- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.359
- Поени од реакции
- 10.620
Се слагам со сè што си пишал. Не е најјасно прикажано што-како и за незапознаени ќе делува досадно и чудно.И мене слично, се ми беше супер, феноменално од технички аспект, ама не ме заинтересира баш приказната затоа што не беше баш јасно раскажана. Мислам дека тоа ќе биде проблем за повеќето што немаат претходно знаење. После изгледав неколку ривјуа и објаснувања околу приказната и се ми стана многу појасно и интересно.
Повеќето рекоа дека целиов филм е само воведот и ако има втор дел, тоа ќе биде јакото ама и дека правењето на втор дел зависи од тоа како ќе биде прифатен првиов, а не сум сигурен дека направија добра работа со тоа да ја поврзат и навлечат на приказната широката маса.
Ќе треба минимум два пати да се гледа, а меѓу двеве гледања да се расчита убаво кои се/што се Атреидис, Аракис, Харконен, Царот, спајсот, Бене Џесерит, вештицана.
Вака по прво гледање ми беше нафрлано, неразјаснето и е веројатно првиот филм што не знам како би го оценил.

