Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Негде пред две три години ја барав Убав нов свет од Хаксли и видов дека ја имаат во универзитетска библиотека. Отидов таму и после 20 минути најдов некој од луѓето да ми помогне со книгата. Влеговме во еден магацин кај шо имаше илјадници книги во пакети од овие ѕвезди на светската книжевност кои само стоеја таму. Ја најде книгата, му викам да платам колку беше таму 250 денари, ми вика - Абе уживај, јас частам :D
 
Мислам и Сусаро го правеше овој муабет тука.
Баш пред некоја недела ја завршив Опашки од гуштери, ја видов на снимкава дел е од таа едиција Светско книжевно богатство, барав од кој проект е оти досега немав читано книга со толку квалитетна изработка и хартија а ја купив на саемот околу нова година за 100 денари. Штета е да гнијат вака книгите а стварно има добри наслови во нив.
 
Имате купено некоја книга од класиците во академска книга по 160 денари шо се? Ме интересира дали се во добра состојба и дали се џебно издание?
 
Имате купено некоја книга од класиците во академска книга по 160 денари шо се? Ме интересира дали се во добра состојба и дали се џебно издание?
Тие што се 69 денари (сега онлајн намалени на 55 денари) се џебни изданија. Тие што се 169 (сега намалени на 135), Penguin classics, се нормален формат, и потполно се нови. Не во добра, туку во одлична состојба.
 
Дечки да не знае некој кај би можел да ја најдам Cashflow Quadrant од Кијосаки, у академска ми викаат дека ги дале. На англиски е книгата само
 
Дечки да не знае некој кај би можел да ја најдам Cashflow Quadrant од Кијосаки, у академска ми викаат дека ги дале. На англиски е книгата само
Само Икона или Академска, кај нас.
 
Јас успеав да најдам време за Херои и гробови само на едно место - во болница :D 20 дена лежев таму и ја прочитав за нецела недела. Мене ме фасцинира Трактатот за слепите (или беше Извештај за слепите), морници ме лазеа додека го читав и болката од стомакот ми се пренесе на душа. :D После тоа планирав да го читам третиот дел, ама ми беше преголем залак, нека постои уште малку на полица.

Инаку во моментов ја читам Хазарски речник, ја најдов во групите на фејсбук. Какво неверојатно дело, многу ми е криво што не сум ја читал порано.
Ја прочита ли Хазарски речник?
 
Мислам дека би било убаво да се направи една тема каде би објавувале разни новитети од нашите издавачки куќи. Издавањето класици стана реткост затоа и сум пријатно изненаден, е сега колку е квалитетно сработено останува да каже некој што ќе го прочита. Screenshot_20210611-001615_Facebook.jpg
 
Вака убав дизајн на корица имаат, плус ставиле тврд повез, сигурно и хартијата е океј, а не некој тоалет папир... колку е саглам преводот во Топер е прашањето.
 
Мислам дека би било убаво да се направи една тема каде би објавувале разни новитети од нашите издавачки куќи. Издавањето класици стана реткост затоа и сум пријатно изненаден, е сега колку е квалитетно сработено останува да каже некој што ќе го прочита. Прегледај го приврзокот 298043
Со години не зимам ништо од нив заради катастрофални преводи. Бронте се посебно специфични за превод, баш ме интересира дали се подобриле последниот период.
 
И јас сум за тема каде ќе се објавуваат новите изданија. Имав таква иницијатива кога ја ставив "Дамски гамбит". Вака сѐ ставам во темата за Саем (саемот служи и за промоции, затоа таму). Ќе биде одлична тема и за промовирање на домашните автори.

Серијалот "Игра на тронови", ми беше добар. Единствена замерка ми беше што во една книга има двојно испринтани страници. Преводот ми е ок. Друго ништо немам од Топер.

Подобро ќе биде од преводите на МПМ каде беше преведена "Оркански височини". "Професорот" мислам дека беше од Магор, ама ја немам прочитано.

Чисто се сомневам дека ќе има пристапна цена, станува збор за Топер, ама ми се допаѓа идејата за вакви изданија. Иако станува збор за книги без авторски права, лупаат цени како ненормални. Знам за тековните трошоци, од преведувачи, дизајнер на корица, лектор, принтање, даноци, вработени, кирии...ама за нашиот стандард книгите се доста скапи. Можам да направам споредба со една Србија. Поисплатливо е да се купуваат на српски (или на англиски класиците се 169-199 ден) отколку на македонски, што е тажно. Исклучок се Полица каде знаат да дадат класици со дебел повез за 100че од време на време.

Го гледам и попустот на Арс Ламина. Она што ми фаќа око е на 10% (или 30тина ден)! Кој сака нека во види на нивната веб страна.
 
3 книги се во една, 840 страници, плус тврд повез така што океј цена е. Само што си немаме стандард и Топер се познати по неквалитетен превод.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom