Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.142
Поени од реакции
28.898
Над 5 разлика ќе изгубиме и денес, имаат подобри играчи на сите позиции и екстра тренер.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.767
Шпанија 29 - Бразил 29
Победа за бразилците, би ги наградил со два бода за овој резултат. Кој ја има гледано нека дае повеќе инфо како течел натпреварот.
Ќе ја чекам вторава утакмица пред да коментирам уште нешто за нашиве како играчи а за селекторот веќе е кажано тука.
Шпанците водеа цело време ама Бразилците не се предаваа лесно,дури од 55 мин Бразил на двапати имаше играч помалку и водеше па на 59,54 прими гол.
Реален резултат.
Ние со Швеѓаните играме 10 мин со играч повеќе никаква предност,а и лудиот брестовац на брз центар прајт измени и за 4 сек примаш гол.
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
Искрено после она што го видов со Шведска, кај мене нема ни грам оптимизам дека можеме да извлечеме позитивен резултат против Египет. Египет исто како и скандинавците никогаш не ни одговарале. Пргави, темпераментни, те млатат цел натпревар, а плус со каква пичкаста бековска постава сме, да биде,е реални ова би требало да биде лесна победа за Египет. Како капак на се селектор на Египет е Парондо кој ја знае нашава репка у душа што е плус проблем за нашиве. Дај боже да излеземе тотално различни на терен за разлика од натпреварот со Шведска, ама чисто сумњам. Распашана команда сме тотално, од селектор до лимитиран ростер.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Хрватска 29 - Јапан 29
Бод вреден победа за јапанците. Енигма ми е зашто Червар играше со Чупиќ на десен, има бекови и макар и деснак би играл таму поарно би било или пак два бека со два пикера али..... Дувњак касно проработе со шутот и секоја грешка јапанците ја казнуваа.
Сигурдсон маестрално со тимот, како ги има поставено, научено, дисциплина, брзо враќање во одбрана, сигурна реализација формиран тим кој со повеќе искуство ќе им мрси сметки на многу репрезентации.
Го гледав цел тој меч и сакав и јас да дадам коментар. За Чупиќ и Хорват мораше еден од нив да седи на клупа е сега незнам резервата која е на десно крило ама мислам дека се они двајца можда грешам незнам.
А за Јапонците секоја чест, како само без страв играт како да и е последен натпревар и не само тоа многу брзо ја вртат топката имаа на моменти феноменални акции кој само Хрватите гледаа, искрено подфрлија незнам дали му е јасно тоа на Червар ама вероватно по реакцијата кога клечеше на подот.

Дувнњак кога преработи тогаш ги стигнаа на резултат инаку секако ќе беа поразени исто и Циндрич касно почна со влегувањето и со финта а пред тоа утна 3-4 шута мислам немаше баш добар процент. Како и да е мора да се подобрат, ако не им беше Мариќ вчера и Дувњак у последни моменти каков дебалк ќе беше тоа.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Теј што ќе мора да менувам канал константно, и ракометари и одбојкари во исто време играат..
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
Го гледав цел тој меч и сакав и јас да дадам коментар. За Чупиќ и Хорват мораше еден од нив да седи на клупа е сега незнам резервата која е на десно крило ама мислам дека се они двајца можда грешам незнам.
А за Јапонците секоја чест, како само без страв играт како да и е последен натпревар и не само тоа многу брзо ја вртат топката имаа на моменти феноменални акции кој само Хрватите гледаа, искрено подфрлија незнам дали му е јасно тоа на Червар ама вероватно по реакцијата кога клечеше на подот.

Дувнњак кога преработи тогаш ги стигнаа на резултат инаку секако ќе беа поразени исто и Циндрич касно почна со влегувањето и со финта а пред тоа утна 3-4 шута мислам немаше баш добар процент. Како и да е мора да се подобрат, ако не им беше Мариќ вчера и Дувњак у последни моменти каков дебалк ќе беше тоа.
значи Мандалиниќ не го земаа , од хрватите кај нас само Чупиќ и Хорват ??
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.145
Поени од реакции
16.659
Бразил каква одбрана изигра последните 10 минути, и со играч помалце им направија пресврт.
Не ги оставаа да дишат Шпанците, ги трескаа од земја кога ќе одеа на шут а не како ние двеста зицери ги оставивме Швеѓаните да ни направат.
Со каква страст играа Бразил свака част, 6/7 разлика губеа едно време ама до последна секунда борба а не како нас со турнати гаќи после неколку гола предност.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Со Египет немам никакви очекувања, појака екипа се од Шведска со високи амбиции за медал на ова првенство. Плус вакви "снажни" екипи никогаш не ни одговарале. Нема да минеме толку лошо резултатски од проста причина што Египет нема ни приближно таква игра во транзиција како Шведска, но во позицион напад се доста посилни од нив (а и од нас). Прогноза некаде меѓу -5 и -7.

Инаку генерално за играта сакам да видам три работи:
1. Сто пати кажано, Кузмановски на лев со Танкоски на среден. Но не само да се во составот туку да се креираат акции на таа страна, а не секој напад Кире и Столе 2на2, тоа е одамна прочитано, а ни едниот ни другиот не се во ек на кариера за да "пробиваат и преку ѕид".
2. Кире да игра само едно полувреме, кога е лесен за замена (таман ќе видиме што можат без Кире и Столе во напад). Замената по дијагонала кога имаме често потреба од уште една замена на пикер прави некогаш повеќе штета од добивка, а со оглед на возраста на Кире е тотално непотребно.
3. 5-1 одбраната со Мишевски напред. Знам дека ова помина лошо првите неколку 10 минути со Шведска, но тоа е тип на одбрана која мислам дека има смисла да ја тренираме на долг рок и сигурен сум дека подобро ќе мине против Египет. Но не само провизорно да постои одбраната, мора квалитетно да се излегува на фаул, без тоа секоја одбрана е џабе.

-----------------------

Неколку коментари за другите селекции:
- Јапонија и не е до толку изненадување според мене. Истиот ракомет го играа и пред 2 години и се многу непријатен противник. Сега со повеќе искуство, ширина во ростерот и дисциплина играта им излегува на виделина. Да имаа макар и просечно лево крило вчера ќе ја добиеја Хрватска. Лино малку ја утна вчера работата. Погоди што се прилагоди во одбрана со побрзи играчи за да не ги излудуваат нивните тешкаши како во прво полувреме. Но во напад, немаше потреба со тиe "Чупиќ на бек" тактики, не дека тоа не функционира, добра карта е за 10-15 минути на натпревар, ама не против ваков противник. Лино требаше да го изигра тоа што најдобро го знае 7-6 со 2 пикери. Така ако добро се сеќавам и ние ги разбивме Јапонците пред 2 години. Немаат снага да го одбранат тој стил на игра.
- Бразил не е некоја новина. Ок екипа, која е некаде 10-12 место по квалитет во просек. Може да играат со сите, имаат веќе и искуство. Имаат проблеми со дисциплина и тоа редовоно ги лимитира на СП.
- Шпанија мислам дека конечно покажува знаци на стареење. Ајде ќе видиме како ќе оди првенството, тие секогаш сумливо стартуваат, но јако завршуваат. Ама имав некој впечаток дека вечното дуо Ентрериос-Кањељас е пола-чекор побавно и можеби е тоа доволно да им се распадне играта.
- Тунис е ослабен, без Жалуз и Банур. Многу недисцилипинирани. Полска само на дисциплина ги тепа инаку ништо не прикажа.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
Талевски нека си ја пуште Ангола - Катар и нека земе малце школо од анголците, не треба ни Сагосен ни Карабатиќ да ги гледа, храброста на анголците за шут да ја има е доволно, и нека не кажува многу многу.
Црнците увек биле безобразни

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Би сакал да го треснеме Египет, најмногу поради Хасан Мустафа.

Ама гледам дека Бонавентура сестриве ќе судат, така да и шанса да имаме со нив тешкооо..
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Добро изгледа Кореја и с'с овуј репрезентацију .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom