Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ретко вака глуп филм ко Wonder Woman 84, па и уште 2 ипол саати е. :facepalm:

Филмов го склопија чисто само за да се издупат пак овие двајцава. Што е најтрагично првиот саат само ова го гледаш.

74b5f79ceebf31087e3a50c6d959204c.gif
 
Последно уредено од модератор:
WW 1984, позитива - единствено пораката од филмот.

Другото, просек накај лошо. Гал е лепотица и личи на богиња, јас сфаќам дека е добар кастинг за улогава, али е лоша глумица и не и предвидувам драми во CV. Ќе си го тера патот на акции дур може. Реално не дека можеше и нешто ептен да се покаже со лошиот дијалог, писателиве ептен катастрофа. Паскал, се изнаглуми човекот, али ликот негов, де вака, де онака, нешто неповрзано, лепено, монтирано, лошо хаотично.
Не очекував многу, не добив многу. :toe:
 
Неможи цел филм на лепотата на Гал да се базира.
Премногу кринџи филм, една сцена дали беше така за паметење 2/5 пошто Гал е божица.
 
The Handmaiden - едно од ретките ремек дела од последнава деценија. Филм на кој не можеш да му најдеш ниедна замерка. Има една реплика во филмот Spellbindingly beautiful, филмот е баш тоа, опишан со само два збора.
 
Конечно го изгледав Once Upon a Time in Hollywood. Тешко скоро 3 часовно мачење беше филмов, подосадно нешто одамна немам гледано. Можда требаше ова да го пишам во непопуларни мислења :icon_mrgr:

Среќа после го фатив Fight Club на тв па смирив живци.
 
Конечно го изгледав Once Upon a Time in Hollywood. Тешко скоро 3 часовно мачење беше филмов, подосадно нешто одамна немам гледано. Можда требаше ова да го пишам во непопуларни мислења :icon_mrgr:

Среќа после го фатив Fight Club на тв па смирив живци.
Доказ дека оценките на IMDB се нереални во последниве години. Ти треба само добра актерска екипа и филмот ќе ти го сметаат за добар.
Еден од полошите филмови што излегле, ако не и најлош. Поголема оценка од 3ка не треба ни да има и со ова ќе се сложат половина од форумот, другата половина ќе ти каже просек и само Рон Бордо ќе дојде и ќе каже дека е 10ка.
 

Одличен! Го гледавме со невестава, која дома кај нејзиниве чува 4 мачки и 2 надвор гратис. Еве ја сега си поплачува..:D
Топ филм и приказната вистинска ја расчепкав, како љубител на животни, ме трогна.
 
За истиот дојдов.

Томас Винтерберг и Мадс Микелсен, нема утка тука. МаЦ е најдобриот актер од неанглиско говорно подрачје.

4 пријатели, колеги професори, случајно влагаат во еден сопствен експеримент наречен дневна доза алкохол. Да видат како ќе им функционираат дневните обврски со одреден промил у крвта. На почетокот делува интересно, после се појавуваат проблеми.

Интересен филм, лабав, пишува комедија ама според мене е повеќе драма. Е сеа скандинавците какви што се чудни, може и да се газат од смеење на филмов.
Драма, според мене малце послаба од другите Винтербергови филмови кои што знаат да те треснат од земја, има и овој таков потенцијал ама ете сепак одлучил да го напраи на полабав начин.

Коа сме кај Томас Винтерберг, сериозен предлог за Submarino, иако овој го иаме гледано скоро сите пошто беше во клубот. Тие што го немаат глеано, нека го гледаат. Вреди за сите минутi. Врвен филм.
Многу ги сакам скандинавците и нивните начини на прикажување филм, директно у срж на поентата, проблемот, без да се замара дека ќе те шокира, навреди и слично. Многу се брутални. И реални. И јаки.

И уште нешто. Може некој да ми помогне да го најдам The Celebration односно Festen, филм од 98ма за кој пишува uncredited, поима неам зошто и го нема нигде на торенти... барем јас не можам да го најдам. А одамна го барам и сакам да го глеам. thats what she said.
Знаеш дека на Томас Винтерберг, за време на снимање на филмот му загинала ќерка му во сообраќајна несреќа? Мислам дека 19 години имала, и исто била вклучена во продукцијата на филмот. По нејзината смрт, дури не се ни знаело дали филмот ќе продолжи да се снима, а кога продолжиле, актерите буквално не знаеле како да се однесуваат на сетовите, пред режисерот, зашто снимале комедија, нели, а нему сигурно не му било до смеење, па затоа одлучиле да не прават ни грам импровизации, туку слепо да го следат до најмал детаљ секое едно барање на Винтерберг.
 
Бреј. Немав поима, баш сеа отворив да прочитам да видам што се десило.
Вака уште поголема тежина има последната сцена со Микелсен на пристаништето.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom