Проценка е, погрешна, од тоа не бегам, само што разликата од тогаш до сега и сам знаеш каква е, трендот на губење на гласови е прилично огромен проблем за нив во моментов, тогаш имаа и гласачко тело позади нив, и добиена власт, и цел запад позади нив плус ефектот од бомбите кој сеуште беше свеж. Одма на следни локални избори партал направија а дпмне изгубија премногу, и тоа правиме муабет за дпмне со Грујо. Во моментов нештата се поинакви за нив, трендот на губење на гласови е многу голем, и доаѓа после работите што ги набројав, уште една таква круцијална одлука глупо е тебе да ти објаснувам дека ќе им значи сигурен пораз.
Мене во моментов ми нема логика они свесно да одат на тоа да ги изгубат следните избори, нити пак ми има логика тоа да е ок и за американците, значи рачунај, имаш тренд на губење од 100 000 гласови на овие избори, со Зибери ко премиер му даваш дополнителен ветер во грб на таквиот тренд, што значи дека за период од помалце од 2 години, кога би имало пак предвремени парламентарни избори овој пат, сдс прво треба да го стабилизира тој вртоглав пад на бројката на нивни гласачи, да им тапка у место извесен период па да го избустаат максимално со преку 150 000 гласови. Тоа е невозможно, не и со левица у парламент, не и под претпоставка дека вмро ќе се реформира некако па ќе издејствуваат зголемување на гласачкото тело.
И ова последново е многу битно, а аналогно на тој муабет дека ќе ги казнел народ, па што повеќе од ова сакаа ДПМНЕ за да дојдат до власт ?! Народ индиректно ги казни, изгубија над 100 000 гласови, левица ова го искористи, дпмне не, всушност ко ја што сум бил убеден дека ќе бидат казнети, беа и 95% од членовиве на темава пред избориве, али конкретно ја лично тој период никад не претпоставив дека дпмне ќе падне на ова дереџе ко сеа што се.
Али пак ќе ти кажам, од тогаш до сега има голема разлика у поглед на тоа како се движат бројките на изгубени гласови, со тоа што на оваа не толку голема разлика за сдс, они дополнително со Зибери би изгубиле огромна бројка на гласови а верувам дека дпмне колку толку ќе застанат на нозе и тој тренд ќе го свртат у своја полза.
Ако по некоја случајност се согласат за Зибери, со среќа нека им е, последен пат кога допреа дно у политика им требаше цела една декада да се вратат у некоја нормала, такво нешто и сега би ги очекувало, и само врз база ова сметам дека нема да дадат зелено светло за тоа.