- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.190
- Поени од реакции
- 10.207
Пак погрешно.Македонскиот дел од пеколот
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Оригиналниот наслов вика дека македонски е нечленувано.
Пак погрешно.Македонскиот дел од пеколот
"Македонски дел од пеколот".
фала виМакедонскиот дел од пеколот
Еве го со подобра снимка од vhs рипот што излезе пред некоја година.Некој случајно да не го има или знае каде можам да го најдам Од Зад Грб филмот од 85?
cenaГотово е изданието со кратки играни филмови.
И секогаш кога очекувам нешто се разочарувам, стандард приказна.
Муабетите беа реставрирање на македонски кратки филмови, а реставрирање имало само за првите две цедеа.
Третото е со филмови од последните десет години, четвртото со филмови од последните пет години. Не ја сфаќам поентата овие филмчиња да се најдат во ваква антологија кога поголемиот дел веќе сум ги гледал или ги имам во HD со одличен квалитет.
ЦД 1 ги содржи:
- Бунт на куклите - р. Димитрие Османли (не ми е гледан)
- Подарок од веселиот молер - р. Димитар Ќостаров (одлично филмче)
- Сонце зад решетки - р. Славко Јаневски (не ми е гледан)
- Твојот роденден - р. Здравко Велимировиќ (одличен)
- Неволјите на покојниот К.К. - р. Здравко Велимировиќ (од овој и другите по него од ЦД 1, нема снимка на нет)
- Лифт горе, лифт долу - р. Душко Наумовски
- Споменик - р. Вељо Личеноски
- Човекот во црно - р. Бранко Ставрев
- Денес треба нешто да се случи - р. Миле Гроздановски
ЦД 2:
- Станар - р. Милчо Манчевски
- Полноќно сонце - р. Љупчо Билбиловски
- Со кренати раце - р. Митко Панов (филмот што ни донел Златна палма во Кан за краток филм)
- Исчезнувањето на Сузана Арсова - р. Борис Дамовски (за филмот пред реставрацијата не постоеше никакво инфо на нет)
- Чарли Паркер, љубов моја - р. Аљоша Симјановски
- Ливада - р. Митко Панов
ЦД 3:
- На изгрејсонце - р. Ѓорче Ставрески
- Образ - р. Стефан Сидовски
- Епизодист - р. Игор Алексов
- Шумарот - р. Изер Алиу
- Бардо - р. Марија Апчевска
- Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава - р. Вардан Тозија
- Четврток - р. Милчо Манчевски
- Долу од рајот - р. Саша Станишиќ
Од ЦД3 сите изгледани и освен Епизодист и Човекот другите не ме бендисуваат.
ЦД 4:
- Борба за смрт - р. Елеонора Венинова
- Ќе дојдат децата - р. Ана Јакимска
- Види ја ти неа - р. Горан Столевски
- Љубовникот - р. Игор Иванов
- Без љубов - р. Дина Дума
- Магнолија - р. Ана Опачиќ
- Налепница - р. Георги Унковски
- Блузот на фармерот - р. Ибер Деари
Освен Магнолија и Борба другиве ми се гледани и сите се добри или одлични, али зошто филмови од 2019/2020 се ставаат во ваква антологија?!
На прв поглед чудно ми е како го нема "Бубачки" на Изи што беше во конкуренција за Мечка, а освои и Златен Леопард во Локарно. Очекував и "Остани исправен" да го видам на Ристевски, али...
Прегледај го приврзокот 295060