The Walking Dead

Кај ќе може да се глеа освен на торент новава епизода?
 
Скоро видов на Фокс ја даваат по 4 епизоди на ден, па ја продолжив од почеток на 8ма сезона.

Претходно ја имав баталено негде 8 сезона, не знам 5 или 6 епизода беше.

Стигнав до 9 епизода од 9 сезона. Ми се свиѓа како се движи новава сезона со whisperers и новиве ликови.

Ептен беа здосадени и Рик и Карл и Меги.
 
Јас на Фокс ги следам од S01Е01, освен еден мал период што ги промашив, па ги симнував да ги изгледам.
Најинтересен дел ми беше кога чекавме цела сезона и нагаѓавме кого отепал Ниган, како и смртта на Џисас. :)

Најкриво ми беше што го откачија Карл, а момчето само што си купило куќа во близина каде се снимала серијата ...
 
Здосаден беше Карл реално, а и овој докторов што го спаси Карл ептен почна да забегува, фала богу што се куртулија од него.

Инаку досега за мене деветта сезона беше најдобра од последниве пет-шест сезони, возбудлива скоро како првите сезони. Освен финалето со снегот, немаше некоја досадна и патетична епизода.

Во десетава сезона, еве до 9 епизода сум и пак има некој пад.
Баш ме интересира што ќе се дешава натаму и кои ќе испаднат оние ликовите ко од Стар Ворс испаднати што ги најавуваат на Фокс. :icon_mrgr:

И Џудит е право освежување во серијава, браво за репликите што и ги напишале, ама и за девојчето што глуми. A daughter every father would want. Smart baddass. :D
 
Здосаден беше Карл реално
Сценаристите таков го направиле. А во стрипот (според кој е снимена серијата, барем во некој дел), Карл е еден од ликовите што останува на крај, и со жена и дете си живее некаде на своја фарма.
И Џудит е право освежување во серијава
Џудит е срцка :)
Баш ме интересира што ќе се дешава натаму и кои ќе испаднат оние ликовите ко од Стар Ворс испаднати што ги најавуваат на Фокс. :icon_mrgr:
Е, да, или ќе бидат интересни, или не, ќе видиме :)
 
Јаооо што е сладок Хершел на Меги.

qNddcRt.jpg

Мали Глен :)

Малиглен :|

Мариглен :(

mfh6bEZ.jpg

Аааааааааа
 
Брееј до 11 сезона стигнала серијава. Имаат ли план да ја завршат? Веројатно додека има гледаност ќе снимат нови епизоди.
 
Брееј до 11 сезона стигнала серијава. Имаат ли план да ја завршат? Веројатно додека има гледаност ќе снимат нови епизоди.
11 мислам дека ќе биде последна со овие специјалциве. Некаде прочитав дека актерката што ја глуми таа во розевото (нешто со Queen и беше името) имаше кажано дека имала договор потпишано само за оваа сезона и дека ништо не и спомнале за следна сезона иако никаде не пишувало дека ќе умре нејзиниот лик.
 
Брееј до 11 сезона стигнала серијава. Имаат ли план да ја завршат? Веројатно додека има гледаност ќе снимат нови епизоди.
Моментално се на 20 епизода, 10 сезона.
Официјално, 11тата сезона ќе биде последна.
 
Моментално се на 20 епизода, 10 сезона.
Официјално, 11тата сезона ќе биде последна.
Ама сега ова што се дава се води како трето продолжение на 10 сезона (2 х 9 епизоди и сега третово тоа се 27 епизоди). Колку епизоди ќе има 11та ? 18 како предходно или 27 ?
 
Ама сега ова што се дава се води како трето продолжение на 10 сезона (2 х 9 епизоди и сега третово тоа се 27 епизоди). Колку епизоди ќе има 11та ? 18 како предходно или 27 ?
На imdb пишува 24 епизоди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom