Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Хахахаха поднесуваш за србски документи, гласаш за ГДУ :icon_mrgr:

Тоа ти се нарекува широкоградност и отвореност кон различностите.

Не, шала на страна, уште пред да се распишат изборите кои требаше таму во Април најпрвин да се одржат па беа одложени, уште тогаш си кажав самиот себеси: ќе гласам за партија за која не верувам дека ќе стигне да успее да освои пратенички мандати, можев да гласам и за онаа една Работничка партија, но ајде си реков да ќе дадам глас за оние од ГДУ.

Има еден лик во мојата околина и во моето гласачко место тој дебелиот со жена му на секои избори гласаат за Албанска партија, некогаш гласаат за ДУИ а некогаш за ДПА, уште се фали ликот пред луѓе како гласал со жена му, но ликот е огорчен од овие двете Македонски водечки партии, кога малку ќе заврне кај неговата уличка е блато и кал невидено, ликот кога некој ќе руши стари градби и ќе има шут од цигли и ќерамиди, ликот го зема тој отпад од цигли и ќерамиди во неговата тракторска приколка и го носи во неговата уличка да подзакрпи колку може тие дупки, но реално дупките треба оние кои имаат власт и моќ да ги крпат со посипување со ризла, гребен асфалт, дробен ситен камен кога веќе не се асфалтираат уличките.

Левица/ Десница не ми прави мерак, само си чекаат погоден момент да покажат вистинско лице да бидат со ДПМНЕ.
Автоматски споено мислење:

Ама ете, ГДУ и Колев биле пробугарски ориентирани. А бугарските врховисти имаат неколкумина од моите претходници убиено. Ако сега ги гласам, нема ли еден ден и мене да ме убијат?

Можат ли да ми помогнат за добивање бугарски пасош?

21 век е човеку.
Какви убивања?

Можам да ти дадам број од човекот имам негов број и јави му се и прашај го дали може да ти помогне за БГ пасош.
Автоматски споено мислење:

Уриме Зибери. Уште тоа остана, и тоа го шитна.
Следни претседателски нека не те чуди со заеднички кандидат албанец да излезат, да се докомплетира мозаикот за бинационалност.
Автоматски споено мислење:


Последните 100 дена премиер ќе биде албанец, и тоа не технички. Пржинска влада ќе укинеле, а премиер ќе си бил албанец.

Грешка им е укинување на Пржинската влада ако тоа го направат.

Пржинската влада беше модел донесен за да има колку талку помалку нерегуларности при изборните процеси.

Сега кога се на власт и кога се опиени од власта од СДСМ не сакаат Пржинска влада за изборните процеси, но кога еден ден заминат во опозиција тогаш ќе го снемат ставот, но тогаш ќе биде доцна.
Автоматски споено мислење:

Toa кажи им го на Албанцине од Арачиново, што немаат уште канализација.

На нив ЗЗ им ветува пилот проекти. :pos:

Си имаат тие на кого да веруваат и да даваат гласови.
Тие во Арачиново и онака не се подобни за Колев и ГДУ и нивната кауза.
Автоматски споено мислење:

Од 16 министерства
6 ДУИ+1 БЕСА
Речиси 50-50 распределба
А сигурно ќе дадат нешто и Едмонд Адеми/Мухи да води и едно на Самка оти не влезе ко пратеник :pos:

Дамјан шо ќе работи бе?

Сеа да видиме колку директори и раководители љоптури ќе бидат

Манчевски требаше да ја оправи адмнистрацијата и да воведе ред во државна и јавна администрација, и да прави рез во администрацијата.
Сега ако нема да има можност да прави рез во јавна администрација, Манчевски нека прави рез во јавна куќа.

Може ќе му доделат функција да е координатор за набавка на кондоми и лубриканти. :pos:
Автоматски споено мислење:

Министерство за Финансии - фино фино... Во првите 100дена промена на двојазични банкноти.

Ко можеше Агим Нухиу од улога ВД Министер во МВР да пушти акт за менување на амблемот во двојазичен, овај за Финансии има Наим Фрашери да го залепи на 500кана

Плус следува и да има врзан потпис за секоја одлука и закон.

Да мора да има потпис и одобрение и од министерите на ДУИ - во иднина од Албанец министер небитно од која е партија.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
@Sledge Hammer

Прво која е логиката да гласаш за партија која нема да освои пратеник?
Како ќе промениш нешто со тоа?

А второ како Левица не ти одговара демек ќе сврти кон ВМРО, а човеков и партијата му е создадена од сдс или од некоја амбасада, политичка партија од соседна Бугарија?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.192
Поени од реакции
16.331
Земја во која што пензионерите ги вадат полначите со штрафцигер од новите автобуси, нема подобар претставник, то е дечки :)
земја на тотални дезинформации, едно пишува во наслов, друго во статијата, а реалноста може и трето..
во самиот напис пишува дека се фатени 4 граѓани од кој еден е пензионер, важно насловот друго кажува...
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Али работи по програма 20 години.
Јавно ги имаат кажано позициите на кои постепено ќе инсталираат албанци.
Од тие што ги немаат сеуште добиено останаа претседател, премиер, началник на генералштаб, гувернер, мвр, мнр, министер за финансии.
Ова со градоначалнициве е мачкина кашлица, иако одамна се шушка дека Мухамед Зекири ќе биде следен кандидат за градоначалник на Скопје од сдс.
Дел по дел трета држава.
Македончето ќе остане да се радува на работно место у фонд за иновации со 400 евра плата.

A4FBC220-1732-437F-BC5A-2AE2BD8D532B.jpeg
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Интересно е што Заев рече оти пратениците на ДУИ не вределе пет пари.
Како му личи сега, после преговорите, после поделбата на министери, колку вредат тие 15 на ДУИ, а колку неговите 40-тина?
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.675
Ете бе, др. Бујар у МНР.
Шубоо.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
После прекршување на условно речено мајскиот договор пред скоро 4 год да не искористиш ситуација и да дозволиш како народ ова што се случува да се случува е трагедија. Ама тоа е.... нели исти се сите и нема разлика....помало/поголемо зло начин на размишљање, а и опозицијата е крива.
Иду бољи дани у секој случај...за два три месеци ќе биде топ
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Премиер без свој министер за финансии е развластен премиер. Целата економија отиде кај Дуи, плус сега и битното министерство за администрација.
Дефинитивно ќе биде забавно ова да се гледа.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Премиер без свој министер за финансии е развластен премиер. Целата економија отиде кај Дуи, плус сега и битното министерство за администрација.
Дефинитивно ќе биде забавно ова да се гледа.
Да беше макар малку играч ЗЗ, МИОА требаше прво да биде на списокот на укинати министерства.
Автоматски споено мислење:

Џабир пуштен на најјако...
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Пошто Ахмети бара премиер за да има поголем простор за ценкање. Принципот барај многу поише за да добиеш тоа што го сакаш всушност.

А ценкањето ќе биде поише Албанци у државните сектори, на позначајни позиции... така се гради апаратурата, не да тутнеш премиер на чело. Тоа ќе го бара и тоа ќе го добие. Уште поише цигли.
:kafence:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
49.289
Премиер без свој министер за финансии е развластен премиер. Целата економија отиде кај Дуи, плус сега и битното министерство за администрација.
Дефинитивно ќе биде забавно ова да се гледа.
Плус Земјоделие кај БЕСА, контрола врз субвенциите и државното земјиште. Не знам колку се свесни дека членството што ги гласа ради привилегии полека ќе почне да ги губи истите на сметка на партнерите.

Буквално им ги ставија јајцата во менгеме и кога сакаат ќе можат да играат курташак со нив сега. Не очекувам да иде тоа агресивно и да предизвикаат револт кај СДС, туку елегантно, кроце , растегнатно низ цел мандат, малце по малце да им ја превземат цела моќ од институциите и бизнисите.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.500
Премиер без свој министер за финансии е развластен премиер. Целата економија отиде кај Дуи, плус сега и битното министерство за администрација.
Дефинитивно ќе биде забавно ова да се гледа.
Јас не верувам дека ова ќе функционира на каков било начин. Удбашите може ги задржале МВР-Правда, али само со транспорт нема шанса да бидат задоволени клептоманските потреби на СДС.

Ако ДУИ ги држи Финансии-Економија-Администрација и БЕСА го држи Земјоделство, СДС нема скапан денар да видат и вработување. Да не ни збориме што сега за секој следни избори ДУИ и БЕСА му ја држат судбината во рака. БЕСА може да не исплати субвенции и да го руинира во руралните средини, ДУИ може да не му даде пари за поткуп ( они за себе нормално ќе си земат али зошто па и на Заев да му дадат) и на избори ќе мора да искочи со свои пари.

И не само тоа туку за два месеца ако му побараат уште две министерства ќе мора да ги даде, зошто будалата буквално ја продаде кучата за да биде премиер одреден период.

Исто така мислам дека Албанците и исламистичките радикали кои отидоа во СДС за да направат нивно крило таму и цело време се бореа против ДУИ ќе биде интересно како ќе го прифатат ова. ДУИ преку финансии нема да дозоволи они денар да видат во иднина а и ДУИ секако ќе проба да им се одмазди за последните 4 години. На пример Зекири им е пратеник, а он последниве 4 години само против ДУИ збори. Ако реши да отиде со АА само за ДУИ да паднат, толку од влада.

Јас на оваа Франкенштај креација и давам 6 месеци до една година највеќе ако не купат пратеници од ДПНЕ,АА, Левица. Со 62 пратеника не ни може да има стабилна влада. Али со 62 пратеника каде што групата што ја претставуваат 42ца е оставена скоро без ич пари за крадење и без позиции + има еден тон фракции, по мене искрено може и да не ни се оформи влада.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom