Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.193
Поени од реакции
8.277
Некој ако има од вас хбо го дали ви го пушта налепница кратко мкд филм, кај мене дава грешка

 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Прејак момент. Дали ја сфаќаш симболиката?

:smirce:
Иам фобија од жаби, не можам да ги гледам, ми се пореметува цело тело и психа. Мижејќи ги поминав тие сцени доека паѓаа тие проклети суштества. Поготово у тоа сцената коа се разделија Си Рајли и црвеноцвикерашот, мрбробрб0пс0оеос мршшшшшшшшш.

Искрено не знам што точно означува врнење на жаби, само знам дека е нешто од Библијата. А за време на дождот од жаби у Магнолија, тие моменти, ликовите се ослободија од своето минато.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.059
Некој ако има од вас хбо го дали ви го пушта налепница кратко мкд филм, кај мене дава грешка

Грешка и кај мене дава.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.338
Али не верувам и дека ќе ми даде нешто :D

Освен времето на ВХС, што била застарена технологија, да не речам уште ко сум се родил, другото сум го доживеал.

Само МРТ и Сител имав до кај 2004-та негде. Единствени извори на филмови за мене дотогаш. И да, гледав тоа што се даваше. А се даваа одлични наслови.

2004 набавив двд плеер, ама тешко доаѓав до филмови пошто немаше видеотека во мојов град, а не знаев никој што има компјутер да ми изреже двд.

Еј, додека другиве купуваа сувенири, играчки и трошеа на луна паркови, јас филмови купував од ексурзија. :D

Ми текнува и на првото ДВД што го купив, Enter the Dragon со Брус Ли и уште некој третолигашки филм со маестро Брус Ли. Уште го имам двд-то и мислам дека функционира, само омотот е малку напукнат.

Гледаш некоја тепачина на омотот и земаш, од кај знаеш каков е. Уште тогаш сум имал добар вкус. :pos:
Дури ми текнува и кога го земав филмот, имаше уште еден школски што беше ептен по филмови и имаше земено некој дел на Роки, го виде мој Брус Ли и ајде да се трампаме. Како не, за јебани Роки ќе го давам Брус Ли. :icon_mrgr:

Немаш интернет и мобилен да проверуваш каков е филмот, гледаш сликичката/омотот на ДВД-то и купуваш, па ако те сјебале да ти стават некој шведски акциони, ќе се чудиш како да се правдаш пред твоите дома. :icon_mrgr:


Компјутериве станаа актуелни последниве 10-13 години. Претходно во цело мое маало од 200 куќи, компјутери имаа само 2 куќи.

И мобилните пред 20 години беа изгор и ретко кој имаше. А за видео игри, нинтендо имаше, не плејстешани, мада и тоа немав, така што Бериќу Дундариону, и помладиве фатиле од тоа време ко се чекало пред телевизор само да пуштат некој филм и се гледало сè што пуштат. Без разлика што доста работи немало, убаво време.
Постот ме потсети на 2003-2004 некаде кога ми купија ДВД плеер. Пред мене да ми купат, му купија на еден другар и прв пат го гледавме Гангс оф Њујорк. Која возбуда беше од звуковите кој ги пренесуваа звушниците. :D За скоро ми купија и мене, прв филм што го купив беше Троја и тоа лето го изгледав 50 пати, со секој другар кој ми доаѓаше му го пуштав. Филмови најчесто се изнајмуваа на еден ден за 50 денари. После купував од стариот пазар во Струмица за 50 денари, па со продавачот излеговме дека сме роднини па ми даваше без пари филмови. После 2-3 години дојдов до компјутер и тогаш се научивме за замунда, е тоа беше рај. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.886
Не би се бунел дури и ако и дадат Оскар на Андра Деј за The United States vs. Billie Holiday. Ама филмот е тешко пропагандно срање! Препорака да не го гледате.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.142
Поени од реакции
83.794
Knives Out го реизгледав. Тежок woke, само што е рационално спакуван. Добар филм, али ништо за трескање од земја.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
@Anon ај бе со жабите што се деси?

Озбилно, сакав да ја начнам таа дискусија конкретно, а и општо за Магнолија ко филм откако ќе го завршам ПТА па ќе напишам еден пост со сите рецензии за филмовите и мислење за авторот.
Ама кога веќе почнавме, не ме оставај ваков наежен и престрашен од језивата сцена. :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
@Anon ај бе со жабите што се деси?
Па тоа е де, убаво си пиша, со религија и како казна. И јакото е што има пред-знаци во филмот за настанот.
Треба да се репризира филмот, гледан ми е пред 10 години и 9 месеци :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.193
Поени од реакции
8.277
не сум го гледал, добри оценки освен на 2 :D

1615077198222.png
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Не би се бунел дури и ако и дадат Оскар на Андра Деј за The United States vs. Billie Holiday. Ама филмот е тешко пропагандно срање! Препорака да не го гледате.
Зошто е пропаганда?
Не сум го гледала, па прашувам дека сакам да го гледам.
Тажна е животната приказна на Били Холидеј, очеувам филмот да прикаже дел од тоа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom