, не беа до толку визуелно доловени. Да, имаше сцени ко почетната со зајчето, ко онаа со птицата, ко сексов со козата ( тука бев доста wtf ), впрочем и тој чаптер најмалце и ми се свиѓаше. Али после тој чаптер конечно и видовме некаква промена во емоциите на детево, после се тоа што му се случи се знаеше дека љубовта ќе го смени. Да се вратам на вознемирувачките моменти, доста покомерцијални филмови имаат поексплицитни сцени од овој.
И ова е уметност, како што кажа погоре за камерата. Да направиш гледачите да имаат чувство на гадење и вознемиреност кога ги гледаат сцените а тие воопшто да немаат експлицитна содржина. Не може секој.

Брат бабата кога мочаше во сегментот кога го колвеа гавраните, ме мрдна од памет. Жими се.

Иначе мислам дека немаше секс со јарецот таа менталната, туку сакаше да му покаже на малиот дека ако не може он, има друг... Откако умре тој стариот кого изгледа го силуваше оваа.

Не знам, јас го изгледав во еден здив, иако тој здив беше преполн со анксиозност и вознемирување али не ми сметаше, ќе се каев да не го догледав, ќе сум изгубел многу ако не сум ни го почнал.
Исто. Филмов е врв.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Брат бабата кога мочаше во сегментот кога го колвеа гавраните, ме мрдна од памет. Жими се.
Даа бе, на сценава се згазив од смеење, т.е не беа во иста сцена. Колвањето на гавраните ме шаштиса ама воа со бабава ме пресмеа. Од нигде никаде крена суќнаа и од нога почна да моча... ахахаха

Иначе мислам дека немаше секс со јарецот таа менталната, туку сакаше да му покаже на малиот дека ако не може он, има друг... Откако умре тој стариот кого изгледа го силуваше оваа.
Хахах му покажа, а баш мислев тоа ќе биде едно од понормалните поглавја. Што знам, така наликуваше на почеток барем. Али не му било во план на писателов да прави нормални поглавја, очигледно.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Painted bird (2019)

Визуелно ремек дело, со светло и сенки како што може да постојат само во црно бел филм. За жал само тоа не е доволно за и самиот филм да биде ремек дело.
Составен од девет поглавја, можеби за да ги симболизираат деветте Дантеови круга на пеколот, бидејќи тоа беше она низ што минуваше детето. Со секој следен старател наидуваше на ново зло, но сето тоа брзо стана многу монотоно и репетитивно. Иако целиот филм предолг, чинам дека некои од поглавјата беа прекратки и некако набрзина поминавме низ нив, како да беа кратени за да се задржи минутажата. Слободно можеа да бидат помалку. Вака само чекавме да видиме на каков нов ужас или психопат ќе налета. Како да ги гледав едноподруго сите епизоди од некоја серија.

Не изгради емпатија кон ликовите, воопшто не го почувствував страдањето не детето, а изгледаше и нему како да му е сеедно. Многу стоички прифаќаше сѐ, летаргично во однесувањето. Секоја чест на актерот што поминал низ сето тоа на снимање, но за жал не видовме ников израз на неговото лице.

Иако жанровски определен како воен филм, немаше никаков допир со војната, уште помалку со нацизмот. Непријателските војници беа прикажани далеку почовечни од домашното население и војска. Освен ако идејата не беше баш тоа да се покаже, подобро ќе функционираше без тие делови со германската војска. Затоа што да не беше кадарот од авион на почетокот, што го постави во конкретна временска рамка, повеќето од поглавјата комотно можеа да поминат како средновековни.

За поздравување е што најстрашните работи не ги прикажа, туку ни остави сами да ги замислиме. Некаде повеќе, некаде помалку успешно изгради ежави сцени, но како врвеше филмот научивме дека јунакот не покажува страв, па затоа немаше зошто ни публиката да се плаши.

Неминовна е споредбата со „Оди и гледај“ на Климов, кој иако постар повеќе од три децении излегува победник во сите аспекти.

7/10
 
Kajgana Shop

На врв Bottom