Го начекав вчера Hatefull 8 на Фокс, на самиот почеток, викам ај малце да погледам, и окапав 3 саати. Чекај уште ова, чек сеа е јако, чекај сеа за писмото, чек сеа ќе го ркне, чек сеа ќе изеде лакт у нос, чекај сеа стигнаа у крчмата, чекај сеа да видиме кој е што е, чек сеа гитарата ќе биде тресната од земја, чек сеа нононо јејеје шарааап, чек сеа ќе и поврати у уста итн итн.
Прејак филм, само Тарантино може да смести 3 саати у едно место, со едни исти ликови, да измеша 2-3 жанрови, да смикса оркестар, класична вестерн музика и поп песна у вестерн филм, зборот нигер да се слушне 600 пати и тоа изговорено на најможниот расистички начин, да ги понижи мексиканците, и све тоа да биде интересно и забавно од почеток до крај. Пред некој ден гледав едно интервју со него и збореше за дугачките сцени, каде навидум ништо не се дешава ама полека полека ти влага таа напнатост, suspense, као и да се вика. Не само за филмов, туку општо за сите негови каде има дугачки сцени што почнуваат наивно, пренесуваат трилер и на крај завршуваат јако и епски.
Врвна кинематографија, врвна музика, врвен каст, врвно све. По не знам кој пат го иам кажано ова, едина замерка за улогата на Тим Рот која некако не му одговараше, мислам, можеби би му одговарала ако претходно не постоеше Кристофер Волц во улогите во Џанго и Копилињата. Оваа улога на Освалдо Моубри тотално би му донела уште еден Оскар. Другото си беше на место. Секако вреди да се спомне и празниот мозок на Џенифер Лоренс која ја одбила улогата на Дејзи Домергју, улога која фантастично ја искористи Џенифер Џејсон Леј.
Види му сцена со мексиканците, кучињата и знакот на Мини.
Со секое репризирање све појаки и појаки ми се филмовите на Тарантино. Не постои боље лик у Холивуд.