Со Египет немам никакви очекувања, појака екипа се од Шведска со високи амбиции за медал на ова првенство. Плус вакви "снажни" екипи никогаш не ни одговарале. Нема да минеме толку лошо резултатски од проста причина што Египет нема ни приближно таква игра во транзиција како Шведска, но во позицион напад се доста посилни од нив (а и од нас). Прогноза некаде меѓу -5 и -7.
Инаку генерално за играта сакам да видам три работи:
1. Сто пати кажано, Кузмановски на лев со Танкоски на среден. Но не само да се во составот туку да се креираат акции на таа страна, а не секој напад Кире и Столе 2на2, тоа е одамна прочитано, а ни едниот ни другиот не се во ек на кариера за да "пробиваат и преку ѕид".
2. Кире да игра само едно полувреме, кога е лесен за замена (таман ќе видиме што можат без Кире и Столе во напад). Замената по дијагонала кога имаме често потреба од уште една замена на пикер прави некогаш повеќе штета од добивка, а со оглед на возраста на Кире е тотално непотребно.
3. 5-1 одбраната со Мишевски напред. Знам дека ова помина лошо првите неколку 10 минути со Шведска, но тоа е тип на одбрана која мислам дека има смисла да ја тренираме на долг рок и сигурен сум дека подобро ќе мине против Египет. Но не само провизорно да постои одбраната, мора квалитетно да се излегува на фаул, без тоа секоја одбрана е џабе.
-----------------------
Неколку коментари за другите селекции:
- Јапонија и не е до толку изненадување според мене. Истиот ракомет го играа и пред 2 години и се многу непријатен противник. Сега со повеќе искуство, ширина во ростерот и дисциплина играта им излегува на виделина. Да имаа макар и просечно лево крило вчера ќе ја добиеја Хрватска. Лино малку ја утна вчера работата. Погоди што се прилагоди во одбрана со побрзи играчи за да не ги излудуваат нивните тешкаши како во прво полувреме. Но во напад, немаше потреба со тиe "Чупиќ на бек" тактики, не дека тоа не функционира, добра карта е за 10-15 минути на натпревар, ама не против ваков противник. Лино требаше да го изигра тоа што најдобро го знае 7-6 со 2 пикери. Така ако добро се сеќавам и ние ги разбивме Јапонците пред 2 години. Немаат снага да го одбранат тој стил на игра.
- Бразил не е некоја новина. Ок екипа, која е некаде 10-12 место по квалитет во просек. Може да играат со сите, имаат веќе и искуство. Имаат проблеми со дисциплина и тоа редовоно ги лимитира на СП.
- Шпанија мислам дека конечно покажува знаци на стареење. Ајде ќе видиме како ќе оди првенството, тие секогаш сумливо стартуваат, но јако завршуваат. Ама имав некој впечаток дека вечното дуо Ентрериос-Кањељас е пола-чекор побавно и можеби е тоа доволно да им се распадне играта.
- Тунис е ослабен, без Жалуз и Банур. Многу недисцилипинирани. Полска само на дисциплина ги тепа инаку ништо не прикажа.