- Член од
- 29 ноември 2014
- Мислења
- 1.017
- Поени од реакции
- 4.087
Chinatown на Полански, многу добар.
Баш ме изненади текот на настаните. Очекував едно нешто, а добив добра мистерија.
Ќе ставам спојлер за што точно ми фалеше за да добие 5.
Не доби 5ка зашто не беше добро разјаснет самиот наслов и што се случило во кинескиов кварт? Очигледно му се десило нешто на Џејк додека работел ко полицаец таму и по муабетите со полицијата сугерираа дека била замешана и некоја женска и не завршило добро, очигледнп женава загинала, по што Џејк си дал отказ.
Е сега што се десило и која беше поентата на последната реплика: 'Forget it, Jake. It's Chinatown.' останува мистерија.
П.С.
Каква женска била Феј Данавеј. Истовремено има во неа и некоја строгост и некоја милост. Мелем за очи.
Are you alone?
-Aren't we all?