Во врска со Миркуловски, мора да се согласам со
@Prezimeto . Навистина таква беше ситуацијата, Миркуловски имаше големи проблеми со повреди, и едноставно одлучи да прекине да игра за репрезентација со цел да проба да извади уште некоја сезона на клупски план. Тоа се случува на секаде во светот со играчи во слична ситуација и апсолутно нема што да му се замери. Спортистите сепак имаат лимитиран век на траење, мора да пробаат да го извадат финансискиот максимум.
Впрочем слична е ситуацијата со Миркуловски како оваа последната со Манасков и Георгиевски што не играа во Египет, со таа разлика што повредите на Миркуловски беа хронични, а не привремени. Еве некој попознат пример за нас прв што ми паѓа на памет, Борозан заради слични причини прекина да игра за Црна Гора (иако тука можеби има и други лукративни интереси, ќе видиме кога ќе поминат 3 години).
Изјава од настапот против Чешка, кога се пензионираа со Наумче: "
Имам 33 години и мојот стил на игра не ми дозволува да продолжам да играм на големите натпреварувања, каде што секој втор ден има ракомет. И денес се виде дека имам енергија за едно полувреме. Ќе биде некоректно да останам во репрезентацијата "
После оваа изјава го убедија да настапи 2017та и 2018та на првенствата, но не и на квалификации ако добро се сеќавам. Дури и се повреди на едно од двете првенства.
Во меѓувреме, веројатно и заради тоа што игра многу помалку натпревари и минути (па дури и се поретко воопшто игра во одбрана), последните 2 години нема проблеми со повреди Миркуловски, па затоа се охрабри и пак се враќа опцијата за настап на маса. Кога ќе се додаде фактот дека Кире ќе е селектор и можноста да му биде помошник мислам дека не е тешко да се сфати новосоздадената ситуација.
Се на се немам апсолутно никакви замерки за Миркуловски што не играше изминатите години. Се работеше за здравје.
П.С. Не знам какви се односите меѓу Брестовац и Миркуловски но немам впечаток дека имало некаков судир. Впрочем Брестовац имаше повеќе изјави дека од постарите вреди Миркуловски да се повика.
Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац вели дека е подготвен похрабро да внесува нови ...
ekipa.mk