Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Screenshot_20210906_192206.jpg

Од Три и Магор ништо! :(
ПНВ немаат ни најава дека ќе бидат на саемот.
Полица ги претстави само новите изданија.
 
И Три го издадоа каталогот.
Уффф, ќе треба над илјадарче во Три да оставам. Само 1Q84 пак ми ја нема цела. Сега вториот дел фали, па не ја ни ставиле во каталогот. Ај, ќе почекам да ја реиздадат со темна корица како останатите.
Автоматски споено мислење:

Хари Потер не бил издаден од Литература.мк, туку од Арс Ламина. :pos: :pos: :pos: Ова шуто, а се боде! Имаше многу јака стихувана басна од моето детство кое уште си ја памтам:

Шута сакала да ги земе
роговите на овенот јак.
Се подготвила за тоа
и за двобој му дала знак.
Се затрчала за да го сруши,
но ги загубила и своите уши.

Хана за Арс Ламина.png
 
Последно уредено:
На крај ќе излези најдобро од bookland фиксен 25% попуст на се, посебно за изданијата од литература кои ги имаат. Ич не можам да ги разберам од литература, барем да имаа попуст на пакети од Кундера, Агата, Хемингвеј.
 
Дури ми изгледа дека дел од изданијата се со покачени цени. Ќе ги одминам на Саем!
 
Не, оние од Магор не беа покачени и им беа на -25%. Плус ми дадоа клуб картичка. Книжарницата им се наоѓа карши поштата на железничка.

Правете калкулации за Арс Ламина и за одредени изданија на Три. Со една напомена, мислам дека bookland немаат книги на англиски јазик (Академска и Икона). :)
 
Мислам Златко збореше за изданијата од каталогот на Литература, а не на Букленд.

И да, боље ако веќе се нарачува да се нарача од Букленд. Бар некаков попуст имаат. Литература немаат никаков, Три и Антолог по 50 денари, горе-долу и Или Или и Магор ќе бидат исти.

Ваму со 25% попуст поевтино ќе излезе, од "попустиве" на саем.
 
Хари Потер не бил издаден од Литература.мк, туку од Арс Ламина. :pos: :pos: :pos: Ова шуто, а се боде! Имаше многу јака стихувана басна од моето детство кое уште си ја памтам:

Шута сакала да ги земе
роговите на овенот јак.
Се подготвила за тоа
и за двобој му дала знак.
Се затрчала за да го сруши,
но ги загубила и своите уши.

Прегледај го приврзокот 306119
После ова те исфрлија од група или само го избришаа постот? :)
 
Не е лоша опцијата bookland пред Арс Ламина. Агата 285 од 380 или Дамски Гамбит 315 од 420. Арс има 0 ден попуст.

Проблемот е во тоа што имаше 60тина книги од Магор и 100тина од Арс Ламина т.е. ги немаат сите изданија од издавачките куќи во/на bookland.
 
2 од Агата и 2 од Кундера за 1000че со бесплатна достава, океј понуда иди.
 
После ова те исфрлија од група или само го избришаа постот? :)
И двете. :pos: Ама секако, тоа е групата на Надин кај што е забрането да се зборува лошо за издавачите, пошто немало лоши издавачи, па така, и поарно! ;)
Автоматски споено мислење:

Не е лоша опцијата bookland пред Арс Ламина. Агата 285 од 380 или Дамски Гамбит 315 од 420. Арс има 0 ден попуст.

Проблемот е во тоа што имаше 60тина книги од Магор и 100тина од Арс Ламина т.е. ги немаат сите изданија од издавачките куќи во/на bookland.
Чекајте малце, а bookland ќе имаат ли штанд на Саем?
 
Уффф, ќе треба над илјадарче во Три да оставам. Само 1Q84 пак ми ја нема цела. Сега вториот дел фали, па не ја ни ставиле во каталогот. Ај, ќе почекам да ја реиздадат со темна корица како останатите.
Автоматски споено мислење:

Хари Потер не бил издаден од Литература.мк, туку од Арс Ламина. :pos: :pos: :pos: Ова шуто, а се боде! Имаше многу јака стихувана басна од моето детство кое уште си ја памтам:

Шута сакала да ги земе
роговите на овенот јак.
Се подготвила за тоа
и за двобој му дала знак.
Се затрчала за да го сруши,
но ги загубила и своите уши.

Прегледај го приврзокот 306119
Е сеа си ја збунил скроз. :ROFLMAO: Нека направи некој група и да не пуштаме тетки и стринки плис.
 
Чекајте малце, а bookland ќе имаат ли штанд на Саем?
Пишува дека имаат -25% на нивната веб страна и во нивната книжарница до 18ти. Ништо не спомнуваат за Саемот, така, мислам дека нема да бидат.

Полица.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom