Играта на Јапонија со Хрватска е класичен доказ дека кога веруваш во себе, во своите вредност, а притоа дадеш се од себе на натпреварот се е можно.
Секоја чест за Дагур Сигурдсон, за менталитетот кој им го всади на играчите.
Потоа не бил важен селекторот? Доказ дека е важен и дека квалитет секогаш доаѓа до израз се баш овие ликови, не важно дали бил во Германија или Јапонија.
Принципот на работа, менталитетот, идеолигијата е тој истиот, затоа има резултати.
Браво за Јапонците, крајот на утакмицата успеав само да го видам.
Страшни движења на бековите промена на правец, брзина, проток на топка.
Не знаеа каде се централните дефанзивци на Хрватска, едноставно ги извадија од патики"", народно кажано.
Само со клизачи стартови можеа да ги спречат, како оси беа Јапонците, како од друга планета.
Заслужи победа Јапонија, да не беа тие неколку технички грешки на крај и неколку одбранети зицери на Пешиќ ќе победа сигурно.
Но и вака е голем успех.
Хрватска разочара, се чувствува отсуството на Карачиќ.
А, не е најсјаен и изборот на шутери, Мамиќ, Шебетиќ, Мартиновиќ е млад, има голем потенцијал, но сепак му треба време.
Но, сепак прв меч беше, најверојатно ќе се подобрат.
Ќе видиме со Катар како ќе се покажат.
Шпанците разочараа, но сепак премногу потценет беше Бразил, на крај ги демантираа неверниците.
Сериозна селекција со многу добри играчи како Лангаро, Де Толедо, Мораеш итн.
На крај, за нас, што ново да се каже,што веќе не е кажано?
Сепак, Шведска, макар и препоповена е преголем залак за репка како нашата.
Не загрижува резултатот, колку тоа што немаме игра, идеја, желба да се промени нешто.
Упорно се форсира иста игра, ист бековски нефункционален тандем Кузмановски- Талески, иста тактика-
БАРАЈ ГО ПИКЕРОТ ПО СЕКОЈА ЦЕНА.
Ваква игра ќе помине ( можеби ), по некоја среќна рандом ситуација можеби со репки како Швајцарија, меѓутоа со сериозни селекции нема шанси.
Макар и кога игаме со нивните трети постави, како што беше случајот со Шведска, која имаше речиси една сериозна селекција на врвни играчи надвор од стројот заради Корона и останати причини.
И сега ние се вадиме дека сме имале мака со короната, се недостиг на тренинзи, времето било ладно/топло и слично.
Во услови кога цела ракометна Европа ги намали платите на играчите, и тоа драстични резови.
Во нашата лига се делат плати небаре во Сирија живееме, во златно време на Гадафи.
Но, и во вакви услови не успеаваме да продуцириаме сопствен кадар, квалитетен кадар на деца.
Има некој почеток, со некои солидни деца во најава, како Костески, Кузманоски на крило.
Но, нас ни фалат бекови, ни фалат пикери, добро можеби не толку пикери, еве го Жаре е тука, солидна замена за Столе.
Од времето на Кире, Мојсо, па некоја генерација потоа од Миркуловски немаме извадено ниту еден салам бек.
Што ќе игра години во добра форма, што ќе можеш да се потпреш на него.
Фалени таленти ( за наши стандарди и гледишта на ракометот ), како Кузмановски, Талески, еве и од поновата гарда како Танкоски не може да си го пронајдат местото во репката.
Ајде, веќе за Талески е се кажано, но барем за Кузмановски не ми е јасно зошто не успева да го прикаже својот талент.
Да се одважи, да преземе одговорност, да шутира, да ја оправда довербата.
Можеби и позицијата која ја игра на среден бек не му дава опции и простор.
За него треба среден бек, кој ќе го разигрува, ќе знае да ја задржи топката, да повлече простор, да му овозможи некоја добра позиција за шут.
Селекција безкласичен среден бек, реално Танкоски е далеку од плејмејкер кој ќе знае да ја задржи топката, без да се направат непотребни технички грешки, или да се изведе некој избрзан шут, или некое исфорсирано додавање до пикер.
Можеби тука треба/ше да се отвори повторно опцијата- натурализација.
Не знам дали беше вистина тој муабетот со Стас Скубе, но доколку имаше барем некоја шанса требаше од РФМ да ја разгледаат сериозно таа опција и да ја реализираат,
А, не само на местото со Скубе, туку сериозно треба да се размислува и за останатите места во бековската линија.
Кире, реално е пред крај на кариера, најверојатно прво ќе стави крај на репрезентативната кариера, а потоа и на клубската.
Па, добро е уште отсега, да се прават планови за во иднина.
Што во наредните сезони? Како понатаму?
Ова, во случај и натаму да имаме некоја аспирација за нешто повеќе од статистички учесници во циклуси за квалификации и по некоја случајност ЕП или СП.
Затоа што како тргнала работата со нашата лига, со квалитетот на екипите, во кои местата на нашите ( оправдано ) им го земаат просечни странски ракометари ќе се изначекаме додека да создадеме некои играчи кои ќе можат да ја понесат репката до некои нови успеси.
Но, според мене, за еден добар проект, ни треба прво сериозно вложување во еден
каментемелник, а тоа е анганжман на еден селектор.
Ама, да е класа селектор.
Дај му договор на барем 4 години и остави го да работи.
Не се само Јапонците за пример.
Гледајте што се случува со Србите,по анганжманот на Тони Џерона.
Се пропородија, и тоа со далеку поскромен состав.
Со Франција какви партии дадоа ( без разлика што се пријателски ), ете ја растурија и Грција со 10 парчиња.
Грција, шо не победи нас, кога бевме фаворити ( барем, на хартија ).
А претходно под водство на претходните селектори имаа далеку поголеми имиња на располагање и губеа од послаби селекции.
Србите, со далеку помал буџет од нашиот, прават капитални проекти.
Ние, со федерација која е најдобро организирана од постоењето сме на ниво на сите селекции
СЕВСЕЛЕНСКИ СЕЛЕКТОР да ни е Данило Брестовац
А резултатите? Односно, кога ќе дојдат би били подобро прашање?