Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Некој ако има од вас хбо го дали ви го пушта налепница кратко мкд филм, кај мене дава грешка

 
Некој ако има од вас хбо го дали ви го пушта налепница кратко мкд филм, кај мене дава грешка

Грешка и кај мене дава.
 
Али не верувам и дека ќе ми даде нешто :D

Освен времето на ВХС, што била застарена технологија, да не речам уште ко сум се родил, другото сум го доживеал.

Само МРТ и Сител имав до кај 2004-та негде. Единствени извори на филмови за мене дотогаш. И да, гледав тоа што се даваше. А се даваа одлични наслови.

2004 набавив двд плеер, ама тешко доаѓав до филмови пошто немаше видеотека во мојов град, а не знаев никој што има компјутер да ми изреже двд.

Еј, додека другиве купуваа сувенири, играчки и трошеа на луна паркови, јас филмови купував од ексурзија. :D

Ми текнува и на првото ДВД што го купив, Enter the Dragon со Брус Ли и уште некој третолигашки филм со маестро Брус Ли. Уште го имам двд-то и мислам дека функционира, само омотот е малку напукнат.

Гледаш некоја тепачина на омотот и земаш, од кај знаеш каков е. Уште тогаш сум имал добар вкус. :pos:
Дури ми текнува и кога го земав филмот, имаше уште еден школски што беше ептен по филмови и имаше земено некој дел на Роки, го виде мој Брус Ли и ајде да се трампаме. Како не, за јебани Роки ќе го давам Брус Ли. :icon_mrgr:

Немаш интернет и мобилен да проверуваш каков е филмот, гледаш сликичката/омотот на ДВД-то и купуваш, па ако те сјебале да ти стават некој шведски акциони, ќе се чудиш како да се правдаш пред твоите дома. :icon_mrgr:


Компјутериве станаа актуелни последниве 10-13 години. Претходно во цело мое маало од 200 куќи, компјутери имаа само 2 куќи.

И мобилните пред 20 години беа изгор и ретко кој имаше. А за видео игри, нинтендо имаше, не плејстешани, мада и тоа немав, така што Бериќу Дундариону, и помладиве фатиле од тоа време ко се чекало пред телевизор само да пуштат некој филм и се гледало сè што пуштат. Без разлика што доста работи немало, убаво време.

Постот ме потсети на 2003-2004 некаде кога ми купија ДВД плеер. Пред мене да ми купат, му купија на еден другар и прв пат го гледавме Гангс оф Њујорк. Која возбуда беше од звуковите кој ги пренесуваа звушниците. :D За скоро ми купија и мене, прв филм што го купив беше Троја и тоа лето го изгледав 50 пати, со секој другар кој ми доаѓаше му го пуштав. Филмови најчесто се изнајмуваа на еден ден за 50 денари. После купував од стариот пазар во Струмица за 50 денари, па со продавачот излеговме дека сме роднини па ми даваше без пари филмови. После 2-3 години дојдов до компјутер и тогаш се научивме за замунда, е тоа беше рај. :D
 
Не би се бунел дури и ако и дадат Оскар на Андра Деј за The United States vs. Billie Holiday. Ама филмот е тешко пропагандно срање! Препорака да не го гледате.
 
Knives Out го реизгледав. Тежок woke, само што е рационално спакуван. Добар филм, али ништо за трескање од земја.
 
@Anon ај бе со жабите што се деси?

Озбилно, сакав да ја начнам таа дискусија конкретно, а и општо за Магнолија ко филм откако ќе го завршам ПТА па ќе напишам еден пост со сите рецензии за филмовите и мислење за авторот.
Ама кога веќе почнавме, не ме оставај ваков наежен и престрашен од језивата сцена. :D
 
@Anon ај бе со жабите што се деси?
Па тоа е де, убаво си пиша, со религија и како казна. И јакото е што има пред-знаци во филмот за настанот.
Треба да се репризира филмот, гледан ми е пред 10 години и 9 месеци :)
 
Не би се бунел дури и ако и дадат Оскар на Андра Деј за The United States vs. Billie Holiday. Ама филмот е тешко пропагандно срање! Препорака да не го гледате.
Зошто е пропаганда?
Не сум го гледала, па прашувам дека сакам да го гледам.
Тажна е животната приказна на Били Холидеј, очеувам филмот да прикаже дел од тоа
 
Зошто е пропаганда?
Не сум го гледала, па прашувам дека сакам да го гледам.
Тажна е животната приказна на Били Холидеј, очеувам филмот да прикаже дел од тоа
Ли Даниелс - секој негов филм е Black lives matter. Ама овој особено. Не беше ни 50% за Били Холидеј, туку за Strange Fruit и како таа песна била зачетокот на "civil rights movement" како и што ќе биде експлицитно нагласено од еден од ликовите, кој како Нострадамус знае што ќе се случува години, години подоцна. Цел филм беше како серија нафрлани моменти од животот на Били кои не водат никаде освен кон една цел: да прикажат колку црнците се обесправени, колку биле линчувани, судени за нешта за кои не смеело да им се суди
(типкава 90% од времето нафиксана на хероин, и наоѓаат цело време хероин во неа, подметнат или не, небитно, одбива да им каже од кај ја набавува, истрагата ја води агент од оддел за наркотици... Ама не, нејзе не и се судело за тоа, туку дека ја пеела Strange Fruit. :tapp: ).
 
Гретел разговараше за своите идеи околу правата и моќта на жените со вештерката.
Филмот беше за Гретел и можеше да се вика само Гретел.
 
Чилеанскиов кандидат за Оскар фингирано ми изгледа. Некако, ко да е филм по сценарио, а не документарец што го снимале, па што се случи-се случи. Држеше внимание зашто имаше интересни ликови, ама не ми е за номинација во странски филм.
 
Чилеанскиов кандидат за Оскар фингирано ми изгледа. Некако, ко да е филм по сценарио, а не документарец што го снимале, па што се случи-се случи. Држеше внимание, зашто имаше интересни ликови, ама не ми е за номинација во странски филм.

го изгледа Coming 2 America? Е тоа е филмче ко за тебе
 
Чилеанскиов кандидат за Оскар фингирано ми изгледа. Некако, ко да е филм по сценарио, а не документарец што го снимале, па што се случи-се случи. Држеше внимание зашто имаше интересни ликови, ама не ми е за номинација во странски филм.
Они снимале документарец внатре, за кој знаела управата на домот. Дедово го вметнуваат како таен агент, и го следат со камерите со образложение дека е нов жител на домот, па затоа се фокусираат на него. Затоа изгледа ко да е фингирано, си викаш: како може никој да не ги примети камерите и да не му падне чудно дека се снима документарец. Ама не е, никој во домот и од надвор не знаел дека дедото е член на екипата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom