Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некоја вечер на HBO го фатив Once Upon A Time In Mexico и го догледав до крај. Која лудница ми се овие постари акциони филмови на Роберт Родригез. Не ти e ни битна нешто посебно содржината на филмот, битно е да има добра пуцачина и over the top насилство.

Тешко пак да се вратат во мода вакви филмови. Што ради трендот на политичка коректност, што ради тоа што сега се бара повеќе сериозност и некаква суштина скоро во секој проект.

Кога веќе сме кај тип на филмови што одамна се во изумирање, одамна ми фали да видам нова „интелигентна пародија“. Онаква од типот на филмовите на Мел Брукс.
 
Роберт Родригез илити сеоски Тарантино. :D

Доста сличен стил тера ко Тарантино и имаат соработувано на неколку филмови.

Често ја вртат трилогијава маријачи на AXN и Фокс каналиве. Некни ги фатив малку и Десперадо и Ел маријачи, али не ми прават мерак некако. Не ги изгледав до крај.

From dusk till dawn му е одличен филм, секогаш го гледам кога го начекам на тв, а за оние што се по хорори и The Faculty e добар.
 
Роберт Родригез илити сеоски Тарантино. :D

Доста сличен стил тера ко Тарантино и имаат соработувано на неколку филмови.

Често ја вртат трилогијава маријачи на AXN и Фокс каналиве. Некни ги фатив малку и Десперадо и Ел маријачи, али не ми прават мерак некако. Не ги изгледав до крај.

From dusk till dawn му е одличен филм, секогаш го гледам кога го начекам на тв, а за оние што се по хорори и The Faculty e добар.

И секако да не го заборавиме најдоброто од него - Sin City.
 

Малечката невеста т.е. Fast & Furious 9. Ваљда ќе им здосади и ќе завршат со 10 дела?

Најавена е и 10-ката за 2022, тоа ќе биде последен дел од франшизата. Ма да, ФАФ одамна не е тоа што беше на почетокот, филмот го гледаш денес до утре си го заборавил. Ги имам гледано сите, само на Токио Дрифт се сеќавам добро.
 
Првите два дела и да кажеме Токио дрифт се океј, послем тоа се коси со физиката и од дел по дел стануваат се понереални.
Тоа и е поентата, да бидат нереални.
Никој не треба да ги сфаќа сериозно филмовиве.
Поготово не кај што The Rock во болница лежи, стиска бицепс и ја пука лонгетата на раката. :D
 
Тоа и е поентата, да бидат нереални.
Никој не треба да ги сфаќа сериозно филмовиве.
Поготово не кај што The Rock во болница лежи, стиска бицепс и ја пука лонгетата на раката. :D
Затоа никој нема да ги памти и цени овие филмови. Првите 3 дела беа супер све се одвиваше отприлика преку трки и во преден план беа колите.
Послем тоа гледаш како летаат коли, се влечат сефови низ град без проблем, се возат тенкови, се рипа од згради со коли и што ли ја ти знам имало во последните делови. Филм со коли кој е фантазија и при тоа дијалог е за палење на основци е глуп филм.
Мене тоа не ме и е интересно и немам намера да го гледам.
 
Затоа никој нема да ги памти и цени овие филмови.
И тоа е сосема во ред. :D
Не секој филм треба да биде запаметен и ценет, а на овие филмови од старт не им е таква поентата.
Има луѓе што сакаат да се излуфтираат од секојдневните глупости, си зимаат другари или девојка, идат во кино, јадат начос и гледаат ваков тип на филм, искачаат од кино сала и се заебаваат на сметка на филмот, али во глобала си поминале убаво.

Исто како во маало на клупици, кога се збори за култната сцена на Рамбо кога закачува граната во стрелата и ја лансира на 500 километра од него. :D
 
Fast & Furious се лесна забава и како такви треба да се гледаат, па дури и како еден вид суперхеројски се последниве 6-7 дела, рушат физички закони, скокаат од една на друга зграда со кола, влечат камиони и тенкови со кола (не ме држете за збор, мислам и таква сцена имаше).
Ај сега во Суперман, Бетмен, Спајдермен да бараме физички закони и логика. :LOL:
Епа во Супермен. Бетмен ние очекуваме суперхорои кој ќе ги кршат физичките закони, тоа го бараме тоа го добиваме, нема што да се љутам на тие филмови.
Додека во ФаФ очекувам филм во кој првенствено ќе гледам трки, коли и такви работи, а јас добивам коли што летаат. Затоа е и таа одбивност кон тој филм.
 
Go gleav Miss Julie vcera, so Jessica Chastain, UDAV film, ama toa se slucuva koga teatarot direktno na platno se stava.
 
Конечно го гледав Burnt by the Sun на Никита Михалков, филмот од кој Пред дождот во 1994 го изгуби Оскарот. Добро филмче е, ама не можам да не се согласам со чичко Еберт:

Ebert.jpg

"Before the Rain" deserved to win - делот. :P
 
Поготово не кај што The Rock во болница лежи, стиска бицепс и ја пука лонгетата на раката. :D

Ова ми е една од најглупите сцени видени во било кој филм, а верувај имам изгледано еден тон глупи филмови со глупи сцени. Сите сме растеле со филмовите на Шварци и Сталоне, али ова беше премногу и за мене...
Сценава ќе ми остане врежана во меморијата додека сум жив, неможеш да ја префрлиш во recycle bin, или пак да и направиш shift - delete, едноставно стои тука како некој вирус и те потсеќа што срање си гледал.
 
A Sun филмчиште
Реков јас! Мој фаворит за Оскарот за странски е. Дури и пред Another Round. Нека не ги залажува тоа што е на Нетфликс и од Тајван. Многу убав филм. Препорака до сите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom