Untitled Paul Thomas Anderson project (2021)
Пишав и во генералната тема пред некое време дека стартувам со проект наречен Пол Томас Андерсон.
Режисер за кого имам високо мислење иако до тој момент го имав изгледано само Тhere Will be Blood кој ми беше досаден во целина, освен глумата на Даниел Деј Луис. Ама за него подоцна, кога ќе дојде до репризирање. Истотака и The Master не го издржав и го оставив недогледан.
И за него подоцна.
Ова и ме плашеше кај ПТА и неговите филмови, кои траат долго, и се драми и ко што реков во тој пост од генерална, сметам дека е комплексен режисер од аспект на тоа како ги раскажува филмовите и за него треба да имаш ладна глава и да уживаш во драмата и следењето на карактерите.
Имав убаво интро коа постов го пишував во темава и имав сочувано нацрт, ама не знаев дека 24 часа трае па ми се избришал, среќа само што беше сочинет со првите два филма. А и што ви е гајле за мои хумористични интроа, тука треба да ги напишам филмовите што ги гледав и да дадам осврт на кариерата и делата на ПТА.
Секако со мое небитно за широката раја, мислење.
По редослед ги гледав филмовите. Почнувајќи од почеток, логично.
Прв филм на Пол Томас Андерсон е
Hard Eight (1996)
на свои 26 години ПТА пишува оригинално сценарио водејќи се по некоја негова приватна случка со казино, го продуцира и режира филмот каде во главните улоги се појавува едно харизматично чиче кое ќе го има и во следните неколку филмови, неговото име е Филип Бејкер Хол.
Покрај него го има и Џон Си Рајли, Гвинет Палтроу, Самуел Л. Џексон и малце Филип Сејмур Хофман.
Филмот започнува кога Сидни (чичето) на влезот од еден ресторан ќе најде едно безнадежно момче Џон (Си Рајли) и ќе го покани на појадок и кафе. Овој ќе му побара пари за погребот на мајка му а стариов на тоа му одговори дека нема толку пари туку ќе му дае 50 долари и со нив ќе го научи на
коцкарски трикови. Така и бидна.
Фаст форвард 2 години подоцна, Џон веќе искусен комарџија ќе ја запознае шармантната келнерка и во слободно време проститутка Клементин (Гвинет Палтроу), заедно со Џими (Самуел Л.Џексон) и тука филмот добива своевиден заплет а подоцна и расплет, нели. Од драма следи малце побрз тек и ствара една интересна трилер атмосфера, со малце насилство.
Добар филм, коректна драма каде преовладува грижата на совест, обид за исправање на неправди односно демони од минатото и носење/живеење со истите.
7/10 оценка.
Следната
1997ма година, ПТА влага во малце позериозен и поголем проект наречен
Boogie Nights
повторно чичето, овојпат во споредна и навидум небитна улога, повторно со сериозна минутажа Џон Си Рајли, и малце поише од претходниот, Филип Сејмур Хофман.
Тука во главните улоги ги имаме Барт Рејнолдс и Џулијан Мур, како и Марк Волберг во една од неговите први сериозни филмски улоги. И Дон Чидл и Пачанга/Гача во споредни заедно со Вилијам ЕЈЧ Мејси односно тој од Фарго или од Шејмлес, или од сите милион улоги. Смешна фаца.
Филмот почнува некаде во 1977ма година и опфаќа период од некои 10 години во време каде порно индустријата зема сериозен замав. Во диското на Пачанга/Гача, Џек Хорнер (Барт Рејнолдс) и неговата муза Амбер (Џулијан Мур) го запознаваат младиот собирач на чаши Еди, подоцна Дирк (Марк Волберг) и го внесуваат во порно светот каде веќе живуркаат овие другиве актери спомнати погоре.
Филм каде гледаме судир на високи ега, подеми и падови, секс, дрога и рокенрол со значителна акција и насилство во втората половина од филмот.
Во атмосферата и текот на раскажувањето малце ме потсеќа на Мартин Скорсезе од тие неговите гламурозни филмови. За мој вкус малце предолг, верувам и за повеќето, а и многумина би го нашле за досаден, долг и непотребен. Ваљда и јас ќе спаѓав во оваа клапа ако го гледав во некој рандом период од мојот неинтересен живот.
Ама за ПТА си реков дека филмовите ќе му ги испратам со ладна глава, поише памет и обид да се согледа суштината на филмот.
Од таму и 8/10 оценка.
Magnolia (1999)
Џимеј вика ова е еден од најдобрите филмови икада. У секој момент од мојот филмско-гледачки живот би му собрал све на куп. Но не и сега.
Ќе го пцујам малце Андерсон на крајот од рецензијава.
Многу јак филм, многу јака драма, многу јака атмосфера, многу јако све. 3 саати трае, едно 6-7 години се плашев и на имдб да го отворам од што е толкав, плус драма, плус тотално мех од објаснување, плус Том Круз. Шанса нема да се гледа ова. аа
Прејако траеше, онака си седиш и си гледаш драма, баш драма, ликови и нивните судбини, секоја на свој начин различна со нешто што ги поврзува сите.
Депресија би рекол, или боље меланхолија.
Криво ми е што го изгледав 2+1. Ми беше чудно што не ми беше досадно. Тоа значи сув квалитет. Така добро напишани карактери, секоја чест.
Депресивни ликови, ликови во потрага по среќа, ликови полни себемразење, ликови полни омраза, ликови со неисполнет потенцијал, ликови со оштетено минато, ликови полни каење, ликови полни емпатија, ликови кои својот неуспех пробуваат да го ``извадат`` преку други и ликови кои се доволно паметни тоа да не го дозволат - не знам како да се изразам за ова последново (сегментот со малиот Сидни). Ликови, ликови, мизерни ликови.
Е сеа, некои би рекле абе имаше доста непотребни ликови и моменти, можел нешто да извади и да се ослони повеќе на другиве. И јас така си реков во еден момент ама после ми текна дека ако напраел така филмот ќе беше досаден, вака држеше внимание кај сите ликови и ниеден не беше премногу застапен за да ти скурчи, ниту пак нешто фалеше кај некого. Перфектно напишани и изведени карактери.
Сите се главни улоги тука, Том Круз во една од своите најдобри улоги, Џулијан Мур прејака и преубава и не замарајте Иовци и Шон Спенсерци, повторно Џон Си Рајли топ, повторно чичето, повторно тој од Фарго или од Шејмлес, или од сите милион улоги. Смешна фаца. Жаба му ги искрши забите. И пак малце Пачанга/Гача. И горе-доле исто ко и во претходниот, Филип Сејмур Хофман.
Мора малце да го опцујам ПТА, па пичка ти матер твоја, мораше ли жаби да ми пуштиш ебате тоа. Си уживав у филмот, си тонев, си гледав, си слушав, си вриев и одеднаш фрасссс жаба ми паѓа на екран, и милион други, дожд од гадни крастави жаби, едвај гледав, блокирав со рака и мижев. Гомно.
10ка ќе добиеше ама кур, 9ка. Најсериозен сум, заради жабите.
9/10.
Punch-Drunk Love (2002)
Прочитав негде дека ПТА имал голема желба да соработува со Адам Сендлер. За наша среќа, соработката останала на еден филм. За наша среќа, баталил пишување и снимање комедии.
Ова му доаѓа ко затишје пред бурата наречена Ќе има крв, и малце лабавење после Магнолија. Да си речеш, еве го овој, сними 1 јак филм и потона. Пред да те шокира со следниот.
Филм, романтична полу-комедија со Адам Сендлер и Емили Вотсон во главните улоги, со поддршка од Пачанга/Гача. И у 2-3 сцени Филип Сејмур Хофман.
Бери (Сендлер) е потчинет и несреќен дноцко со anger issues и 7 сестри. Се запознава со Лена (Емили Вотсон) а у меѓувреме се јавува на хот-лајн каде мисли дека они се некој вид на психијатри и ќе му помогнат со дното што го допира. Нешо ќе му напраат проблем овие, он ќе се заљуби у Лена, Лена ќе се заљуби у него, смотани се, овој ќе добие сила од што е заљубен, па ќе им се курчи на овие преварантите, па ќе се караат и ќе се дерат меѓусебно со Филип Сејмур Хофман и толку.
Брз филм, саат време трае, Андерсон си напраил забава со Адам Сендлер. И тоа е тоа.
5/10. Одиме понатаму.
There Will be Blood (2007)
Богами стварно. Реприза. Ни малце досаден ко првиот пат кога го гледав. Впечатокот е друг. Ама едно останува сигурно, бар за мене, ова е најдобро одиграниот карактер во историјата на сите филмови. Ок ај, у топ 5 сигурно. За Даниел Плеинвју зборам. За Даниел Деј Луис излишни се сите зборови, неколку пати имам кажано, ќе се повторам пак, бар за мене, Даниел Деј Луис е најдобриот актер во Холивуд. И мој омилен.
Ќе има крв. Овојпат со сосема нова актерска екипа. Без Филип Сејмур Хофман.
Даниел Деј Луис и Пол Дано се главните актери во оваа епска нео-вестерн драма.
Судир на карактери кои се спремни на се само да стигнат до целта наречена пари и моќ. Едниот е нафтен магнат, другиот е свештеник.
Себичност, злоба, бескрупулозност, завист, љубомора, алчност, дволичност, одмаздољубие.
Ова е најкомплексниот и најдобриот филм на ПТА.
Ако Хавиер Бардем во No Country for Old Man ко одигрува најперфектниот психопат >според многумина< Даниел Деј Луис возвраќа со најперфектниот социопат.
Интересно, овие два филма ја водат битката за Оскар за најдобар филм таа 2007ма година. Победник е тој на Коеновци. Паралелно се снимани на истите локации, во истата пустина. Еднаш Коеновци дошле на сет и виделе огромен црн облак, морале да чекаат 2 дена за да се тргне маглата пошто ден претходно Пол Томас Андерсон тестирал пиротехнички експлозиви за сцената кога се случува несреќа на платформата на Плеинвју.
Нејќам да ги споредувам, и не е тоа поентата сега, двата филма се врвни остварувања, секој на свој начин.
Според многу интернет критичари, There Will be Blood е најдобриот филм на 21от век, засега. А како тргнал трендот во Холивуд, прашање е дали некој ќе успее да го достигне ова ниво. Можеби самиот ПТА. Who knows.
10/10.
The Master (2012)
Според П.Т Андерсон ова е неговиот најдобар филм, или барем негов омилен. Јас не би се сложил со него во ниту еден случај.
Хоакин Феникс е главен лик во овој филм во една од неговите најдобри улоги. Можеби и најдобра. Само номинација за Оскар кој таа година го доби Даниел Деј Луис за улогата на Абрахам Линколн, разбирливо. Покрај него, тука се Ејми Адамс, малце Реми Малек, малце помалце Џеси Племонс. И премногу Филип Сејмур Хофман.
Фреди Квел (Феникс) е психички малце неурамнотежен воен ветеран од WW2 кој има проблем да се адаптира во не-воена улога во животот. Лута од работа во работа, има проблеми со алкохолот, сексуалните фантазии и темпераментот. Случајно ќе наиде на Ланкастер и Пени Дод (Ф.С Хофман и Ејми Адамс), водачи на еден вид култ таканаречен Кауза каде овие се трудат да го извлечат најдоброто од Фреди, да го истераат на прав пат, да се пронајде самиот себеси во животот по завршувањето на војната.
Малце досаден филм да бидам искрен, некако се мачев да му влезам и да уживам како во претходните. Сериозно би го пофалил Хоакин Феникс за врвно одигранава улога, дечкото е сериозен актер, ја не памтам да имал некоја слаба улога.
Ејми Адамс е најдобрата актерка на денешницава и права штета и неправда е што сеуште нема Оскар. Во следниве неколку години очекувам да и наместат награда за некој глуп филм по примерот на ДиКаприо и Ревенант.
Филип Сејмур Хофман, го сними филмов, го читал сценариото 100 пати, ја знае поентата на филмов... и се самоуби со предозирање. Исклучителен актер, многу харизматичен лик и појава и боја на глас која би ја глеал и слушал без престан.
7/10.
Inherent Vice (2014)
Ова е втор пат во кариерата Пол Томас Андерсон да адаптира сценарио. Има номинација за Оскар за тоа. Првиот пат кога го напраи тоа беше во 2007ма година за There Will be Blood. Тогаш имаше полн погодок, сега не.
Многу конфузен филм, нешто као лабава комедија, со крими-трилер елементи. Можеби требале на Гај Ричи да му го дадат сценариово, негов стил е ова и сметам дека боље би го извел, побрзо, поинтересно, баш ко што знае он.
Андерсон малце го тупи, спор е, непотребен, конфузен, стилот негов не одговара за вакви приказни. Приказната ми ствараше проблем, не можев да ја следам. Не знам зошто му требала оваа екскурзија.
Хоакин Феникс е главен актер во филмов, он е Лери `Док` Спортиело, приватен детектив, таа бившата девојка нешто ќе му рече да внимава на нејзиниот моментален ебач, нешто му спремале киднапирање бла бла. Овој почнува да истражува, Џош Бролин е полициски детектив, Беницио Дел Торо му е адвокат на Док, Рис Витерспун ја има, истотака и Овен Вилсон. И оној црнецот од The Wire малце. И Џена Малоун. Го нема Филип Сејмур Хофман.
Глуп филм според мене.
4/10.
Phantom Thread (2017)
Последен филм на господинот Даниел Деј Луис. Почестен со номинација за Оскар.
Покрај него во главна улога е и една симпатична и харизматична девојка со име Вики Крипс. Лесли Менвајл е номинирана за најдобра женска споредна улога. За жал веќе и дефинитивно го нема Филип Сејмур Хофман, никаде.
Рејнолдс Вудкок (ДДЛ) е доста познат и успешен кројач, шнајдер кај кого се облекуваат секакви луѓе од високата класа. Заедно со него работи и сестра му Сирил (Лесли Менвајл). Набрзо во нивните животи а посебно во животот на Вудкок ќе се појави харизматичната и млада Алма (Вики Крипс) која на некој начин ќе му го украде срцето.
Алма е девојка со силна воља за живот, опуштена, расположена и отворена за љубов. Рејнолдс е дрзок, затворен тип, асоцијален, перфекционист и на некој начин намќор би рекол. Карактерно доста различен од Алма.
Романтична драма сместена во средината на 20от век во Лондон. Судир на карактери, љубов, соперништво, откажување, неоткажување, борба против сопствените навики, враќање на старите навики, несвојствени методи, пронаоѓање на љубовта, поддршка.
Добра драма, симпатична, актерите на висина на задачата. Андерсон повторно докажува дека е крал на вакви психолошки драми.
8/10