И јас чисто сумњам дека Оле е заинтересиран за било кој од наведените играчи што се споменаа денес (Дембеле, Јовиќ, Кавани).
Од друга страна доаѓаат информации дека има некој прогрес во преговорите со Дортмунд, наводно прифатиле и исплата на неколку рати, што по мене е ок и може да се изведи.
Дортмунд уште од старт има прифатено исплата на рати. Секој трансфер се плаќа на рати. Проблемот е што Јунајтед нуди многу помалку од тоа што Дортмунд бара. Јунајтед нуди колку што видов 90 милиони, од кои дел се во бонуси. Дортмунд бара 120 милиони, нормално не сите исплатени одма, а не сакаат бонуси кои може и да се остварат, а и не мора. Сакаат тие 120 милиони да им се загарантирани. Ќе се парават панични трснсфери последните денови од трансфер периодов, па ќе се купат некои просечни играчи кои ќе добијат астрономски плати, па ќе се чудат после што да прават со нив. Али јеби га, кога нема на чело на клубот некој кој ќе си ја знае работата, некој асален ДОФ, ќе ни се дешава на Џонс, Переира, Лингард, Мата да им се даваат нови договори, иако не се ни за у Карабао куп, резерви да бидат, па ќе се чудат зошто не можат дс ги продадат.