Skopje East Gate

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Јас повеќе пишувам од анти-конзумеристички аспект и од носталгија и жал за еден асален град и нормални луѓе што порано живееа во Скопје. Кога ќе ми текне колкави зградишта се испоизградени по градов и каква багра е испопикана по нив, не ми е ни чудно за кого се градат овие јазбини. Претпоставувам дека си помлад од мене, па затоа гледаш поинаку. Ако ти е ок - ок.
Браво Алмеида,одлични одговори имаш на оваа тема и што е најбитно се што си напишал кореспондира со ситуацијата на терен....Јас не живеам во Скопје ама и низ помалите градови е слична ситуација,довчерашни тутунари на магарешки коли одеднаш станаа газди на стечајни фирми (изнакупија се со сумњиви пари) а кога на отварањето на една таква фирма се појави лично Заеб ми стана јасно од кај им се парите и како се перат пари преку овие фирми....Тоа што се Албанците у Скопје низ Источна Македонија се македонците потрчковци на актуелната власт низ помалите места и градови,некогашните вработенеи останаа изиграни и проебани а требаше да бидат акционери и да си делат дивиденди ама....А во врска со саемот во Скопје имам прекрасни спомени од авто-саемите кои таму се одржуваа и кои беа своевидна сензација,светски премиери се носеа и бее навистина забавно,денес е некако се пластично и извештачено,со горили на вратите,камери насекаде итн.
Автоматски споено мислење:

Инаку што е финтава со маскиве?
Шеташ со маски, влагаш по продавници со маски, за на крај свечено да влезеш во оделот за храна пиење и корона, кај што се најголемите гужви да ја извадиш маската и така забрефтан од 2 сатното пешачење по боиштето Ист Геј Мол да се наждереш донер додека ги впиваш тоа рафинираниот водзух со прашина од трилионите чекори на љубопитните шипиња и пичиња. За после да манеш кафенце во локалот спрат погоре - Контаминирана енергија за да наставиш со маската на уши.
Ова е финтата со маските >КОрона пародии-кучиња луѓе.jpg
 
Последно уредено:
Денес имав прилика да убијам два саати во Ист Гејт претпладне, кога нема ни гужва. Мојот прв коментар е дека ако сте од Карпош, Ѓорче, Влае, Тафталиџе или која и да е населба на која и е поблиску Сити Мол, немате никаква потреба да тепате пат до Ист Гејт. 98% е истиот курац на продавници. За мене, продавниците кај што обично купувам се сите исти и нема ништо ново, со единствен исклучок можеби на Mango Men кои имаат ок ствари за машки и кои на попуст стварно би вределе за цената. Има 2-3 продавници кои во името го содржат зборот „Милано“ и соодветно имаат Милански цени и уште две-три поголеми продавници (Mohito беше една од нив, другите не ги памтам) кои имаат углавно ефтина роба за женски, а ваљда и по нешо за машки, генерално за помлада популација.

Тоа е тоа. Внатре уште се работи, често се маткаат мајстори, местат, лепат ствари и работи. Надвор исто така на големо се работи. Фалат табли за ориентација кај што ќе пише кои продавници ги има на тој спрат или во тој ходник изработени како мапа, како што има во Космос, зашто инаку може да се изгуби многу време во лутање.
 
Јас сеуште го немам посетено новиот Ист Гејт Мол, најверојатно тоа ќе го направам кога ќе заврши корона кризата и ќе прославам со еден голем томахавк стек од Сарајева.
 
Денес имав прилика да убијам два саати во Ист Гејт претпладне, кога нема ни гужва. Мојот прв коментар е дека ако сте од Карпош, Ѓорче, Влае, Тафталиџе или која и да е населба на која и е поблиску Сити Мол, немате никаква потреба да тепате пат до Ист Гејт. 98% е истиот курац на продавници. За мене, продавниците кај што обично купувам се сите исти и нема ништо ново, со единствен исклучок можеби на Mango Men кои имаат ок ствари за машки и кои на попуст стварно би вределе за цената. Има 2-3 продавници кои во името го содржат зборот „Милано“ и соодветно имаат Милански цени и уште две-три поголеми продавници (Mohito беше една од нив, другите не ги памтам) кои имаат углавно ефтина роба за женски, а ваљда и по нешо за машки, генерално за помлада популација.

Тоа е тоа. Внатре уште се работи, често се маткаат мајстори, местат, лепат ствари и работи. Надвор исто така на големо се работи. Фалат табли за ориентација кај што ќе пише кои продавници ги има на тој спрат или во тој ходник изработени како мапа, како што има во Космос, зашто инаку може да се изгуби многу време во лутање.

Да али многу од робата е пребацена во EG, па од СМ знаат да те препратат таму. Рамстор е новиот Беверли Хилс, горе ни струја не им палат веќе. Ваљда копа доле Ајдован.
 
Да ги почитуваме препорачаните мерки за заштита на личното и јавното здравје.
Од сите нас зависи!

Ќе видиме колку е вистина, ама дај боже ова да се оствари...

ФРАНЦУСКИ „ДЕКАТЛОН“ ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА Првично ќе биде отворен еден продажен објект во близина на Скопје

Првично планирано е компанијата да влезе со еден продажен објект лоциран во близина на Скопје, планирано е најдоцна за три години компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија.

Добро познатиот трговски ланец меѓу планинарите, велосипедистите, скијачите, францускиот „Декатлон“ влегува на пазарот во Македонија, а подготовките за овој процес се веќе започнати.
Како што е најавено, влезот на „Декатлон“ во земјава ќе се реализира преку три фази. Првата фаза вклучува скенирање на пазарот и избор на локации за продавници и таа е веќе започната. Втората фаза ќе биде изградба на објекти. И третата фаза ќе биде отворање на објектот и скенирање на пазарот за проширување на мрежата.

Првично планирано е компанијата да влезе со еден продажен објект лоциран во близина на Скопје, планирано е најдоцна за три години компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија.
Компанијата „Декатлон“ e основата во 1976 година во Франција. Во моментов има 1.600 продавници во 69 земји ширум светот, а меѓу нив се оние во соседството, во Србија, Бугарија и Грција.

„Декатлон“ во моментов брои повеќе од 100.000 вработени. Брендот се прослави по висококвалитетна опрема и облека за планинарење, велозипедизам, лови и риболов по популарни цени.
 
Во близина на Скопје? Значи не во ист гејт
 
,,,po neproduktiven i ponepotreben objekt vo Skopje odamna ne e napraven kako ovoj ist gejt,,,pa staro sajmište beše poatraktivno i so pointeresni sadržini od ovoa bez potreba napraveno ,,,gledajte me chudete se,,,osven za onie što so edno kafe ke otepaat nekolku chasa i da se sliknat ete kade bile,,,
 
Не знам што ви се потребни вакви коментари. Саем како таков беше влезен у кредити и пропаѓаше. Погоре читам лелекања како тоа бил преубав објектот со разни спомени. Може бил у 70та година. Објектот нити личеше на нешто нити па беше функционален како што доликува на ЕКСПО центар од 2020та година. Тек што правното лице беше заглавено у кредити. БАЛФИН групацијата влезе со свој приватен капитал си го купи и изгради тоа што мислеле дека е најпрофитабилно за нив, на ниту еден од нас не бркнаа у џеб и не ни земаа пари од домашниот буџет за да го направат тоа. Ако вас како единка не ви се свиѓа објектот не идете едноставно е.

Трговски ко трговски не знам што се очекува да има у него, луѓе што одат наопаку? Еден куп продажни места за одредени брендови и ресторани тоа е.

За потребноста, некој правел физибилити студии и утврдил дека ќе се исплати, и сеа шака луѓе од ракав тресат информации како ова било непотребно. Кафански муабети, да се правеа бизниси така мислам дека први ќе бевме у светот по јачина на економија зашто у кафански математики први сме и се знаеме.

За избрзаноста на објектот нема да коментирам, факт е дека го исфорсираа недовршен поради политичка позадина ама тоа е друга тема. Знам дека требаше да прават и втор кружен тек на раскрсницата со булеваров од УКИМ што иде за полесен проток на возила ама уште тоа не е готово. Така да .. тоа би им замерил едино друго нема што да се коментира ако не ви се свиѓа не одете, едноставно е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom