Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?

  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.175
Поени од реакции
4.096
Не е Брестовац крив, толку е капацитетот на играчите. Треба да се помириме со тоа, да знаеме дека следнава деценија не чекаат серија лоши резултати, и тоа е тоа.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Единствен од младиве таленти кој колку толку се докажа вчера беше младиот Николче Митревски. Реално одбрани неколку зицери, иако процентот му беше низок. Само вака нека се развива и во иднина ќе имаме солиден голман.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.072
Поени од реакции
55.853
Многу бе се нервирате и замарате за распадната екипа. Тие да беа професионалци ќе тренираа и ќе се спремаа пред првенствово како да се пласирани, кога веќе знаеа дека се прва резерва и има изгледни шанси некоја репрезентација да се откаже. Они кујзне што праеле. Испиле божја киша за празнициве.

На страна квалитетот што го нема кај сите играчи со исклучок на Кире, Столе и Жаре. Младиве т.е не ни знам дали се млади, другиве ќе ги наречам, не постојат. Нема ракомет веќе кај нас, се полураспаднаа и клубовите и народот изгуби драж да прати ракомет.
Македонија секогаш привлекувала огромно внимание од јавноста кога настапува на големо натпреварување. Сега веќе не е така и тоа највеќе се должи првенствено со распаѓањето на Металург каде беа грото репрезентативци и полураспадот на Вардар кој привлекуваше публика и интерес за ракомет.

Земале разорачарани Шведска не сме ја тепале. Ај полека малце, за Шведска станува збор а не за Република Вевчани.

На првенствово е битно Кире да дава што е можно повеќе голови, да се зацементира таму на сите врвни листи, да остане запечатен како најјак десен бек у историја на ракомет. И да се пензионира со сите најголеми почести што ги заслужува еден играч. Ама тоа коа ќе се врати публика на трибини да се организира една голема утакмица каде ќе се собере целиот крем де ла крем на светскиот ракомет што играле со и против големиот Кире Лазаров.

Столе не верувам дека ќе игра веќе. Жаре истотака мада он може да поигра уште малце доека не му скурчи и не се посвети повеќе на клубската кариера да спечали уште некое евро со оглед на тоа што веќе влага у 30ка.

Полека ракометната репка на МКД се претвара у кошаркарската.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Моментот кога се појави Самсоненко и фрли брдо пари во Вардар е моментот кога згасна ракометот во Македонија. Да видовме 2 европски титули, ама тие две титули донесоа големи последици со себе. Конкуретноста умре, Металург крена раце од намерата да се брка со тој Вардар, наместо да промовиравме млади играчи по клубовите ние ги чувавме во соблекувални и се радувавме на успесите што ни ги донесоа странски играчи. Скопје беше град на најдоброто градско дерби, луѓе се тепаа за карти, а сега тоа дерби е само сенка од минатото.

Може и да приметите дека добар млад играч немаме извадено 7-8год, баш од периодот кога почна доминацијата на Вардар. Последни играчи ни се Стоилов, Манасков, Георгиевски, Митревски и Маркоски, сите пред пензија, играчи кој се извадени кога домашната лига беше најака.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.708
Поени од реакции
5.691

Истава приказна се кажуваше и за ЖРК Вардар,демек нашите деца не добиваат шанса поради странците,повеќе сме го ценеле туѓото од своето итн.
Еве сега нема странци и гледаме на какво ниво е екипата,гледам и многу квалитетни ракометарки извадија.

Не држи вода муабетов,ако во Македонија не добиваат шанса младите играчи незнам кај добиваат,пола екипи од Суперлига форсираат само млади играчи.
Многу пати е правен овој муабет,нема потреба пак да ја отвараме таа тема.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.151
Поени од реакции
5.291
Ако немаш пари за трка за титула не значи дека не треба да имаш добар систем за развој на квалитетни играчи. Толку ќе кажам.

Дресовите ми се 50-50 ваљда навикнати цело време на иста комбинација па треба на оваа да се навикнеме. Која е другата комбинација?

За следен натпревар Талевски и Велковски на трибини Серафимов и Крстевски во состав, иначе тешко нас
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Вардар со Самс е и ќе остане најуспешна спортска приказна во краткото постоење на нашата држава, која како тргнала нема уште долго да опстои.

Фудбал нема, европското е врвот таму со овие играчи, после се враќа се на старо ниво, нови играчи нема, овие се единствените останати.

Кошарка замре одамна и нема да ја има повеќе.

Со падот на Вардар, како последен бастион, згаснува и ракометот, нема повеќе спорт во оваа држава.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.220
Поени од реакции
108.042
Моментот кога се појави Самсоненко и фрли брдо пари во Вардар е моментот кога згасна ракометот во Македонија. Да видовме 2 европски титули, ама тие две титули донесоа големи последици со себе. Конкуретноста умре, Металург крена раце од намерата да се брка со тој Вардар, наместо да промовиравме млади играчи по клубовите ние ги чувавме во соблекувални и се радувавме на успесите што ни ги донесоа странски играчи. Скопје беше град на најдоброто градско дерби, луѓе се тепаа за карти, а сега тоа дерби е само сенка од минатото.

Може и да приметите дека добар млад играч немаме извадено 7-8год, баш од периодот кога почна доминацијата на Вардар. Последни играчи ни се Стоилов, Манасков, Георгиевски, Митревски и Маркоски, сите пред пензија, играчи кој се извадени кога домашната лига беше најака.
Бреј брат ама глуп пост, тууууууууу. Како може некој човек да е КРИВ за згаснување на ракометот ако вложил пари и во меѓувреме Вардар освоил ДВЕ европски титули? А еве да не беше Самсоненко ќе цветаше ракометот кај нас? Еве да тргнеме се на страна барем добра инфраструктура остави зад себе Сергеј, изгради модерна мултифункционална сала која ја користат екипи во повеќе спортови и која ќе помогне во организирање на милион настани во иднина.

Не збори глупости, кој му е крив на Металург што газдата му се откажа од финансирање? Ја па обратно гледам, Самсоненко требаше да служи како поттик за другите бизнисмени да вложуваат во ракометот и спортот целокупно гледано.

Не е крив Вардар или Самсоненко што не ни работат добро школите, јебига.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.482
Поени од реакции
68.983

Со доаѓањето на Самсоненко добија сала и услови какви што нема во светот. Истата сала и теретаните ги користат младинците на Вардар, како и репрезентацијата во последно време. Никаде во свет не се чуло ни видело, клуб кој атакува на титула во ЛШ да развива играчи. Каде си видел во фудбал некој клуб од ЛШ да развива свои играчи? Развојот се прави во нивните школи или ги купуваат како готови производи. Исто е и во ракометот. Веспрем купува готови играчи, ПСЖ исто, Барса исто, сигурно нема да форсираат младинци во ЛШ. Клубот имаше втор состав, истите имаа супер услови за напредок. И Металург имаше втор состав, како и Пелистер во моментов. Работата е што не се погоди квалитетот на играчите, едноставно немаа и немаат квалитет да заиграат во прв состав. Ниту еден играч не излезе од Вардар Јуниор (МРК Вардар). Им се погоди на Металург да го соберат најдоброто од Македонија, но за воља на вистината Миркуловски и Наумче се измислени за овие таленти и во тој период они имаа неколку поквалитетни ракометари кои го носеа клубот. Наумче го земаа како готов продукт, а Миркуловски со Борко не се учеа во Металург, туку во тогашниот нивен Б клуб (РК Македонија се викаа ваљда), па после беа прекомандувани. Освен Манасков, не ни излегол некој поасален играч, другото се' било на ура, малку медиумска слава и толку. Доволен доказ е тоа што ниту еден од нив нема направено кариера. Предноста на силен металург беше што беа клуб репрезентација, па воиграноста меѓу играчите беше поголема.

Репрезентацијата никогаш и немала некои значителни резултати (иако за мала држава и овој континуитет е успех). Со многу појаки бекови сме трпеле многу потешки порази и тоа во времето кога во првенствово шанса добиваа скоро исклучиво македонски играчи. Имавме среќа што во најдобрите години на Кире се погоди да играме во Хрватска и Србија како на домашен терен, инаку ние секогаш сме биле репка за до 10-то место. Штета што не организиравме ние некое првенство. Да не беше отворањето на Борис Трајковски салата, ние никогаш и немаше да се вратиме на големите првенства. На ура го згазивме Исланд, па на гости едвај спасивме залиха од 8 гола разлика.

Разликата е што порано играчите немаа никакви услови, сега има 2-3 добро опремени спортски центри, приватни школи, каде што од млади ги имаат сите услови за напредок, подготовки, патувања во странство, повеќе учество во европски купови. А, тие не само што стагнираат, туку одат во надолна линија. За влогот во нив, ова е катастрофално издание. Работеа со тренери како Лино, како Раул Гонзалез, па и како Обрван и Вујо, ЏАБЕ.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Чекајте бе, Кузмановски не е лош, исто и Томовски. Крилата млади се океј, а тука е и Деки Манаскоф и Жарета Пешевског како лидери. Танкоски исто може да брка работа, па останува десен бек уште. Е сега никој од овие сеуште не е во зенитот, па ќе видиме како ќе се развиваат. Тоа се вика смена на генерации. Томовски и Кузмановски играат јаки утакмици, дел од другите исто се надвор, а има и доста клубови кои форсираат млади во домашното првенство.
Ние имавме тука дупка пред генерациите на Талески и Кузмановски. Во тој гап од 20 години, или помеѓу генерациите на Кире, Миркуловски, Борко, Темелков, Мојсо итн и овие од Талески, Кузмановски итн. имаме извадено едвај 3-4 добри играчи(Манаскоф, Пешевски, Георгиевски), останато не е ни за споменување. Тогаш како резерви ни доаѓаа место врсници на Манаскоф некои си отепани ветерани како Пецаковски, Митков и останати старци. За лек немаше некој помлад макар и за на клупа. Сега реално ги има.
Ако изгубивме со Швецка и бидеме избришани од подот со Египет не значи дека е све изгубено. Факт е дека доаѓаме без никакви подготовки или ајде да речеме аматерски, а и доста подмладени. Нека победат барем со Чиле, за да се имаат уште неколку утакмици младите за искуство, па во иднина ќе видиме што ќе бидне.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Бреј брат ама глуп пост, тууууууууу. Како може некој човек да е КРИВ за згаснување на ракометот ако вложил пари и во меѓувреме Вардар освоил ДВЕ европски титули? А еве да не беше Самсоненко ќе цветаше ракометот кај нас? Еве да тргнеме се на страна барем добра инфраструктура остави зад себе Сергеј, изгради модерна мултифункционална сала која ја користат екипи во повеќе спортови и која ќе помогне во организирање на милион настани во иднина.

Не збори глупости, кој му е крив на Металург што газдата му се откажа од финансирање? Ја па обратно гледам, Самсоненко требаше да служи како поттик за другите бизнисмени да вложуваат во ракометот и спортот целокупно гледано.

Не е крив Вардар или Самсоненко што не ни работат добро школите, јебига.
Па не е секогаш во инфраструктура, џабе ти е таа инфраструктура ако на играчите најголемо достигнување им е да дојдат на тренинг. Ова исто му доаѓа како образование, ги имаш сите услови за успешно образование, ама ако образованието ти се состои само во слушање на предавање и бубање тогаш џабе ти е бидејќи ти треба негде да стекнеш искуство и да опипаш лично некои работи. Нашите играчи тоа не го добија, добија образование ама не добија искуство.

Ја не зборам дека грешка е што Самсоненко ивнестираше туку зборам дека е грешка што инвестираше на погрешен начин. Сакаше брз успех и тоа го доби ама поради тоа настрадаа младите ракометари

И како е потик за бизнисмените од МК да ти дојде странец со милијарди и ти да изгледаш како чистачка покрај него. Повеќе е демотивација оти знаеш дека на финансиски план никогаш нема да го победиш.
Автоматски споено мислење:

Си еба матер и пост и се, не можам сега да пишувам. :D
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2010
Мислења
3.584
Поени од реакции
8.244
Ене ги талентите после секој пораз на секое првенство кое го играле со истите изјави. Кузмановски констатира дека сме биле ужас и дека мора да играме со срце( трето првенство по ред тоа изјавува), а Телето вика да сме имале трпение. Генијално.
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Чекајте бе, Кузмановски не е лош, исто и Томовски. Крилата млади се океј, а тука е и Деки Манаскоф и Жарета Пешевског како лидери. Танкоски исто може да брка работа, па останува десен бек уште. Е сега никој од овие сеуште не е во зенитот, па ќе видиме како ќе се развиваат. Тоа се вика смена на генерации. Томовски и Кузмановски играат јаки утакмици, дел од другите исто се надвор, а има и доста клубови кои форсираат млади во домашното првенство.
Ние имавме тука дупка пред генерациите на Талески и Кузмановски. Во тој гап од 20 години, или помеѓу генерациите на Кире, Миркуловски, Борко, Темелков, Мојсо итн и овие од Талески, Кузмановски итн. имаме извадено едвај 3-4 добри играчи(Манаскоф, Пешевски, Георгиевски), останато не е ни за споменување. Тогаш како резерви ни доаѓаа место врсници на Манаскоф некои си отепани ветерани како Пецаковски, Митков и останати старци. За лек немаше некој помлад макар и за на клупа. Сега реално ги има.
Ако изгубивме со Швецка и бидеме избришани од подот со Египет не значи дека е све изгубено. Факт е дека доаѓаме без никакви подготовки или ајде да речеме аматерски, а и доста подмладени. Нека победат барем со Чиле, за да се имаат уште неколку утакмици младите за искуство, па во иднина ќе видиме што ќе бидне.
Чекај малу Бwанко, Лукас Васкез детето ќе биде најдобар бег во светот :misticen:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.812
Поени од реакции
15.919
Талевски нека си ја пуште Ангола - Катар и нека земе малце школо од анголците, не треба ни Сагосен ни Карабатиќ да ги гледа, храброста на анголците за шут да ја има е доволно, и нека не кажува многу многу.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom