Говорете македонски!

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
А,да проверевте прво...
Screenshot_20200713-172217_Chrome.jpg
Заборавивте дека Протестантите протестирале против Католичката Црква(поради грешки,недоследности и злоупотреби) и поради тоа се вака наречени.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Тенис на маса :D :D
Некој стварно се мисли за паметен, ако буквално го преведе англискиот збор?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Тенис на маса :D :D
Некој стварно се мисли за паметен, ако буквално го преведе англискиот збор?
Скоро секаде е „тенис на маса“. Англија, Франција, Германија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, Украина, Русија...
Само ние и Албанците го користиме зборот „пинг-понг“.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Скоро секаде е „тенис на маса“. Англија, Франција, Германија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, Украина, Русија...
Само ние и Албанците го користиме зборот „пинг-понг“.
Голем дел од вокабуларот на светско ниво е навлезен од англиски или француски јазик, заеби тоа Словенија, Хрватска, Србија, Украина... од овие земји можеш да добиеш некој имигрант, а не лексика. :D

П.С. пинг понг се наоѓа и во англиски, француски и други јазици ако разгледаш. Во статиите на Википедија стои, table tennis or ping-pong, само што они повеќе го прифатиле првиот термин.
 
Член од
17 август 2020
Мислења
2.231
Поени од реакции
1.612
Тенис на маса :D :D
Некој стварно се мисли за паметен, ако буквално го преведе англискиот збор?
Правилно на македонски би требао да е тенис на маса. Пинг-понг е на кинески.:D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Правилно на македонски би требао да е тенис на маса. Пинг-понг е на кинески.:D
Прво не би рекол дека тенис на маса е среќен избор.
Второ, терминот е без цртичка.
Трето, терминот не е од денес или вчера, во нашиот јазик постои стотина години и има фатено корен, а ако фатил корен и традиција, не треба и не смее да се менува.

Правилно е да си остане како што е, а да се смислуваат зборови за странските неологизми кои секојдневно ни параат уши.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.918
Правилно на македонски би требао да е тенис на маса. Пинг-понг е на кинески.:D
Пинг понг е кинески, а тенис е македонски исто колку и пенис :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.604
Божиќ со К напишан од нашиот министер за здравство и тоа е се што треба да знаете за оваа земја.
И мене ми сметаше ова, Стеф. Има дури и книги на македонски издадени со Божик во насловот или уште 100 пати Божик во текстот. Ама литературно е. И двете форми се прифатливи. Еве од правописот:

Б.jpg
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.161
Поени од реакции
107.613
И мене ми сметаше ова, Стеф. Има дури и книги на македонски издадени со Божик во насловот или уште 100 пати Божик во текстот. Ама литературно е. И двете форми се прифатливи. Еве од правописот:

Прегледај го приврзокот 280196
Знам сега и јас проверив откако Bateman пиша под мене пост. Не знам, за мене увек ќе биде Божиќ, али секако му се извинувам на министерот за превидот кој го направив. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Во старите учебници сме го учеле ко Божиќ, требаше на факултет да се запишам за да научам дека можело и Божик. Е сега, ако е правилно не значи дека ми се допаѓа и би го употребил. За мене Божиќ е само Божиќ. Со Ќ и никако поинаку!

Тоа што некои пуританци се обидуваат да го наметнат со К претпоставувам е истата работа ко Хрвативе, да биде поразлично од Србите!
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Во старите учебници сме го учеле ко Божиќ, требаше на факултет да се запишам за да научам дека можело и Божик. Е сега, ако е правилно не значи дека ми се допаѓа и би го употребил. За мене Божиќ е само Божиќ. Со Ќ и никако поинаку!

Тоа што некои пуританци се обидуваат да го наметнат со К претпоставувам е истата работа ко Хрвативе, да биде поразлично од Србите!
Причината е што на тастатурата не можело да најде и ниту знае дека има Ќ и пак ставил К ете затоа

Sent from my SM-N986U using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom