UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 март 2021
Мислења
29
Поени од реакции
58
Сити моментално е класа над сите други тимови, и ќе бид чудо ако оваа година не освојат. Единствено што може да ги спречи е ако Пеп повторно почне да измислува топла вода кога не треба.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.344
Поени од реакции
108.655
Сити моментално е класа над сите други тимови, и ќе бид чудо ако оваа година не освојат. Единствено што може да ги спречи е ако Пеп повторно почне да измислува топла вода кога не треба.
Во ред е сево ова, се слагам, ама секоја година е истиов муабет. Необјасниво Пеп измислува топла вода и губи од противници од кои не смее да загуби, со сета должна почит према Лион, Монако и Тотенхем. Мене многу ме интересира евентуален двомеч меѓу нив и Баерн, од лани стојам на ставот дека они ќе го убијат овој Баерн на Флик, ама да видиме прво дали ќе пројдат Баерн пошо играат со ПСЖ.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.843
Да не заборавиме дека Сити веројатно двапати ќе игра на неутрален терен со Дортмунд ,додека Реал нема да игра во Мадрид дома,а ќе одат на Енфилд. Знајме дека нема публика ама терените се битни.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.891
Поени од реакции
11.240
Баерн-Сити би било многу јако финале а?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.105
Поени од реакции
84.766
Ако не ги тепаме Ливерпул и Порто во двомеч треба да се стави клучот на врата. Во финале со ПСЖ ќе биде потешко.
Пред некое посто ги хејташе фановиве на Реал и викаше дека не ги бива и ќе ги размонитраат даље значи..

Колега Челзијаш? :D
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.656
Поени од реакции
14.512
Во ред е сево ова, се слагам, ама секоја година е истиов муабет. Необјасниво Пеп измислува топла вода и губи од противници од кои не смее да загуби, со сета должна почит према Лион, Монако и Тотенхем. Мене многу ме интересира евентуален двомеч меѓу нив и Баерн, од лани стојам на ставот дека они ќе го убијат овој Баерн на Флик, ама да видиме прво дали ќе пројдат Баерн пошо играат со ПСЖ.
А да видиме прво дали Сити ќе го пројдат Дортмунд а?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.105
Поени од реакции
84.766
Мислам во последниве три страни СИТЕ ЕКИПИ освен Дортмунд и Порто беа спомнати како финалисти

И 99% од постовите се "Топ, со Ливерпул во 1/2 финале, па после у финале ќе е зезнато", "Добро ќе биде да ги тепаме Сити во 1/2 финале, сакав порано", "Ќе биде интересно Баерн-ПСЖ финале", "Сити лагано до финале", "Челзи-Баерн финале" и се по ред..
Онака, сигурни, уверливи, ни проценти ни ништо :D

..добро, ваљда еден од овие ќе погоди :D

Ама како што реков, фактот дека фудбалот општо е претерано паднат говори и темава оваа година кога сите фанови освен нели, Стелт, негативно си ги перцепираа екипите, а и за секоја екипа следеше "Au, bolji da otpadnat vo 1/8 finale, za da ne se sramotat"

Гарантирам дека Јуве некако на пенали да ги поминеше Порто, сега ќе имаше постови "Ova e sezonata za Ronaldo, da se prosti od Juve so LSh, super pat ima, sramota e ako ne moze da gi pomine ovie Celzi/Real/Liverpul/Dortmund/PSG/Whatever"
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Шала на страна Интер, ПСЖ, Сити и Бајерн 04 се најдобрите екипи во Европа моментално, така што јасно е дека едната страна од жрепката е многу посилна од другата. Биче жустро.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Сто години фудбал гледате и упорно после секоја ждрепка зборувате за фаворити во нокаут-фаза во ЛШ.

Па уште Сити бил една класа над сите, земи ме Господе. :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.105
Поени од реакции
84.766
Ајде, вака на прва, анализи

Баерн-ПСЖ:
Најинтересен меч, дефинитивно немаа среќа ни двете екипи. Освен ако не ги погоди некој малер Баерн па да паднат во форма во тие две недели, би требало да одат даље. Фаворити се Баерн, ама ако ПСЖ влезат озбилно, никој не смее да ги отпише, сепак и Баерн не се така непобедливи како што делуваат. Еве добар тест за Покетино, од него ќе зависи многу. Добро е за ПСЖ што Нејмар нема и друга сестра што слави роденден во Април.

Порто-Челзи:
Ова е еден од најлошите екипи на Порто во последните години. Дури и оној Челзи од стартот на седзоанта мислам ќе ги помине. Далеку од тоа дека ќе биде лесно, ама ако беше срамота за Јувентус да отпадне и да биде надигран..нема зошто тоа да не биде случај и за Челзи. На сите фрлени пари и се тоа... Челзи се фаворити, Порто ќе се надева дека ќе се повтори ситуацијата од 1/8 финалето. Сепак Тухел не е Пирло, така да ќе треба Порто да ги повтори партиите на Ајакс од пред пар сезони за да стигне до 1/2 финалето. Секоја чест ако им успее

Сити-Дортмунд
Типична замка утакмица за Пеп. Ама онака типична :D Секоја логика вели дека Сити треба да одат даље. Треба само да си одиграат тоа што играат цела сезона. Ќе дадам некоја шанса на Дортмунд дека би "изненадиле", па да испадне ова двомеч со многу погодоци каде се е можно

Реал-Ливерпул
Моменталната форма ќе одлучува таму, тука е џабе било што да се збори. Подеднакво отепани екипи во моментов, не би се изненадил и 120 минути да се игра на реваншот. Во моментов би дал блага предност на Ливерпул можеби, мислам дека се за нијанса подобри, ама нели, 50-50 меч, од неутрален аспект ќе уживам во мечов па макар и да се играат 210 минути 0-0 без шут на гол :D
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
860
Поени од реакции
1.372
најтешкиот пат до финале

ПСЖ е 3 пати појак тим на хартија , на терен ке видиме кој е што е.
Јас мислам искрено дека Ханси Флик тек сега ке покаже каков тренер е уствари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom