Де бе па ти, го мислев како комплимент. Не за согласувањето, туку како вие да сте ги пишувале, а ве знам дека не сте ни блиску лоши ко дечкиве.
Jaс како највечи фан на Ное многу одамна не изгледав ниту едно интервју, не знаев кој е кастот... само знаев за постерот и дека ќе нема цензура. Не знам зашо толку си навлегол пред гледање на филмот, што до некоја мера си си го уништил сам. Но, сепак не мислам дека е тој случајот. Муабетов ме потсети на
@Anon у темата за GoT мислам, кога хејташе една јака епизода само затоа што покажале пенис. За разлика од другите негови филмови, овој ми е најмалку шокантен, бидејќи е нормален несимулиран секс, што би го ставил во паралела со првиот бакнеж меѓу црнец и бела жена на екран, кога ги цензурираа бакнежите во уметноста. Овој е пионер. Ги руши границите за понатаму. Во Enter the Void имаше сцена со ејакулација од перспектива на вагината, во Irreverssible имаше едно од најгрдите силувања на платно... ама затоа е сега една од најкултните сцени нели? Секогаш ќе има луѓе на кои ова ќе им е премногу, ќе искочат од театар неколку стотици можеби на сцената, ама on the long run како се памти сцената? Култна. И не само затоа што шокира, туку затоа што пренесува нешто најблиску до реално на екран. Дали мислиш ако таа сцена беше цензурирана со класичните холивудски кадри, користеќи бади дабл ќе го имаше истиот статус денес? Истиот статус филмот? Не. Ама сепак одговори ако сакаш.
Ное прави филмови од љубов, негови визии, нешто како Јодоровски. Тоа дека го прави само за да шокира, да добие на публицитет, воопшто не е случајот. Нека се преваспитаат врапчињата. Тоа дека е егоцентричен во филмот беа баш интересени моменти, бидејќи не претставува фикција во филмот, сака да претстави нешто што нему му се случило, мене, секој втор-трет што ќе го гледа филмот. Сексот во филмот воопшто не е табу, според мене (можеби не во толкава застапеност) треба да биде редовно така прикажан кога има секс сцени. Затоа постојат класификации нели? Pg 13, rated R, 18+...
Навистина не знам зашо сте згрозени од НОРМАЛЕН секс. Мака ми е што тој ви го поебал цел филм и секое чувство што сака да го пренесе Ное.
Мислам секој што се ставил таму надвор бил некад изневерен, се има дерено у такси, имал фантазии за тројка, бил опседнат со некој/а или сакал да го стави у се шо мрда. И тоа само како споредни моменти, близината што Ное ја прикажа у филмот, интимноста (не мислејќи тука на сексот) во ниту еден друг не сум почувствувал, приметил. Ти си само згрозен, не го оценуваш филмот. Треба објективност, мене не ми се дигна 3 дена после Српски Филм, ама филмот има толку многу други квалитетни елементи...