Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.082
- Поени од реакции
- 62.193
У змајевом гнезду е легендарен филм, не знаете вие
Имаше еден ром кај нас во касабата, инспириран од Брус Ли одеше по улици и викаше Ху-Ха, притоа обидувајќи се да ги копира Бруслиевите удари со нога. Се сметаше себе си за карате учител, ги застануваше децата по улица покажувајќи им ги најновите зафати. Еднаш дојде во дворот на училиштето каде што учевме и некој викна: Брус Ли, ене го Брус Ли! Излеговме сите на прозор, едно 12 паралелки на три спрата, ги отворивме прозорите и скандиравме Брус Ли, Брус Ли!
Мислам дека тоа беше најважниот ден од неговиот живот а ја како дете мислев дека човекот е легенда. Сакав да бидам како него.
После некое време го видов во комшии како цепи дрва и си реков, ебате животот, можеби и Брус Ли некаде цепи дрва за да преживее. Очигледно нема леб од каратето...