Македонски филмови

Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Да не има некаде случајно од Бал Кан Кан торент на нет, 720p или пубо ?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.206

Многу тешко. Сè досега што сум видел од филмов е ДВД квалитет.
Едино ако најдеш некој 'HD' рип од телевизија што направила upscale на DVD-то.

Дури и Дарко Митревски на Youtube го имаше ставено во некој крш квалитет од 360 p, ако не се лажам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.143
Поени од реакции
37.687
Кој имаше тука многу јака колекција на наши филмови? Да дадам хард диск ќе си платам ако треба за услугата…
Јас ги имам, скоро сите. Услугата за тебе е бесплатна. :love:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.206
Кој имаше тука многу јака колекција на наши филмови? Да дадам хард диск ќе си платам ако треба за услугата…
Ептен ме бендисува ко некој ќе сака да ги изгледа македонските филмови. :love:

Обично владее клишето дека во секој македонски филм имало пцовки, секс и погреби, што ме иритира, зашто не е точно и доаѓа од некој што изгледал 3 филма преку сила...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.546
Поени од реакции
29.127
Јас ги имам, скоро сите. Услугата за тебе е бесплатна. :love:
Пиши ми пп за детали да се најдеме и да завршиме работа :love:
Ептен ме бендисува ко некој ќе сака да ги изгледа македонските филмови. :love:

Обично владее клишето дека во секој македонски филм имало пцовки, секс и погреби, што ме иритира, зашто не е точно и доаѓа од некој што изгледал 3 филма преку сила...
Македонските филмови какви и да се за мене имаат посебна убавина, многу се радувам кога ќе видам нешто наше и квалитетно. Волчја Ноќ, Мис Стон, Црно Семе, Солунските Атентатори, Пред Дождот, како дете ги имав на цедиња и израснав со нив. И сега сакам да ги гледам и новите и старите, ама барем мене се потешко ми е да ги наоѓам по торенти. Последни што ги гледав се баш Хомо и Од Зад Грб.
На времето имав другар дедо му во МТВ работеше и режисер беше, па често ни даваше касети. Сега немам како да ги најдам или не сум умешен. Тракермк ми е очај, нема сидери нема ништо.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Го има, на trackermk.
Се регистрирав и кога пробав да се најавам бан ми направи системот, не ја бива страната.
"
Системот претпостави дека се обидувате да го излажете. Вашата IP адреса е банирана!

Кликни овде за да испратиш барање за одбанирање!
"
Автоматски споено мислење:

Може да ми пратите линк од "Хомо" некако дека неможам да се најавам на Тракер.мк
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.143
Поени од реакции
37.687
Се регистрирав и кога пробав да се најавам бан ми направи системот, не ја бива страната.
"
Системот претпостави дека се обидувате да го излажете. Вашата IP адреса е банирана!

Кликни овде за да испратиш барање за одбанирање!
"
Автоматски споено мислење:

Може да ми пратите линк од "Хомо" некако дека неможам да се најавам на Тракер.мк
Пиши ми во приватна порака твоја e_mail адреса, ќе ти пратам покана за TrackerMK.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.206

Македонски филмски проекции со светски премиери во 2021. :D
Ај што "проекции" ми шкрипи во насловот, па и еден куп неточни информации се сервирани.

Долгометражни филмови од Македонија што имале премиера во 2021 г. се:
- Сестри - награден во Карлови Вари (значаен фестивал по светата тројка Берлин/Кан/Венеција)
- Исчезнатиот - филм на албански јазик што играше на неколку небитни фестивали во Швајцарија, Турција и имаше затворена проекција во Синеплекс за екипата на филмот.

Толку.

"Снежана на крајот умира" како прво не е снимен во 2021, ами во 2019 г., септември месец, ако им игра некоја улога.
И премиерата што ќе ја има при крај на месецов е достигнување за тековнава година, а не минатата.

Истото е и со "Нема да бидеш сама" на Столевски што ќе игра месецов на Санденс. Успех за 2022, и тоа за режисерот, а не за македонскиот филм или Агенцијата за филм што го нема поддржано филмот.

За "Улиште" и "Вера сонува за морето" не ми се ни зборува. Успех за Косово. Толку.

Од кратките филмови, "Северен пол" донесе прво официјално учество на македонска продукција во Кан.
"Соло мод" беше во Сараево и тоа е тоа.

"Дали си маж" и "Сценариото" не направиле никаков успех со самото тоа што се снимиле, а кога веќе споменуваат филмови што се снимиле ко успех, можеле да ги споменат имињата и на другите 6 кратки филмови за кои имам инфо дека се снимиле лани, како и 4 долгометражни мнозински продукции и 6 долгометражни малцински.
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.909
Поени од реакции
726
Не можам да се регистрирам на тракер, има ли некој линк или нешто од Хомо?
 
Член од
30 декември 2021
Мислења
10
Поени од реакции
2

Македонски филмски проекции со светски премиери во 2021. :D
Ај што "проекции" ми шкрипи во насловот, па и еден куп неточни информации се сервирани.

Долгометражни филмови од Македонија што имале премиера во 2021 г. се:
- Сестри - награден во Карлови Вари (значаен фестивал по светата тројка Берлин/Кан/Венеција)
- Исчезнатиот - филм на албански јазик што играше на неколку небитни фестивали во Швајцарија, Турција и имаше затворена проекција во Синеплекс за екипата на филмот.

Толку.

"Снежана на крајот умира" како прво не е снимен во 2021, ами во 2019 г., септември месец, ако им игра некоја улога.
И премиерата што ќе ја има при крај на месецов е достигнување за тековнава година, а не минатата.

Истото е и со "Нема да бидеш сама" на Столевски што ќе игра месецов на Санденс. Успех за 2022, и тоа за режисерот, а не за македонскиот филм или Агенцијата за филм што го нема поддржано филмот.

За "Улиште" и "Вера сонува за морето" не ми се ни зборува. Успех за Косово. Толку.

Од кратките филмови, "Северен пол" донесе прво официјално учество на македонска продукција во Кан.
"Соло мод" беше во Сараево и тоа е тоа.

"Дали си маж" и "Сценариото" не направиле никаков успех со самото тоа што се снимиле, а кога веќе споменуваат филмови што се снимиле ко успех, можеле да ги споменат имињата и на другите 6 кратки филмови за кои имам инфо дека се снимиле лани, како и 4 долгометражни мнозински продукции и 6 долгометражни малцински.

Дали си гелдал некој филм на Албански јазик? И твоје искрено мислење?
поздрав!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom