Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Каде можи да се провери дали некој играч воопшто заиграл на натпревар?
 
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Би требало да пишува во записникот кој колку точно изиграл. На Википедија најлесно ќе го најдеш.
Еве поточно ми треба ова копитово Morten Olsen од данска по грешка + го стаив ама не знам дали игра сеа против бахреин, на тоа мислев :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Еве поточно ми треба ова копитово Morten Olsen од данска по грешка + го стаив ама не знам дали игра сеа против бахреин, на тоа мислев :D
Епа ќе си почекаш до утре сабајле најкасно, додека да го објават записникот.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Еве поточно ми треба ова копитово Morten Olsen од данска по грешка + го стаив ама не знам дали игра сеа против бахреин, на тоа мислев :D
две асистенции има сега за сега.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
15-ката на Конго - шлепер. Овој колку Стоилов и Пешевски заедно. :pos:


Докторов денес даде 4 гола со преку 200 кила.
А талентите Кузмановски&Талевски заедно дадоа 1 гол вчера.
:pos: :pos: :pos:
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.277
Докторов денес даде 4 гола со преку 200 кила.
А талентите Кузмановски&Талевски заедно дадоа 1 гол вчера.
:pos: :pos: :pos:
Играјте курот вие, ама братот си врие едноставно хахахах.

 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Има и други натпревари на светсково вредни за гледање не само нашата репрезентација. Од денеска понуденото:
Катар 30 - Ангола 25
Се мачеа катарците и успеаа да ја најдат формулата за победа во второ полувреме. Ривера премногу искусно во прав момент свика тајмаут после кој се вратија катарците и финишираа во нивна корист.

Хрватска 29 - Јапан 29
Бод вреден победа за јапанците. Енигма ми е зашто Червар играше со Чупиќ на десен, има бекови и макар и деснак би играл таму поарно би било или пак два бека со два пикера али..... Дувњак касно проработе со шутот и секоја грешка јапанците ја казнуваа.
Сигурдсон маестрално со тимот, како ги има поставено, научено, дисциплина, брзо враќање во одбрана, сигурна реализација формиран тим кој со повеќе искуство ќе им мрси сметки на многу репрезентации.

Шпанија 29 - Бразил 29
Победа за бразилците, би ги наградил со два бода за овој резултат. Кој ја има гледано нека дае повеќе инфо како течел натпреварот.

Тунис 28 - Полска 30
Изгледа пресудно беше за полјаците индивидуалното искуство на играчите и подобра физичка спрема. Пореално би било и оваа нерешена да беше ама....
Тунис падна во последните 15-20 минути од мечот, физички и психички кога Полска фати приклучок и презеде водство. Неколку тех. грешки и избрзани акции ги чинеше тунижаните победа, згора на тоа во последните 10 минути една акција вртеа а полска со поистурена 6-0 одбрана ги запре во прав момент.

Ќе ја чекам вторава утакмица пред да коментирам уште нешто за нашиве како играчи а за селекторот веќе е кажано тука.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
Polska go dobi natprevarot glavno na odbrana, im pregorea bekovite na Tunis vo vtoroto poluvreme i lesno gi stavija vo dzeb, realno Jallouz e nezamenliv igrac kaj Tunis, za edna klasa poslabi se Tunis bez nego.
Iako za pofalba e ovoj kriloto Moryto, maestralna izvedba so 11 pogodoci, mislam deka toj e glaven adut na ovaa repka na Polska, poleka se vrakaat vo kremot poljacive, bas me interesira kako ke odigraat protiv Spanija i Brazil.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Играта на Јапонија со Хрватска е класичен доказ дека кога веруваш во себе, во своите вредност, а притоа дадеш се од себе на натпреварот се е можно.
Секоја чест за Дагур Сигурдсон, за менталитетот кој им го всади на играчите.
Потоа не бил важен селекторот? Доказ дека е важен и дека квалитет секогаш доаѓа до израз се баш овие ликови, не важно дали бил во Германија или Јапонија.
Принципот на работа, менталитетот, идеолигијата е тој истиот, затоа има резултати.
Браво за Јапонците, крајот на утакмицата успеав само да го видам.
Страшни движења на бековите промена на правец, брзина, проток на топка.
Не знаеа каде се централните дефанзивци на Хрватска, едноставно ги извадија од патики"", народно кажано.
Само со клизачи стартови можеа да ги спречат, како оси беа Јапонците, како од друга планета.
Заслужи победа Јапонија, да не беа тие неколку технички грешки на крај и неколку одбранети зицери на Пешиќ ќе победа сигурно.
Но и вака е голем успех.
Хрватска разочара, се чувствува отсуството на Карачиќ.
А, не е најсјаен и изборот на шутери, Мамиќ, Шебетиќ, Мартиновиќ е млад, има голем потенцијал, но сепак му треба време.
Но, сепак прв меч беше, најверојатно ќе се подобрат.
Ќе видиме со Катар како ќе се покажат.

Шпанците разочараа, но сепак премногу потценет беше Бразил, на крај ги демантираа неверниците.
Сериозна селекција со многу добри играчи како Лангаро, Де Толедо, Мораеш итн.

На крај, за нас, што ново да се каже,што веќе не е кажано?
Сепак, Шведска, макар и препоповена е преголем залак за репка како нашата.
Не загрижува резултатот, колку тоа што немаме игра, идеја, желба да се промени нешто.
Упорно се форсира иста игра, ист бековски нефункционален тандем Кузмановски- Талески, иста тактика- БАРАЈ ГО ПИКЕРОТ ПО СЕКОЈА ЦЕНА.
Ваква игра ќе помине ( можеби ), по некоја среќна рандом ситуација можеби со репки како Швајцарија, меѓутоа со сериозни селекции нема шанси.
Макар и кога игаме со нивните трети постави, како што беше случајот со Шведска, која имаше речиси една сериозна селекција на врвни играчи надвор од стројот заради Корона и останати причини.
И сега ние се вадиме дека сме имале мака со короната, се недостиг на тренинзи, времето било ладно/топло и слично.
Во услови кога цела ракометна Европа ги намали платите на играчите, и тоа драстични резови.
Во нашата лига се делат плати небаре во Сирија живееме, во златно време на Гадафи.
Но, и во вакви услови не успеаваме да продуцириаме сопствен кадар, квалитетен кадар на деца.
Има некој почеток, со некои солидни деца во најава, како Костески, Кузманоски на крило.
Но, нас ни фалат бекови, ни фалат пикери, добро можеби не толку пикери, еве го Жаре е тука, солидна замена за Столе.
Од времето на Кире, Мојсо, па некоја генерација потоа од Миркуловски немаме извадено ниту еден салам бек.
Што ќе игра години во добра форма, што ќе можеш да се потпреш на него.
Фалени таленти ( за наши стандарди и гледишта на ракометот ), како Кузмановски, Талески, еве и од поновата гарда како Танкоски не може да си го пронајдат местото во репката.
Ајде, веќе за Талески е се кажано, но барем за Кузмановски не ми е јасно зошто не успева да го прикаже својот талент.
Да се одважи, да преземе одговорност, да шутира, да ја оправда довербата.
Можеби и позицијата која ја игра на среден бек не му дава опции и простор.
За него треба среден бек, кој ќе го разигрува, ќе знае да ја задржи топката, да повлече простор, да му овозможи некоја добра позиција за шут.
Селекција безкласичен среден бек, реално Танкоски е далеку од плејмејкер кој ќе знае да ја задржи топката, без да се направат непотребни технички грешки, или да се изведе некој избрзан шут, или некое исфорсирано додавање до пикер.
Можеби тука треба/ше да се отвори повторно опцијата- натурализација.
Не знам дали беше вистина тој муабетот со Стас Скубе, но доколку имаше барем некоја шанса требаше од РФМ да ја разгледаат сериозно таа опција и да ја реализираат,
А, не само на местото со Скубе, туку сериозно треба да се размислува и за останатите места во бековската линија.
Кире, реално е пред крај на кариера, најверојатно прво ќе стави крај на репрезентативната кариера, а потоа и на клубската.
Па, добро е уште отсега, да се прават планови за во иднина.
Што во наредните сезони? Како понатаму?
Ова, во случај и натаму да имаме некоја аспирација за нешто повеќе од статистички учесници во циклуси за квалификации и по некоја случајност ЕП или СП.
Затоа што како тргнала работата со нашата лига, со квалитетот на екипите, во кои местата на нашите ( оправдано ) им го земаат просечни странски ракометари ќе се изначекаме додека да создадеме некои играчи кои ќе можат да ја понесат репката до некои нови успеси.

Но, според мене, за еден добар проект, ни треба прво сериозно вложување во еден каментемелник, а тоа е анганжман на еден селектор.
Ама, да е класа селектор.
Дај му договор на барем 4 години и остави го да работи.
Не се само Јапонците за пример.

Гледајте што се случува со Србите,по анганжманот на Тони Џерона.
Се пропородија, и тоа со далеку поскромен состав.
Со Франција какви партии дадоа ( без разлика што се пријателски ), ете ја растурија и Грција со 10 парчиња.
Грција, шо не победи нас, кога бевме фаворити ( барем, на хартија ).
А претходно под водство на претходните селектори имаа далеку поголеми имиња на располагање и губеа од послаби селекции.
Србите, со далеку помал буџет од нашиот, прават капитални проекти.
Ние, со федерација која е најдобро организирана од постоењето сме на ниво на сите селекции СЕВСЕЛЕНСКИ СЕЛЕКТОР да ни е Данило Брестовац:place:
А резултатите? Односно, кога ќе дојдат би били подобро прашање?
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.672
После првиот натпревар многу се разочарав од нашите,не толку поради поразот или резултатот туку поради пристапот,играта и желбата за победа,ми изгледаа како да сме отидени на екскурзија и дека шансата ја гледаат само против Чиле,затоа за денес немам никакви очекувања.

Египет според мене е поквалитетна репрезентација од Шведска,последните години многу вложуваат во ракомет и веќе им стигнаа резултатите во младински селекции.
На кадетското пред 2 години што се играше во Македонија земаа злато,истата година беа 4ти на јуниорското првенство,сега доаѓа време на тие играчи да се покажат и во сениорски ракомет.
Кога ќе се додадат и некои поискусни играчи како голманот Хендави,тој пикерот Шебиб што играше во Монпеље сезоната кога освоија ЛШ,Ал Ахмар исто е тука многу искусен играч и да не ни кажувам за квалитетите на Јахија Омар од Веспрем,добро ни е познат на сите ако му оставиме на овој простор за игра ќе не растури буквално.
Сигурен сум дека и Парондо одлично си ја има завршено работата и дека се припремени за ова првенство.
Ги имам гледано неколку пати и мислам дека сериозен проблем ќе ни направи нивната одбрана,сите се касапи по 2 метри,баш какви што нас не ни одговараат.

Ако сакаме да извлечеме некоков позитивен резултат мора драстично да ја подобриме нашата игра во двата правци,во спротивно ќе доживееме уште еден висок пораз.
 
Последно уредено:
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Позитивен резултат денеска ќе биде да не сме над 10 гола разлика. Ако имаме одбрана како против Шведска, не сакам ни да помислам како лошо ќе си поминеме.
Тие грамади душата ќе им ја извадат на нашите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom