Вот мн сака филмови искрено ретко кој би ги поднесол, разбирам, тој сака несекојдневен, обичен, ама под никоја околност никаде виден ни друг пат повторен однос меѓу еден пар. И 100 посто иако навистина појма немам ништо за филмов, многу сакам нео боички, а кога ќе видам нешто нео кај филм, бегам ко од ѓавол и така и од овој бегам со години, ама гарантирам дека има некој искулиран пар, по секој основ ослободен од секаков оков на очите, ушите и устата на општеството, не мора ништо ни да се случува, само битен е тој еден пар и она што нив им се случува, т.е во овие филмови не им се случува за мои очи и Кенди беше единствен филм што во кој видов што сака да гледа Вот, ама во поблага форма од тие другите поомилените. Кажи така е
@wot ?
Озбилно, некои од вас тука имате такви филмови, спрема кои јас си правам некоја слика за вас и за што сакате да гледате и порано кога активно гледав филмови, секогаш ќе се најдеше некој филм што немаше да ми биде таман поради нешто и на многу филмови сум помислила е овој таман за овој или оној од тука. За жал, надвор вакви луѓе немам.
И затоа деца бидете си свои и оставајте вие печат на филмовите, не се губете во оцените и предрасудите. Ех Вато да беше тука ќе ме разбереше...
Јас пример еве да ви кажам што сакам ако ве интересира да читате, обожавам ноари, ама и мн сакам да гледам страв, хорор, терор, очај, ама не сакам да гледам колење, вадење црева, крв пример сакам, ама повеќе сакам да ја гледам да тече од ѕид него од истурени црева, сакам мачење, ама повеќе сакам да гледам балерина која се мачи да се усоврши и многу повеќе сакам да и ги гледам крвавите стапала во една мала соба каде што е сама и никој ништо со сила не ја тера да постигне, отколку рандом сечење стапала на некои туристи од некои психопати.
И да се соберат три сцени во кои јас наоѓам нешто што сакам, за мене тоа ќе биде најдобриот филм на сите времиња па колку сакало било нелогично и неповрзано и без смисла. Затоа го сакам Аргенто, Buñuel, По, па и Полански, затоа што во нивните филмови и приказни прво најпрво сум заприметила дека она што сакам да го гледам сум го видела само кај нив и толку, и не можам само да ги репризирам за да си ги задоволам сетилата, ретко многу ќе скокне нешто низ годините кај што ќе се извадам од памет од среќа, ама нема со кој да споделам и ако ме прашаат кој жанр го сакаш и ако кажам хорор ќе излажам, ќе треба многу да објаснувам и да навлегувам, ќе ме направат луда и затоа чувајте ме мене, многу се ретки и ги нема луѓето кои во суштина го знаат вистиснското вие и што мислите вие кога ќе кажете сакам хорор. Јас во вашите предлози секогаш ве гледам вас, до душа и колку можат да бидат филмови што ти ја отсликуваат душата, сме ги кажале на почеток сите, ама за секој предлог за некои од тука, точно знам зошто е удрен печатот.