Што знам, овој со Џорџ Клуни нема ништо да ти одземе
Али не верувам и дека ќе ми даде нешто
Заборавам дека многумина од тука не живееле во време кога немало VHS, DVD, интернет, компјутери, мобилни, видео-игри... Имало само еден-два канала на телевизија. Ако го пуштиле Сталкер или Соларис, па мање-више сите ги гледале.
Освен времето на ВХС, што била застарена технологија, да не речам уште ко сум се родил, другото сум го доживеал.
Само МРТ и Сител имав до кај 2004-та негде. Единствени извори на филмови за мене дотогаш. И да, гледав тоа што се даваше. А се даваа одлични наслови.
2004 набавив двд плеер, ама тешко доаѓав до филмови пошто немаше видеотека во мојов град, а не знаев никој што има компјутер да ми изреже двд.
Еј, додека другиве купуваа сувенири, играчки и трошеа на луна паркови, јас филмови купував од ексурзија.
Ми текнува и на првото ДВД што го купив, Enter the Dragon со Брус Ли и уште некој третолигашки филм со маестро Брус Ли. Уште го имам двд-то и мислам дека функционира, само омотот е малку напукнат.
Гледаш некоја тепачина на омотот и земаш, од кај знаеш каков е. Уште тогаш сум имал добар вкус.
Дури ми текнува и кога го земав филмот, имаше уште еден школски што беше ептен по филмови и имаше земено некој дел на Роки, го виде мој Брус Ли и ајде да се трампаме. Како не, за јебани Роки ќе го давам Брус Ли.
Немаш интернет и мобилен да проверуваш каков е филмот, гледаш сликичката/омотот на ДВД-то и купуваш, па ако те сјебале да ти стават некој шведски акциони, ќе се чудиш како да се правдаш пред твоите дома.
Компјутериве станаа актуелни последниве 10-13 години. Претходно во цело мое маало од 200 куќи, компјутери имаа само 2 куќи.
И мобилните пред 20 години беа изгор и ретко кој имаше. А за видео игри, нинтендо имаше, не плејстешани, мада и тоа немав, така што Бериќу Дундариону, и помладиве фатиле од тоа време ко се чекало пред телевизор само да пуштат некој филм и се гледало сè што пуштат. Без разлика што доста работи немало, убаво време.