Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
На должината најмногу алудирав со постот. Не сакам да звучам како некој што цело време форсира “ Порано вака беше” фрази ама стварно имав доем дека само филмови со квалитетна приказна се снимаа со времетраење од 2+ часа.

Значи кога ќе почне филмот и кога ќе видиш доле колку трае си правиш некоја проекција што да очекуваш. Сега пуштам филм и паника ме фаќа кога ќе видам времетраење на се што е новокомпонирано.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Irish man? Што очекуваше кога виде времетрање а што испадна одкога го изгледа?
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
Irish man? Што очекуваше кога виде времетрање а што испадна одкога го изгледа?
Irishman и The trial of Chicago 7 се исклучоци од генерализирањето што го направив во мојот пост. Во овие два филма има нешто што доста угодно те вози низ сите тие 2 и пол часа ама тоа се препознава уште при првите 30 минути од филмот.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Тапа е Ирецот. Старциве веќе изгубиле секаков осет со глума. Не дека Мартинчо попуштил колку што екипата му е падната. Да беше филмов праен у 90тите ќе беше култно дело од клапата на Гудфелас, Казино и сл.
Мене ми беше досаден и неинтересен.

Малце ми беше језиво да го гледам Де Ниро подмладен ко да го праеле на фејс ап. Малце и ми беше срам за него колку не може да се движи брзо и колку го има изгубено тој курназ поглед и тоа курназ понашање и тепањето, поготово тепањето у негов стил со газење на жртвите доле.

Ал Пачино немаше сила да вика, едвај се дереше во тие неколку сцени.
Џо Пеши мех, Харви Кајтел такоџе.

Мех филм се на се. Мартинчо на стари години и на стара слава се реши да спечали уште многу милиони на грбот на Нетфликс.

Иначе не застанува со работа Веѓата. Има неколку проекти што се спремаат и снимаат, заедно со Ди Каприо и Боби.(y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.854
Поени од реакции
36.917
Таман помислив дека е ова најтапа година во Холивуд и дека едно единствено пристојно филмче не се појави... Promising Young Woman - аууууууууу! :cuc::cuc::cuc: Последната третина од филмот е ежење од глава до пети, без престан! Башка, совршено одбран саундтрак што перфектно се вклопи на крај во целата слика што ја имам. Претпоставувам дека многумина тука ќе се жалат за крајот, што беше и за мене единствено нешто за што се двоумев помеѓу 9 и 10, ама на ова носево подолу би му давал чисти десетки до крајот на животот, без око да ми трепне! :love:

Се надевам дека овие ѓубрињата од AMPAS нема да ја изостават и ќе и дадат и Оскар, после една номинација, и уште 4-5 заслужени, што не ги доби веројатно зашто не е црна.

За Promising Young Woman - препорака до сите! Најдобриот филм од 2020, за сега!
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Го гледав и јас Promising young woman вчера.
Трејлерот е малце all over the place, изгледа ко пречуден филм, што само по себе за малце ќе ме оттргнеше да го симнам, али ми се допаѓа Кери, па ради нејзе му дадов шанса.

Не е толку чуден, не е толку психо, само обработува тема што не е најпријатна за гледање и за дискусија. Затоа и нејќам да гледам вакви revenge филмови, ме напнуваат и ме разлутуваат, а нема решение за проблемот.
Крајот е одличен, баш да се заокружи цела поента на филмот, а и поинаку немаше да биде точна математиката со римските броеви. ;)

Очекувам коментари за феминистичка пропаганда, леле кое психо, леле мажите кутри, бла, бла, блааааа.

Јас би му дала солидна 8ца. Може и 9ка, ради Кери, стварно е добра, иако мислам дека изгледа постаро од тоа што требаше да изгледа во филмов.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.854
Поени од реакции
36.917
немаше да биде точна математиката со римските броеви. ;)
Не беа римски броеви, туку цртки, рецки, или како и да се викаат овие - IIII

Инаку, малку е феминистички филмот, мора да се признае, ама и тоа не му намали ништо од оценката кај мене. Дури и насловот е феминистички: The title is a reference to Brock Turner, a Stanford University student who was convicted of sexual assault in 2016. Despite his conviction, he was referred to by some as a "Promising Young Man."

И уште една работа: please, секој што ќе го гледа, не гледајте трејлери, не читајте рецензии кои можат да откријат премногу, едноставно влезете му без да знаете ништо за што се работи, ко мене. Може и затоа таков ефект имаше врз мене. Јас од толку што ништо не знаев, едно време дури мислев дека е science fiction. После, пак, мислев дека типкава е со два идентитета во нејзе.

Ама Кери Мулиган... :love::love::love:
 
Да, цртките, мада не мислам на оние во тефтерчето.
На оние розевите што идеа низ филмот. Таа е 4, самата се става во листата, затоа и крајот е нели каков што е. Мене затоа не ми беше разочарувачки, туку, баш по нејзин план.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.854
Поени од реакции
36.917
Да, цртките, мада не мислам на оние во тефтерчето.
На оние розевите што идеа низ филмот. Таа е 4, самата се става во листата, затоа и крајот е нели каков што е. Мене затоа не ми беше разочарувачки, туку, баш по нејзин план.
Да, да, те разбрав потполно. Корекцијата беше само дека не се римски броеви. ;)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Јас не можев, го прекинав после саат време.
Јас го изгледав цел (The Midnight sky) може заради Клуни, или дека некој го пофали, и цело време очекував да ме изненади со нешто позитивно, ама ништо нема филмот. Скроз по шема правен. Кога однапред знам што ќе се случи следно - го промашиле сценариото :D

Не знам како се става спојлер, инаку ќе кажев поконретно што ме разочара :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Периодов главно гледам филмови од ИМДБ топ 250 и сношти на ред дојде Amores Perros.

Мексиканциве ко народ ми се тешки цигани. Колку и да звучи расистички, такви се. Од сите тие латино-луситанци едино симпатии имам ко Бразилките. :D
Е сега што знаат Ињариту, Дел Торо и Куарон да снимат квалитетни филмови, знаат.

Три стории навидум различни, а сепак доста слични тематски, сите љубовни и во секоја од нив има кучиња. Плус тоа што одлично се поврзани од маестро Ињариту, а не само нафрлани ко во некој омнибус. Најмногу ми се допаѓаше првата приказна, најдинамична беше, али не беа лоши ни другите две. На Гаел Гарсија Бернал како му лежат вакви улоги...

Е сега насловот не ми е прикладен. Солидно знам шпански и насловот буквално би се превел "Љубови, кучиња" нешто ко Гапо со "Време, води", ама без запирка. :DМеѓународниот англиски гледам на ИМДБ е оставен во оригинал на шпански, а преводов на англиски што го најдов беше 'Love's a bitch'. Соодветно, би рекол. :LOL:

Препорака.
 
B

Beginner

Гостин
Таман помислив дека е ова најтапа година во Холивуд и дека едно единствено пристојно филмче не се појави... Promising Young Woman - аууууууууу! :cuc::cuc::cuc: Последната третина од филмот е ежење од глава до пети, без престан! Башка, совршено одбран саундтрак што перфектно се вклопи на крај во целата слика што ја имам. Претпоставувам дека многумина тука ќе се жалат за крајот, што беше и за мене единствено нешто за што се двоумев помеѓу 9 и 10, ама на ова носево подолу би му давал чисти десетки до крајот на животот, без око да ми трепне! :love:

Се надевам дека овие ѓубрињата од AMPAS нема да ја изостават и ќе и дадат и Оскар, после една номинација, и уште 4-5 заслужени, што не ги доби веројатно зашто не е црна.

За Promising Young Woman - препорака до сите! Најдобриот филм од 2020, за сега!
(y) Конечно добар филм од 2020 па би се согласил и најдобар за 2020.
Докај 1. час и 30 минута си помислив ова ќе е уште еден класичен revenge филм ама shit got real :D единствено што погодив одма дека "дечко" и е до некаде замешен во силувањето на Нина
 
Kajgana Shop

На врв Bottom