Проблемот е во Наполи односно АДЛ.
Зајадливо прашање му поставија на Ањели, малце незгодно, ама убаво објасни, односно дали Јувентус би патувале на гостување ако тие од АСЛ им забранеле на Јувентус да патуваат. Одговорот е секако дека не, но дека АСЛ воопшто не би реагирале ако се следеле протоколите во ваков случај. Очигледно некој го прекршил протоколот, а тоа се играчите на Наполи односно клубот. Биле тестирани, појавени позитивни играчи земале си отишле дома со семејствата, утредента Елмас беше позитивен, истото, си отишле дома иако протоколот вели дека мора да одат сите у бабл, нешто што го потврди и Ањели дека играчите и техничкиот тим на Јувентус го напраиле откако беа откриени 2 случаи у администрација на Јувентус, па фино лепо сите заедно на купче без да идат сите по дома си дојдоа на стадион со рејс.
Протоколот е јасен, се освен службен е резултат во овој случај е преседан и остава простор истото да се повтори во иднина. Јасно им било на сите клубови дека во текот на сезоната ќе се појават позитивни случаи но тоа нема да биде причина да се одложуваат утакмици освен ако не му се деси катаклизма на некој тим, па сите да бидат покосени.
Затоа се пишани правилата, за да се почитуваат а не секој да си ги толкува како сака, јер више Милан и уште таму 2-3 клуба веќе го пројдоа овој проблем односно одиграа натпревари со играчи што им се позитивни односно изолирани.