Македонски филмови

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.994
Поени од реакции
8.322
Има 24 HD стрим на MaxTVGO сосема океј делува.
Прегледај го приврзокот 295895

Е сеа каков ќе биде квалитетот на филмот ќе видиме.
Малку е проблем тоа што 24 на MaxTVGO не овозможува мотање наназад и „парчињата“ се бришат по 3 минути, ќе биде замарање малку да го рипнам од тука ама ако е добра снимката ќе се помачам.
Мада може и да не е ХД стримов пошо на сите 3 квалитетот е ист. :D
Тој од НашаТВ не ми се свиѓа баш.
Пробај сними го стави го на Јутјуб или некаде за симнување. Почнува за некоја минутка.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.994
Поени од реакции
8.322
Снимката е супер на Самоуништување. Штета не може да се мода назад на MaxTV GO 24 телевизија. Го фатив отпочеток но додека вклучив лаптоп веќе неколку минутки почнат беше филмов.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.207
Фаќај правец за Белград и напрај еден camrip! :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.207

Ова ќе биде некоја тешка глупост од сликите и видеата што ги видов. :D
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.667
Поени од реакции
88.546
Интересно парче архива, се гледа дека новинаров им досаѓа на сите :icon_lol: . Нејсе, убаво е да се види како течело снимањето на филмот, скоро и да нема никакви материјали од снимањата од позади камерата во постарите филмови. Ристо Шишков со чадорчето :love:

 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.253
Поени од реакции
46.643

Квалитетната актерска фела, составена од David Mukka, Христијан Тасковски -Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој викенд премиерно ќе ја внесат јавноста во неизвесниот свет на BLACK OPS, исполнет со уникатна форма на акцијата и драмата како жанрови- информираат од продукцијата.

tenor.gif
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.207
Не мораше да ја поганиме темава со џган ко Тамара или чудово што ни самите не знаат што е, филм или серија.

На инста се претставуваа ко филм, овде ко серија. На крај ќе биде much ado about nothing, што би рекол Шекспир.

Нит ќе ја доснимаат серијата, нит ќе направат филм, ама важно пола година снимаа трејлер и сега ќе имаат премиера на трејлер во кино. :confused:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.994
Поени од реакции
8.322
Која е логиката прво трејлер па потоа снимање епизода? Во трејлеров ќе се сцени што ќе бидат и во серијава или филмов што и да е?

Без разлика кој се во екипава и дали воопшто сето ова целосно ќе се реализира убаво што им текнало воопшто на млади за вакво нешто иако нема логика прво трејлер па потоа снимање на целата содржина.

Е сега ако се реализира ова целосно ние публиката сме тие што ќе оцениме дали ќе биде гледливо или не.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.207
Од убави вести неделава:

Се надевам проекцијата на Јутјуб нема да биде некој со камера седнат у летното кино да го снима платното додека од околу се слушаат коли, точаци и слични тракатанци. :icon_lol:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.190
Поени од реакции
10.207
Се стиша нешто третолигашот ММ. А еве и зошто. Во последниве два месеци лапнал 21 милион за Кајмак, па сега никој не му е крив.

За потсетување „Кајмак“ е поддржан од државата со 30 милиончиња, а исплатени се 21 милион денари пред какво било снимање (70 % од буџетот исплатен без ниеден снимен кадар) додека другите продукции земаат по отприлика милион и пол пред снимање.

1623089792492.png


За споредба, еден друг филм наречен „Мими“ добива 22.750.000 ден. на денот кога го завршува снимањето. Инаку втор филм на Даријан Пејоски. И претходниот месец уште 7 мил. (5 месеци по завршување на снимањето).

1623090448179.png

Чему е третолигашот толку посебен од другиве филмски зналци, м?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom