Слушав неколку подкасти, сите форсираат дека ќе гледаме квалитетно и атрактивно финале, се надевам дека нема да ги урочат и дека ќе биде така.
Кој ќе победи горе-доле исто ми е, иако врз Сити и Гвардиола е огромен притисок. Како сите да чекаат да изгубат и да плукаат по Гвардиола како не го бива и освојувал ради Меси, а доколку победи, исто нема да му се признае многу, пак ќе се пишува повеќе за парите. Може поради ова малку повеќе сум за Сити.
Ми се допаѓа како играат и двата клуба, што е заслуга на одличните тренери. Тухел ова што го направи со Челзи е за секоја почит, малку делува и неверојатно. Не тоа што стигнаа да финале, туку како изгледаат под негово водство за така брз период. И не за џабе се врти по медиумите дека овој Челзи е најнезгоден противник за Сити.