Плутон доживува comeback!
Според ново истражување Плутон (но и ред други мали тела, вклучително и нашата Месечина!) треба да се редефинираат како планети, а не џуџести планети како што до сега важеа многу од нив (посебно транс-нептунски тела) почнувајќи од идиотската рекласифицкација на важечката дефиниција за планета во планетарната наука, на планети и џуџести планети во 2006та година од страна на IAU (Интернационалната Астрономска Унија).
Според претходната идиотска (ре)дефинција, планета е секое небесно тело кое:
1) орбитира околу некоја звезда, во нашиот случај, Сонцето;
2) да содржи доволно маса за да постигне хидростатичен еквилибриум, или, нетехнички кажано, да биде постигне сферична форма;
3) да го "исчисти" своето "соседство" од други објекти кои се близу неговата орбита/близина;
3-от стат го демодираше Плутон затоа што, од време на време, као ..., поминува близу орбитата на Нептун. И дека беа откриени околу 150 други ситни тела, што месечини на гасовитите џинови, што транс-нептунски замрзнати тела, и аргументот оди као ... "Абе кој ќе успее да ги убеди децава да меморизираат 150-200 небесни тела, дали сте вие нормални?", а знаеме дека дека аргументот "think of the children" никогаш не е директно поврзан со добробитта на децата, IAU си ја донесе одлуката и некои од клучните фаци дури одвратно реагираа на било каква критика околу самата одлука и како ќе се одвиваат работите во научните референци итн.
Иако, секој кој има колку-толку време поминато со деца, ЗНАЕ, дека ако одредени деца не ги интересираат звезди, планети, вселена, ни 200, ни 20, ни 8те планети нема да ги запамтат, нити ќе ги интересира нешто повеќе за нив од самото нивно име. Во меѓувреме, на истата таа детска возраст, можат да запамтат над 200 спортисти, над 200 LoL/DotA ликови, над 200 покемони и сл.
Не е проблемот дали се може или не, туку дали материјата ги интересира или не. А и самата одлука за редефинирањето е начната во истово истражување како ненаучна и понаклонета кон астрологија и телеологија отколку реална планетарна наука. Повеќе поврзана со орбиталното однесување на небесните тела, отколку нивната внатрешна композиција и процеси.
Интересно е што според новото истражување, и нашата Месечина, станува планета, во техничка смисла. Заради големината и орбиталниот план, Земјата и Месечината се дефинирани како двојни планети кои делат иста орбита. И како нова планета помеѓу Марс и Јупитер би се сметала Церес.
Линк до студијата.