Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
Значи ова му доаѓа Холивудско “Без лажи и преваре”?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Handmaiden - едно од ретките ремек дела од последнава деценија. Филм на кој не можеш да му најдеш ниедна замерка. Има една реплика во филмот Spellbindingly beautiful, филмот е баш тоа, опишан со само два збора.
Го барав мислењево специјално да му стиснам лајк.

Филмов едно добри 3 години ми дреме у букмаркс, секогаш сум го тргал на страна поради времетраењето прво и второ поради драма-романса жанрот. Азиски филм ако не е мистерија не го зиам нешто посебно у обзир, ама филмов ми упадна у очи пошто јадеше стварно позитивни критики на форумов на времето, ама пак, драма-романса скоро 3 саати, некако не ме купуваше, викам @wot се заљубил нешо се лигави тука, и другиве по него.

Ама. Ама.
Ја глеав екстендед верзијата од 2:48 и не зажалив ни минута да бидам искрен. Ко што ме фаќа нервоза и неудобност за глеање долги филмови периодов, денес стварно вредеа овие 3 саати, многу брзо ми поминаа, уживав. Е тоа е квалитетен филм, колку и да трае, да не го осетиш, да изгубиш чувство за време. 10ка.

Ова Spellbindingly beautiful ќе ми остане посебно врежано во меморијата долги години. Каки курац Мулхоланд драјв. :icon_lol:

Пар екселанс филм, азијците никогаш не ме разочарале до сега. Нека им каже некој на Нетфликс како се праи филм каков што они сакаат и праат години наназад и нанапред. :Д
Врвно пиче Хидоки, сместа доби фолоу на инстаграм, влезе во кругот на коси мачиња посебно што си ги лајкам.

_________________________________________

И уште еден топ филм гледав пред некој ден. Аргентинскиот Wild Tales , eкстра филм. За тие што не го гледале, препорака. Лабав но не баш комедија филм ко што пишува во објаснувањето. Трагикомедија нека е, боље.
6 кратки приказни што прикажуваат понашање на луѓе коа ќе се најдат во навидум стресни ситуации, секојдневни, рандом.
Топ филмара.

Убаво ми почна годинава на филмски план, се надевам ќе ме држи мотивацијава и нема да потонам.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
Јас не можев, го прекинав после саат време.
На должината најмногу алудирав со постот. Не сакам да звучам како некој што цело време форсира “ Порано вака беше” фрази ама стварно имав доем дека само филмови со квалитетна приказна се снимаа со времетраење од 2+ часа.

Значи кога ќе почне филмот и кога ќе видиш доле колку трае си правиш некоја проекција што да очекуваш. Сега пуштам филм и паника ме фаќа кога ќе видам времетраење на се што е новокомпонирано.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.059
Го ставив у watchlist само затоа што Злате го имаше ставено во темата за оскари дека можно е да е номиниран и ради Клуни. Очигледно не вреди. :(
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Chinatown на Полански, многу добар.

Баш ме изненади текот на настаните. Очекував едно нешто, а добив добра мистерија.

Ќе ставам спојлер за што точно ми фалеше за да добие 5.

Не доби 5ка зашто не беше добро разјаснет самиот наслов и што се случило во кинескиов кварт? Очигледно му се десило нешто на Џејк додека работел ко полицаец таму и по муабетите со полицијата сугерираа дека била замешана и некоја женска и не завршило добро, очигледнп женава загинала, по што Џејк си дал отказ.
Е сега што се десило и која беше поентата на последната реплика: 'Forget it, Jake. It's Chinatown.' останува мистерија.

П.С.
Каква женска била Феј Данавеј. Истовремено има во неа и некоја строгост и некоја милост. Мелем за очи.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
За истиот дојдов.

Томас Винтерберг и Мадс Микелсен, нема утка тука. МаЦ е најдобриот актер од неанглиско говорно подрачје.

4 пријатели, колеги професори, случајно влагаат во еден сопствен експеримент наречен дневна доза алкохол. Да видат како ќе им функционираат дневните обврски со одреден промил у крвта. На почетокот делува интересно, после се појавуваат проблеми.

Интересен филм, лабав, пишува комедија ама според мене е повеќе драма. Е сеа скандинавците какви што се чудни, може и да се газат од смеење на филмов.
Драма, според мене малце послаба од другите Винтербергови филмови кои што знаат да те треснат од земја, има и овој таков потенцијал ама ете сепак одлучил да го напраи на полабав начин.

Коа сме кај Томас Винтерберг, сериозен предлог за Submarino, иако овој го иаме гледано скоро сите пошто беше во клубот. Тие што го немаат глеано, нека го гледаат. Вреди за сите минутi. Врвен филм.
Многу ги сакам скандинавците и нивните начини на прикажување филм, директно у срж на поентата, проблемот, без да се замара дека ќе те шокира, навреди и слично. Многу се брутални. И реални. И јаки.

И уште нешто. Може некој да ми помогне да го најдам The Celebration односно Festen, филм од 98ма за кој пишува uncredited, поима неам зошто и го нема нигде на торенти... барем јас не можам да го најдам. А одамна го барам и сакам да го глеам. thats what she said.

Егзистенцијализам, алкохолизам, џез балет со Мадс. :D

Years ago, when Mads Mikkelsen's daughter was a teenager, he picked her up at a party, and he picked a young guy up. He was dressed in a '60s suit and really pointed shoes, and he was drunk as a dog. He was just totally drunk, and Mikkelsen's daughter asked her father to drive the guy home, and Mikkelsen did that. Then the guy was insisting on carrying this whole crate of beers. He wanted it back home with him, and so they did that. And then a couple of months later, it happened again, the same guy. Mikkelsen just drove him home a couple of times. In a surreal coincidence, and unbeknownst to Mikkelsen, this guy's, Emil Goll, who's is the lead singer of the band Scarlet Pleasure, song "What a Life" accompanied the end scene of the film. It was Mikkelsen's daughter who warned her father about it. With the words of Mikkelsen, "it was a crazy circle."

Бонус предлог In order of disappearance (2014) со Стелан Скарсгард, еден од најдобрите revenge филмови.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Chinatown на Полански, многу добар.

Баш ме изненади текот на настаните. Очекував едно нешто, а добив добра мистерија.

Ќе ставам спојлер за што точно ми фалеше за да добие 5.

Не доби 5ка зашто не беше добро разјаснет самиот наслов и што се случило во кинескиов кварт? Очигледно му се десило нешто на Џејк додека работел ко полицаец таму и по муабетите со полицијата сугерираа дека била замешана и некоја женска и не завршило добро, очигледнп женава загинала, по што Џејк си дал отказ.
Е сега што се десило и која беше поентата на последната реплика: 'Forget it, Jake. It's Chinatown.' останува мистерија.

П.С.
Каква женска била Феј Данавеј. Истовремено има во неа и некоја строгост и некоја милост. Мелем за очи.
Chinatown е еден од најдобрите филмови што сум ги гледал, едноставно ваков филм се прави еднаш и толку. Последната реплика е култна и крајот го прави филмот посебен.
Лошите момци секогаш ќе победат, тоа на крајот го сфати Џејк, едноставно не можеш да го победиш системот. Јас така ја разбирам репликава. Во секој случај, ме инспирира да го репризирам.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
1.014
Поени од реакции
4.074
Chinatown на Полански, многу добар.

Баш ме изненади текот на настаните. Очекував едно нешто, а добив добра мистерија.

Ќе ставам спојлер за што точно ми фалеше за да добие 5.

Не доби 5ка зашто не беше добро разјаснет самиот наслов и што се случило во кинескиов кварт? Очигледно му се десило нешто на Џејк додека работел ко полицаец таму и по муабетите со полицијата сугерираа дека била замешана и некоја женска и не завршило добро, очигледнп женава загинала, по што Џејк си дал отказ.
Е сега што се десило и која беше поентата на последната реплика: 'Forget it, Jake. It's Chinatown.' останува мистерија.

П.С.
Каква женска била Феј Данавеј. Истовремено има во неа и некоја строгост и некоја милост. Мелем за очи.
Are you alone?

-Aren't we all?
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
2. Archive - по мене ова е најдобриот филм за 2020, барем од она што јас сум изгледал.
Обработува теми како a.i. и по мене неспоредливо подобар од Ex Machina, не очекував такви пресврти во приказната
. Филмов е продолжена black mirror епизода и доколку реално беше епизода од black mirror серијалот ќе беше без сомнение една од најдобрите епизоди. 10 од 10
Незнам што виде толку во филмот. Не возеже добро, се бореше некако на мускули цело време филмов. Далеку беше од тоа што е блек мирор. Пресврт ако има, ништо посебно па за да паднеш на газ. А доколку би бил во формат на блек мирор односно некој си 50мин до 1 час супер би поминал, вака многу се мачеше филмот и верглаше во место со милион пати повторување на исти кадри од тоа природата и околината. Оцената што си ја има на имдб си е горе долу реална за како финалниот производ изгледа во целост.
 
Z

zmej gorjanin

Баш фино што имаш свое мислење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom