Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување

Ова ќе е ремек дело. Со нетрпение го чекам.
Го најдов онлајн на некоја српска страна. Партали е филмов. 8 поглавја од животот на едно детенце, сите бизарни до крајности, без автонцензура. Тежок, мачен филм, го носи шмекот на Бела Тар/Тарковски, The White Ribbon и Come and see на Климов. Дефинитивно филм кој останува после гледање со вас. Внимателно сработен, без некои опасни дијалози, визуелно одличен и приказната се развива таман. И актерската екипа гази. Како за чешки филм, режисеров успеал да собери супер ликови.

Го препорачувам.
9/10 од мене.
 
Случајно вчера го фатив на Телма, одличен филм во македонска продукција. Многу жален и тежок за гледање ама реален, со убава глума и режија. Реквием за госпоѓа Ј [emoji106]

 
Случајно вчера го фатив на Телма, одличен филм во македонска продукција. Многу жален и тежок за гледање ама реален, со убава глума и режија. Реквием за госпоѓа Ј [emoji106]


Успеав да изгледам 20 минути од филмот и толку, ептен тежок и мрачен, у првиот кадар уште непроговорени ликовите те фаќа депресија од станот во кој живее главниот лик.
 

...ги собрале пак од The Goonies, онлајн, цела екипа....сите глумци, и режисерот, и продуцентот Спилберг, и сценаристот К. Колумбус, дури и С. Лопер која ја изведуваше песната од филмот :)
 
Последно уредено:
Епа само тоа треба, и ќе ти земе едно евро мислам.
Пред да истече пробниот месец, откажи го и ете ти 30 дена гага гледање.

Педериве почнаа да одат на неделно прикажување по 2еп
 
Зашто Нетфликс беа препознатливи по тоа дека на денот на излагање на серијата ги пуштаа сите епизоди, а не по една епизода неделно.
Сега најверојатно го смениле пристапот и вадат по две епизоди неделно, само не знам дали ова ќе биде пракса за сите идни серии или само за документаркава.

не е само за документарката, има и други серии што идат неделно
 
Да, истото сакав да го кажам: на Нетфликс отсекогаш имало серии што излегувале еднаш неделно, не е оваа прва. Не верувам дека смениле нешто па од сега сите да излегуваат неделно. Ама ќе видиме.
 
Да, истото сакав да го кажам: на Нетфликс отсекогаш имало серии што излегувале еднаш неделно, не е оваа прва. Не верувам дека смениле нешто па од сега сите да излегуваат неделно. Ама ќе видиме.

кој се тие серии што иделе еднаш неделно напиши ги
 
Кои* се

Морав, sorry, секогаш многу ми боде очи ова.
кој се тие серии што иделе еднаш неделно напиши ги
Почнаа уште во 2019, на почетокот, со шоуа од нивна продукција како: The Great British Baking Show и Rhythm + Flow, ама и претходно правеа така со серии што не се нивна продукција, а имаат права за стрим: Breaking Bad, The Good Place, Better Call Saul, Suits, Designated Survivor, The Blacklist... Еве, во моментов ја следам и Outlander, и таа излегува неделно. Па и кога ќе отвориш на Netflix, на самите постери на некои од сериите ти пишува: New episodes weekly.
 
Back
На врв Bottom