Абе какви клизачи, ме порази Стефан со коментарот за бледа игра
Прво коло од сезона почната 25 дена откако заврши претходната, во ненормални услови, Јувентус со нов тренер првпат што седи на клупа, со некомплетиран состав на кој ќе се додадат минимум два нови фудбалери, со повредени тројца стандардни првотимци (Дибала, Сандро, Де Лихт) и со победа од 3 - 0 каде што само во прво полувреме можеше да биде тоа водство, он земал ми објаснува бледа игра.
Интер вака да изигра нема да знае на каде да фати, битно не му изгледал добро Јувентус
За рацете не знам што да кажам веќе, ни од федерација изгледа немаат расчистено со ова до крај. За мене е пенал, бидејќи покрај тоа што растојанието е многу блиско (нема ни пола метар и буквално му шутира во рака) сепак Бонучи има зголемен обем на телото за блокирање.
Ќе видиме генерално како ќе ги носат одлуките сезонава, нема да ме изненади пак да имаат промени.