И јас истиот проблем го имам, и сеуште не знам како да решам. Прогуглав и сите можни решенија не палат кај мене, а патем работат со српска/бугарска, дури и англиска подршка, но не и со македонска. Значи македонскиот фонт што го имам во fonts, со кирилична подршка го покажува како коцки, а српскиот и сите други во ред ги покажува кирилично. Еве слика како ми е прилагодено, кај ова script имаше и кирилично, сега не знам зошто го нема ко опција, но и со тоа селектирано не сакаше.
Прегледај го приврзокот 205010
П.с. Прилагодив и во контрол панел во Регион со change system locale ставив Македонија, бидејќи US ми беше, ама не е ни до тоа. Баш чудно зошто српската кирилица може без проблем, а македонскава се коцки вака. Некој друго чаре?