Ако е од Опта, веројатно според некаква статистика е составен тимот, па муабетите паѓаат во вода, но да помрчам и јас малку.
Прво во очи ми упадна што го нема Барела. По мене секој клуб, секој тренер ќе го избере Барела пред Де Пол (или Паул, не знам како е правилно), особено ако се тројца во средина. Колку и овој вториот да игра добро веќе некое време, сепак Барела е друго ниво во однос на него. А и не е толку брз при донесување на одлуки, лош е под пресинг (барем имам таков впечаток).
Да го ставиш Брозовиќ или Бенасер нема многу да промашиш. Брозовиќ ептен е потценет тука, гледам и во фан клуб на Интер. Иако јас мислам дека Бенасер е поквалитетен (технички, на пример) и ќе постигне повеќе од Брозовиќ.
И би морало да има место за Хакан, дали место Роналдо или со него позади Лукаку. Хакан веќе година дена игра на високо ниво и е меѓу најдобрите во лига.
Ако мора да има десно крило би го ставил Киеза. Иако никогаш не ме импресионирал нешто и иако и во Јуве му фали константност, по тоа што видов во ова полусезона заслужува место. А и не ми текнува некој друг што би бил пред него. Е сега прашање е и колку пати играше Киеза како десно крило.
Сега ми текна, Берарди може...
Во одбрана двајца од Бастони, Де Лихт, Кјаер. На гол Донарума. Десен бек Хакими.
Сите се од Милан, Интер и Јуве, но реално таму се и најдобрите...