- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.553
- Поени од реакции
- 15.045
Па еден требаше да исфрлам,Океј ти е постот, убаво почна, го испофали Барела, со што се слагам, само не ми е јасно по која основа Хакан би влегол во комбинација пред Мхтаријан? Или пред Роналдо кој веќе го има во најдобрите изберени?
Мора да проработи субјективното мислење, јбг
Гледам Хакан оваа сезона има 1 гол и 7 асистенции, од друга страна Мхтаријан оваа сезона 8 гола и 8 асистенции, по која логика Халан би влегол пред него, м ?

За Роналдо помислив да го тргнам за да му обезбедам место на Хакан затоа што нема константност ова сезона, иако па има доста голови дадено... Не велам дека не треба да биде тука, повеќе барав причина да најдам место за Хакан.

А Хакан по мене треба да биде затоа што е клучен и најдобар фудбалер во клуб кој е лидер во лигата, мислам од прво коло, па се до денес. Неговиот придонес е огромен. И со колку повреди, вируси и триста чуда, сепак Милан е прв, а за тоа мислам дека најзаслужен е Хакан.
По мене тоа е многу повеќе значајно, отколку да си одличен против клубови кои се борат за опстанок, а против подобрите те нема никаде.

А искрено го изумив вашиот...


На страна зафрканција... Тешко е да склопиш најдобри 11, посебно ако нема пропишано критериуми по кои ги бираш. Само да тргнеш од формација, па потоа дали ќе избереш најдобри 11 или ќе мора тој тим да биде избалансиран, дали ќе земеш статистика само или ќе гледаш и нешто друго... Или што со оние од помалите клубови, како Закањи?
Можат да се направат десетина комбинации и сите да бидат "точни". Секогаш кога се прогласуваат најдобри 11 има несогласувања. Или кога се бира најдобар во лига, во Европа...