Не се брзам. Здравје. Сакам да изгледам по нешто од доста култни режисери (Фелини, Тарковски, Буњуел) од кои немам гледано ништо, плус повеќе филмови од топ 250 од ИМДБ, така што Оскариве не ми се приоритет, освен овогодишниве странски што голем дел се излезени на торент, па ќе пробам да ги изгледам пред доделувањето.
Movie and TV Subtitles in multiple languages, thousands of translated subtitles uploaded daily. Free download from source, API support, millions of users.
Инаку јас не симнувам мануелно преводи, на многу плеери (во мојот случај BS player) можеш да си наместиш кои јазици ги сакаш и да ти бара преводи само на тие јазици и автоматски да ти ги симнува плеерот, наместо да бараш ти самата.
Реков јас! Мој фаворит за Оскарот за странски е. Дури и пред Another Round. Нека не ги залажува тоа што е на Нетфликс и од Тајван. Многу убав филм. Препорака до сите.
Да да, топ е A Sun го има и мојот seal of approval кој секако е најважниот.
Голема бладораност до модераторот на овој форум, господин Злате, кој го препорача и ми приреди убава вторничка вечер.
Солиден филм, непотребно предолг, задникот хемороиди ми фати, одличен скор и кинематографија што е вообичаено печат на „странските“ филмови. Проблемот е што нафрлени кадри од пејсажи и зајдисонца не прават целина задолжително. Така си гледаш убавини и чекаш нешто да се случи, после 2 саати ти е сеедно како ќе заврши.
Ова е повеќе политичка драма отколку хорор. Всушност, не знам како воопшто може да се нарече хорор. La Llorona е драма за геноцидот врз домородното мајанско-иксил население во Гватемала. Како таков, сличен по тематика со Quo Vadis, Aida? од Босна и Херцеговина. Само за разлика од него, ова беше убер-досаден филм. Само 4/10 од мене. Тешко дека може да заработи номинација.
Солиден филм, непотребно предолг, задникот хемороиди ми фати, одличен скор и кинематографија што е вообичаено печат на „странските“ филмови. Проблемот е што нафрлени кадри од пејсажи и зајдисонца не прават целина задолжително. Така си гледаш убавини и чекаш нешто да се случи, после 2 саати ти е сеедно како ќе заврши.
OK, тука морам да бидам малку поопширен. Ова е документарец, не игран филм. Во синопсис и на самиот почеток на филмот, во опис, стои: 30 октомври 2015, во ноќниот клуб Колектив во Букурешт, Романија, за време на концерт на метал бенд настанува пожар. Заради тоа што имало само еден мал излез од клубот, во стампедото по обидот да избегаат од пожарот настрадале 26 млади луѓе, а повеќе од 50 се хоспитализирани со повреди, меѓу кои починале и четворица од 5 од музичарите во бендот кој настапувал. Од хоспитализираните, во следните неколку месеци, по болниците низ Романија умираат уште 38 млади луѓе. Пожарот во клубот предизвикал масовни протести низ Романија, по кои паднала владата на романската СДС, и една година со државата управувала технократска влада.
На самиот почеток е прикажана една снимка од пожарот во Колектив. Потоа ни К од Колектив нема во филмот. Цел документарец е политички документарец за романското здравство, со скандали кои се случувале во романските болници и во романското Министерство за здравство, за корумпираноста во секој домен на романското општество и за трулоста на цела држава. Крајот, дури, е за изборите во Романија следната година, и за желбата на техничкиот Министер за здравство да победи романското ВМРО, што не се остварила.
И толку.
И сега не знам што јас штотуку гледав, и што видоа овде еден куп луѓе кои ова срање го оцениле со 10/10. Ова мене „ни да ме дирне“, значи буквално! Единствено прашање кое си го поставив додека го гледав беше: кај им биле очите на тие од ЕУ кога преговарале со Романија за влез во Унијата. Инаку, другото, горе-долу е веќе видено секојдневно кај нас: умре човек од сепса по рутинска операција на хемороиди, умре девојче со сколиоза на кое не му даваа пари да се лекува во странство (слично како и пациентите од Колектив), жена отиде да се пораѓа и освен бебето и ги извадиле и јајниците, и матката, и еден бубрег... Ако Collective, ваков каков што е, е 10/10, да снимат филм за само 1 од тие случаи кај нас, на Американците кои ќе го гледаат ќе им се закочи устата подзината и ќе им остане така доживотно. Да, шокирачки е. Да, снимен е слично како Honeyland, без интервјуа со протагонистите, туку личи на игран филм. Но, прво - застарен е! Снимен во 2015, 2016 и готов во 2017, а им текнало да го пуштат во 2020, што е малку медиокритетно, зашто ако продуцентите сакале нешто да сменат во нивната Романија со филмот, на што очигледно алудираат, требало да го пуштат пред изборите тогаш, за да не може романското СДС пак да дојде на власт. Вака сега нема буквално никаков impact, никаква емоционална вредност (освен во првите моменти со снимката од пожарот во Колектив која стварно ме наежи и очекував WOW филм, а добив кружење околу стол филм). И второ: досаден е бре! Пушти вести на Сител, сто пати појак документарец од ова се. Бар ќе се насмееш ако го слушнеш Заев да зборува за ваксајнс.
А, да, и уште нешто: нашиве шушумиги-сограѓани константно се жалат дека нашите филмови како Пред дождот на Манчевски или Honeyland не чинеле зашто ја прикажувале Македонија ко Тунгузија. Ако тие филмови ја прикажуваат Македонија како Тунгузија, што да речат Романците за ова? Не Тунгузија, туку пештера во камено доба не им е рамна. А сепак, нивната филмска агенција го пријавила како романски кандидат за Оскар.
Само 3/10 од мене. И за ова особено ќе навивам да не го номинираат!
Автоматски споено мислење:
А, и BTW, пред @Shawn Spencer да пише во Инфо темата за торент за филмов, се убив од барање, а го имало на HBO GO цело време, зашто HBO продукција е.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.