Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Малку надвор од муабетот - еве ја листата со филмови најсериозни кандидати за Оскар за најдобар филм оваа година - https://forum.kajgana.com/threads/93-американски-филмски-награди-Оскари-2020-21.110573/post-9190922 Повеќето се веќе излезени, па може да ги ѕирнете, доколку барате што да гледате следно. Еден од нив е моментално предлог во клубот - клик на линкот во мојот потпис подолу.
 
Многу хејт претрпе и Hillbilly Elegy, а пред тоа и Devil All the Time, ама мене и двата ептен ми легнаа. Hillbilly - каква само глума, човече, од обете - Глен Клоуз и Ејми Адамс. За втората се шегуваат дека ќе земела Златна малина пред да земе Оскар, и тоа ќе било баш за филмов. Гомна да јадат! Растури Адамс. Единствено што не ми се допадна, што беше баш предвидлив, полн клишеа, ама како целина сепак топлината на приказната (семејна драма за тоа каков те прави семејството, какво и да е), плус глумата, надоместуваат многу и го прават баш добар. (y)
 
Годинава црнечкиве филмови - очај! Прво Da 5 Bloods го глупостите од BLM пропагандата, сега и Ma Rainey's Black Bottom што нема врска со BLM, (ама пак не пропуштија да спомнат нешто за црнците и белците), но сепак беше филм кој и онака не можеше ништо повеќе да понуди. Цел филм не се придвижи од мртва точка, за на крај кулминацијата да биде - очај! Го сакав Chadwick Boseman, ОК си одглуми, ама ако земе Оскар за ова, дефинитивно ќе биде само како почесен Оскар, зашто реално, сигурно постои некој кој повеќе заслужил од ова.
 
Another Round на Винтерберг е океј, ама не ме тресна од земја што би рекол Џонтра. :LOL:

Се сложувам со него ко пиша дека интересно почнува филмов, ама ми губи темпо после.

Не се поврзав емоционално со ликовите, апсолутно небитно ми беше што ќе се случи...

Jagten е две класи подобар филм, а Мадс таму покажува одлична глума.

Со оглед на тоа што ланската година беше слаба на филмски план, не би ме чудело да лапне номинација, а ако се земе предвид и личната трагедија на режисерот што ја спомнавте, ништо чудно и Оскар.
 
Kрајот на Another Round е епски.

Во сета таа животна гомнарија низ која помина и сам си ја придонесе Мадс, накрај да не пишувам сполјер, го направи тоа што го направи и беше некако ептен симпатично.
 
90ka

Screenshot-2021-01-05-125733.png
 
The Handmaiden - едно од ретките ремек дела од последнава деценија. Филм на кој не можеш да му најдеш ниедна замерка. Има една реплика во филмот Spellbindingly beautiful, филмот е баш тоа, опишан со само два збора.
Го барав мислењево специјално да му стиснам лајк.

Филмов едно добри 3 години ми дреме у букмаркс, секогаш сум го тргал на страна поради времетраењето прво и второ поради драма-романса жанрот. Азиски филм ако не е мистерија не го зиам нешто посебно у обзир, ама филмов ми упадна у очи пошто јадеше стварно позитивни критики на форумов на времето, ама пак, драма-романса скоро 3 саати, некако не ме купуваше, викам @wot се заљубил нешо се лигави тука, и другиве по него.

Ама. Ама.
Ја глеав екстендед верзијата од 2:48 и не зажалив ни минута да бидам искрен. Ко што ме фаќа нервоза и неудобност за глеање долги филмови периодов, денес стварно вредеа овие 3 саати, многу брзо ми поминаа, уживав. Е тоа е квалитетен филм, колку и да трае, да не го осетиш, да изгубиш чувство за време. 10ка.

Ова Spellbindingly beautiful ќе ми остане посебно врежано во меморијата долги години. Каки курац Мулхоланд драјв. :icon_lol:

Пар екселанс филм, азијците никогаш не ме разочарале до сега. Нека им каже некој на Нетфликс како се праи филм каков што они сакаат и праат години наназад и нанапред. :Д
Врвно пиче Хидоки, сместа доби фолоу на инстаграм, влезе во кругот на коси мачиња посебно што си ги лајкам.

_________________________________________

И уште еден топ филм гледав пред некој ден. Аргентинскиот Wild Tales , eкстра филм. За тие што не го гледале, препорака. Лабав но не баш комедија филм ко што пишува во објаснувањето. Трагикомедија нека е, боље.
6 кратки приказни што прикажуваат понашање на луѓе коа ќе се најдат во навидум стресни ситуации, секојдневни, рандом.
Топ филмара.

Убаво ми почна годинава на филмски план, се надевам ќе ме држи мотивацијава и нема да потонам.
 
Јас не можев, го прекинав после саат време.

На должината најмногу алудирав со постот. Не сакам да звучам како некој што цело време форсира “ Порано вака беше” фрази ама стварно имав доем дека само филмови со квалитетна приказна се снимаа со времетраење од 2+ часа.

Значи кога ќе почне филмот и кога ќе видиш доле колку трае си правиш некоја проекција што да очекуваш. Сега пуштам филм и паника ме фаќа кога ќе видам времетраење на се што е новокомпонирано.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Back
На врв Bottom