- Член од
- 14 октомври 2007
- Мислења
- 2.674
- Поени од реакции
- 2.731
Иам тебра и на оваа еден пост, можеш и да ме рендаш за еден дел од тој пост, али нема везе, тоа е засега, можда ќе се смени.@Нинович тебра ај повтори го твојот единствен пост на темата Калчо, тој од 19/20 темата пошто на оваа сеуште немаш мислење.
Кажи што мислеше Јуве со Пирло, под превези револуции и нешто слично.
Ај.
Шала на страна, тоа што го зборевме со Џимеј (и миљон други тука), го мислам и сега, чак и уште сум посигурен после ова што им се деси со Порто.
Секој голем клуб на кој првична цел во моментот му е да освои ЛШ, после онаков дебакл со Порто, кој да се потсетиме не е најјакиот Порто во последнава деценија, туку можда најслабиот (хинт: видете во домашно првенство каде се и што праат), го отпушта тренерот уште истата вечер, освен ако не е некој тренер со јако педигре и бекраунд зад себе. Сеа ќе речат: Е како не, милион дебакли имало, не ги отпуштале тренерите одма. Е да, бате, имало. Али прво и основно тие тренери не биле аматери со лоши (незадоволителни) резултати и низ преостанатиот дел од сезоната, а не само на таа утакмица. И второ, тие тимови не донеле играч којшто го плаќаат 30 милиони годишно само за да освојат ЛШ и имаат непресушни извори на арапски пари. Да не се лажеме, Јувентус сигурно не го донесе Роналдо за Серие А. Таа инвестиција им беше искључиво очајнички обид за да се освои ЛШ. И не успеаа. Исто така е факт дека 99% ова лето Роналдо си оди. Јебига, Роналдо е поголем од Јувентус во моментов. Чак и по освоени титули во ЛШ. Затоа во ваква ситуација чак и тој, познавајќи какво арогантно копиле е, никад тој крив за ништо, ќе превали кривица и ќе одлучи да си оди. А и Јувентус, којшто плаќа многу за него, збори за реконструкција и нема да има ништо против тоа. Ете го Киеза ѕвезда у успону, Дибала, ќе се најде уште еден Кулушевски и Де Лихт и ќе се збори за тоа дека сеа се гради тим околу нив.
Е тука влага Пирло. Штом не го избркаа сега, нема да го избркаат и ако заврши втор-трет-четврт во Серие А. Тоа значи дека сите оние приказни кога го ангажираа дека му веруваат и се работи за веднаш спремен генијалец кај кого нема да се осети неискуство - паѓаат во вода. Пирло е донесен за да се има еден изговор плус за трпение кај навивачите за она што неминовно му следи на Јувентус многу брзо. Крај на една фудбалска ера, обнова и заокрет кој мора да се деси кај секој тим горе доле. Не е тоа ништо страшно, ниту за навреда. Враќањето на врвот кај некого трае подолго, кај некого пократко, ама секој циклус мора да има крај, јебига, не знам зошто навивачите на Јувентус мислат дека ги вреѓаш ако им го кажеш ова. Можда Јувентус ќе се врати во сериозна битка за ЛШ многу брзо, ќе видиме. Ако некад уопште бил во сериозна битка.
Ете почнаа и бројките, минусите, билансите да излагаат, се гледа дека во Италија да одржаваш еден Роналдо 3 сезони, а да не ти ја донесе планираната пара и имиџ со освајање ЛШ - е потежок залак отколку на друго место, ти праи бељи, си остава последици (иако праи и пари со дресови, реклама не верувам дека тоа може да се рамња со парите и рекламата од освоена ЛШ). Почнаа и изјави дека ќе се пази колку ќе се троши, нема огромни засилувања и слично. Затоа е Пирло тука. Тој ќе се гради ко тренер и нов Јувентус ќе се гради околу него. Искрено мислам дека во овој момент, Ањели е појше спремен да го замени цел директорски ешалон као Недвед, Паратичи и слично, со нови имиња, романтични за фановите, као Дел Пиеро, за да замачка очи, отколку да го смени Пирло. Чак и Роналдо би го пуштил, Пирло не. Можда грешим, ал ја сам таквог дојма.
И не само тоа, сеа во Јувентус има играчи со високи плати коишто беа земани во слободен трансфер и тимот мораше да им понуди повисоки плати од обично (Рабио, Ремзи) за да ги привлече, па сеа е тешко да ги продаеш (ако сакаш). Еве со Кедира се влечеа до многу скоро, братот не сакаше да чуе да си оди. Малце е заебана ситуација и овој процес на прелаз на генерации во Јувентус нема баш глатко да помине.
Ама па баш заради се ова погоре и бајги други работи е земен Пирло. Тој ќе си ќути, ќе голта кнедли и по некој блам ко со Порто, ќе мора да смишља паметни изјави, нема да каже ништо ни против некој играч ниту пак ЗА некој друг. Што ќе му обезбедат тоа ќе води. Ако случајно биде заменет може да биде со некој ко Симоне Инзаги, Де Зерби и слично коишто исто така нема да галамат многу и да бараат многу затоа што тоа ќе им биде прилика за којашто би молеле и се дешава једном у животу.
И да, морам да кажам. Единствено ми е жал за грдниот шупак Џиџи Буфон. Каков лигуш. Дојде Роналдо во Јувентус, а Џиџи којшто година претходно замина ко шупче, плачеше за назад, сакал да освои ЛШ сега откако дошол Роналдо. Во договорот вметна клаузула за минимален број одиграни утакмици за да го надминел Малдини. И еве се уште не освои ЛШ. Грев. Голем голман, огромен, али страшен таљански шупак.
И толку. Сеа ќе се нафрлат некои лоботомирани навивачи (част изузецима) и нема да има муабет овде. Али нека си тераат, можда и во право се, треба ние да си глеаме дворот свој Джонтра.