Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Snosti go gledav My Son (2021)

James McAvoy was never given a script for this film, where both the actor and audience uncover the mystery at the same time.

Dobro glumi covekot. Tenzicno filmce, znae da te napne i izvadi od corapi. Sound editingot te drzi zalepen i ja stvara tenzijata. Ne se na odmet i pejsazite od Skotska so dozdlivoto vreme. Sozdale odlicna atmosfera.
 
И што е ова????!?!!?!?!!!?!!?!??!?!!!!?!?!!

Ај одма да објасниш!

Од одамна те цитирам ама ми текна на филмов и дека тогаш се заташкав нешто, а сакав да ти одговорам.

Спојлер алерт оти ме мрзи да барам како се ставаше во тоа спојлерот.

Сизиф два пати ја имал измамено смртта па за казна морал да го бутка каменот и таман да го качи, пак да му падне и се така одново. Не за џабе има референци во самиот филм кон Сизиф. Конкретно тука смртта е таксистот на која оваа му обеќа дека ќе се врати, а не се враќа. Поради тоа е казнета да и се случува бродолом и да заглавува на бродот наречен Еол, иначе грчки бог на ветрот. За да го скрши кругот, треба да го смени текот, односно да ја спречи следната група да се качи на бродот. Настаните се одвиваат по предвидлив тек при што во исто време на бродот таа самата се појавува 3 пати, затоа и филмот се вика Triangle, затоа што ја гледаме неа три пати, во три улоги, од три агли. На крај одкако не успева и паѓа во водата, се буди на брегот и оди да ја корегира ситуацијата од корен убивајќи ја својата двојничка во сегашно време, арно ама од сообраќајката не може да избега, како што не можеле и другите претходно. Таксистот и вика мора да дојдеш со мене, оваа му вика дека ќе се врати, оди на бродот, заспива и тука системот се рестартира, односно со самото заспивање таа заборава што уствари треба да направи и повторно влегува во кругот бродот се потопува и пак истото. Единствен излез и е да се помири и да замине со смртта.
Иначе во Зона на Самракот има една епизода каде што една жена која вози автомобил одбива да качи еден автостопер кој и се појавува на патот цело време, за на крај да сфати дека уствари е мртва, дека автостоперот е смртта и дека мора да го качи и да замине со него. Дали од таму позајмиле нешто не знам, ама мене ми се виде многу слично.
Ова вака најкратко што можев.


Филмот бара голема концентрација, запазување на детали и гледање 2-3 пати за да ја докомплетираш сликата. Да бев во тој филмскиот клуб ќе го предложев, мислам дека е доста потценет и од аспект на (не)популарност/анонимност и по оценката од 6.9 на ИМДБ. За мене дефинитивно беше супер возење.
 
Последно уредено од модератор:
Да бев во тој филмскиот клуб ќе го предложев, мислам дека е доста потценет и од аспект на (не)популарност/анонимност
За да бидеш во клубот, се што треба е само 1 филм да гледаш и да напишеш рецензија. Ама сепак јас не би го предложил Triangle. Не дека е лош филм, напротив, и јас уживав кога го гледав. Еве гледам дека со 8/10 сум го оценил. Туку дури 21 личност од тие кои ги следам на LB, од кои повеќето од тука, веќе го имаат гледано. Значи не е така непопуларен.
 
Да бев во тој филмскиот клуб ќе го предложев, мислам дека е доста потценет и од аспект на (не)популарност/анонимност и по оценката од 6.9 на ИМДБ.
Мислев којзнае каков нечуен филм е ова некој студентски режисерот од џеб што си го платил со рачна камера што го снимил, па и со Сизиф уводот мслев нешто ко оној Лајтхаус. Отварам глеам 20 души јас само што ги следам го глеале. Не се мачи у клубот да го даваш сите веќе го имаат гледано. Џонтра дури и 2ка му има ставено, солидно.

А да, Крис Хемсворт, исто така.
 
За да бидеш во клубот, се што треба е само 1 филм да гледаш и да напишеш рецензија. Ама сепак јас не би го предложил Triangle. Не дека е лош филм, напротив, и јас уживав кога го гледав. Еве гледам дека со 8/10 сум го оценил. Туку дури 21 личност од тие кои ги следам на LB, од кои повеќето од тука, веќе го имаат гледано. Значи не е така непопуларен.

1 болд. Немам дисциплина и ќе забушавам.

2 болд. Види подолу.

Мислев којзнае каков нечуен филм е ова некој студентски режисерот од џеб што си го платил со рачна камера што го снимил, па и со Сизиф уводот мслев нешто ко оној Лајтхаус. Отварам глеам 20 души јас само што ги следам го глеале. Не се мачи у клубот да го даваш сите веќе го имаат гледано. Џонтра дури и 2ка му има ставено, солидно.

А да, Крис Хемсворт, исто така.

Да, се согласувам. На моменти заборавам дека вие тука не сте баш репер за секојдневен човек кој си гледа филмови онака, што на торент, што на Нетфликс, што во кино... Дека малце повеќе попасионирано имате пристапено на тематиката и дека треба да е стварно некоја утепана продукција, со рачна камера како што викаш па да постои веројатност некој филм не е гледан. Мада овој стварно беше некоја чудна продукција, непознат режисер и глумци. А од друга страна дебело заостанувам со гледани филмови.
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?
 
@Sussaro

Ако го немаш гледано, гледај го Coherence, интересен филм многу сличен на Triangle. Супер возење е, чим ти се бендисал Triangle, сигурно ќе ти допадне и Coherence.
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?
Јас не, ама за Гиленхал би го гледала. Само не сега, уште ми е свеж данскиот.
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?
Јас го немам гледано данскиот, така да можно е да го пуштам вечерва да го изгледа, па ќе споредуваме американско/дански импресии. :D
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?

само јас и @Комита Ултрас сме го гледале од тука, све исто со данскиот од а до ш, убаво вика корвус ептен брзо направен римејк, толку да се нема идеии да се направи нешто оргинално ти е.ам нетфликсот

Од Нетфликс ме изненади Кате интересно акционо филмче
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?
Само што го изгледав, добра глума :)
 
Не знам типот во данскиот како глуми, али Гиленхал изгази за сите пари.
Филмот онака, те држи во неизвесност, ама не е ништо посебно.
 
The Guilty е генерално ок филм, али ништо посебно. Го пуштив само ради Џејк, и искина во филмот. Читам коментари дека Данскиот е многу подобар, ќе го гледам деновиве.
 
The Guilty е досаден филм. Не знам дали е буквално копиран од данскиот, ама ако е така нема шанси тој да го гледам.
Ич не сакам да гледам филмови во кој цело дејствие се одвива во една соба и целото дејствие е околу еден актер.
Да внесеа малку сцени во филмот од тоа како го наоѓаат малиот со сестра му, па како ја апсат женава па ај да речеш...ама вака изгледа ко да е ептен ефтин филм. 5/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom