- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.752
- Поени од реакции
- 2.564
Жена под влијание (1974)
Џон Касаветис е филмски актер и режисер, кој со хонорарите од улогите ги финансира своите филмови. Еден од првите независни режисери надвор од Холивуд, чиишто филмови во синема верите стил ги прикажуваат не баш обичните проблеми на секојдневните луѓе во потрага по љубовта. Допира не баш лесни теми, кои не би поминале кај големите филмски студија.
Така е и со овој филм. Се работи за еден физички работник, којшто и покрај најдобрите намери, баш и не се снаоѓа во улогата на сопруг и татко особено откако неговата сопруга покажува знаци на некакво ментално растројство.
Овој филм дава предност на содржината и на спонтаната актерска игра, често пати можеби и резултат на импровизација, сосема спротивно од претходниот предлог каде сите елементи беа прережирани на сметка на приказната.
Камерата често знае да излезе од фокус, да избега од идеалното кадрирање, да појави шум заради некористење на осветлување, но сето тоа само придонесува кон верното отсликување на реалноста, која е далеку од идеална.
Маестрално одиграна улогата од Џина Роулендс, која патем игра во повеќето филмови на Касаветис, а во приватниот живот ја има улогата на негова сопруга. Колку што забележав на шпицата, вистинската мајка на Џина ја игра мајката на Мејбл, а мајката на режисерот ја игра мајката на Ник. И во другите филмови Касаветис ангажира свои пријатели и роднини, како што користи и приватни локации за снимање.
7/10